Pravilo broj eden I Istoto pravilo do beskonacnost Ne se dava otkas bez da najdes rabota na drugo mesto. Ti se svigalo ili ne, ne se komentira na "dobri priateli" zosto sopsvenicite na biznisite si se znaat megu sebe pa kaj da e ke si go cues moabetot ili vo najmala raka tesko ke najdes druga rabota. "zadnica drzi uvek uza zid" , smesno ama vistinito. Toa pravilo broj eden vazi bilo kade da ste niz svetov Pozdrav Ti pozeluvam da najdes pobrzo rabota I ic da ne se izvinuvas ako zvucis depresivno. Sekoj bi zvucel depresivno ako podolgo se obiduva da vleze vo workforce, a rezultati nema.
Прегратки, и јас како тебе деновиве, само малку попозитивно. Инаку, или ти е расипан внатрешно, или можи да е некој од околните заби. Јас еднаш и отеков, убедена дека е забот до тој кој ме болеше, шо дур му нагласвав на матичната дека и тој заб ме боли и ја збунав па ме пушти снимка да напрам само за нели, да помини болката. Јас бев вчера, вчера ме наболваше, денес ми е топ. Си бев, си поплачив, си поминав од редо. Се најдобро, само нека помини!
Најмногу се плашам времето да не ме помине...Имам толку многу работи незавршени,a уште повеќе што треба да ги започнам.... а времето....времето поминува и со секој нов ден имам чувство како да се натпреварувам со него. Се надевам дека во таа замислена борба јас ќе бидам победник!
Не знам точно кај да го пишам постов, тука мислам ќе е најпрегледно. Собрав алишта еден куп дома, алиштата се за возраст 7-10 години отприлика, доколку на некого се потребни или знаете за таков известете ме
Пораснав и никогаш не сфатив што е она што ги тера луѓето никогаш да не го ценат она што си го направил за нив, секоја направена жртва, поголема наклонетост кон едното дете отколку исто кон двајцата. Зошто е народот себичен и гледаат да го уништат животот на тие околу него?
Има карактер... Ти одѕвонува со тон на гласот како пред доделување на медал. Си викаш, мора да е голем и карактерен човек, со изградени вредности и суштина, не може да е површен. И ако го изолираш контекстот убеден си дека се работи за човек кој извојувал тешка битка. Ама доаѓаш при себе и ти текнува дека има карактер почесто се употребува кога некој ќе успее да ослабе илити да стави фластер на уста, отколку да не биде гмизавец туку да биде човек со интегритет кој ќе достои до своите ставови, кој ќе направи добро дело, кој ќе се спротистави на булито на работа од кое сите се плашат. И ти текнува дека некој таму седи без струја и нема можност да се згрее, ти текнува дека некој гладува со денови зошто нема избор, дека некој учи под ќебе и утре станува многу повеќе од бедните услови, ти текнуваат на лични победи кога си бил на дното од мизеријата и си одел по работ да станеш анксиозен и депресивен гледајќи си ги резултатите од испитувања, ти текнува на таткото кој можеби за последен пат си ги бакнува децата и сопругата и оди во реална неизвесност, на такви кои грешат и искрено од душа се извинуваат, на такви кои се препуштаат безусловно да сакаат, на такви кои трпат физичка болка за да направат поголемо добро, на силата на мајката кога детето е болно, на лична беда која не ни можете да замислите до каде може да отиде... А ова бедно човештво решава да го употреби изразот има карактер за луѓе кои умеат свесно да гладуваат. Па пичка ли му матер....
Понекогаш посакував да немам толку ранливо срце и осетлива душа. Понекогаш посакував да си ставев еден тенеќиен оклоп и успешно да издвојував победа во битката со ветерниците во мене и оние околу. Сега комплетно посакувам само мир и тишина и спокој во себе и наоколу.
Кога ќе ги видам луѓето со маски на лицето против загадувањето се чувствувам како да сум во некој хорор филм. БОНУС Веќе кога го спомнав загадувањето сакам да посветам малку внимание на истражувањето во поглед на загадувањето кое е направено од Град Скопје. Со истражувањето се констатирало дека домаќинствата биле клучниот фактор односно најголемиот предизвикувач на загадувањето. Сериозни сте со оваа констатација? Не знам што прават градските власти преку ноќ. Дали се свесни дека некои фабрики преку ноќта ги исклучуваат колекторите бидејќи тие трошат многу електрична енергија и со цел да заштедат ги исклучуваат бидејќи црниот чад преку ноќ никој нема да го примети. Оваа констатација на Град Скопје е еднаква на тврдење на НАТО дека после бомбардирање со осиромашен ураниум од нивна страна , народот се разболува од тешки болести поради тоа што има слаб имунитет односно дека осиромашениот ураниум не е причина поради тоа.
Искрените луѓе, кои знаат каде треба да премолчат, ги бирам за моја половина.Искрените луѓе, кои работите ги кажуваат низ нетенденциозен хумор и со нужното внимание,при кажувањето искрени зборови да не повредат,се луѓето во изумирање,тоа се чувствителни луѓе.Искреноста значи чувствување како кажаното ќе се рефлектира на другиот,само тогаш е полезна.Во сите други случаи е инсуфициенцијана разум.
Она кога случајно низ разговор повозрасна жена кажува дека порано кога некоја ќе останела бремена, ако го неќела бебето легнувала со стомакот на под, а некој и застанувал на грб да ја гмечи и гази, за фетусот да исчезне. Ама сигурно не им успевало толку, пошто скоро секое семејство имало по 15 деца И после ќе слушнеш од некои постари луѓе дека порано биле домаќинки и светици, а сега младите се будали.
Нешто што многу ме интересира е како некоја конзервативна личност која има син, без разлика дали станува збор за мајка или татко, би реагирала ако пред неа на синот му кажеш дека кога ќе се ожени треба да пере, чисти, да готви, да биде домаќин или во спротивно жена му нема да го сака. На ќерките стално им се кажува ова, кое на сите им е нормално. Ќерко, има да знаеш да готвиш, инаку мажот ќе те избрка од дома. Мислам, јас секако сакам да научам да готвам и сѐ останато, ама ако мажот си го прчи само, има јас него да го избркам. Едит Сдл 2 Кога некој ти збори за родова еднаквост и колку е жената дислриминирана, ама истата таа личност смета дека треба да се омажиш за првиот што ќе те скине, зошто хименот покажувал колку вредиш...