Врие постови со: Имав незаштитен однос, дали има шанси да сум бремена? Користете кондоми мајко му стара!! И не само за заштита од бременост, туку и од сексуално преносливи болести! Очајно ни фали Сексуално образование во школите! О-чај-но!
На школо? Или само надвор од него? Надвор не.. Ќе има после: Леле детето ми оди на ова.. кај ќе го пуштам.. Срамота е! На школо да има, во редовна настава, и да немаат избор дали ќе посетуваат часови или не. Сите да научат.
Доста, ќути аман!! Знајш колку се нервирам за то! Ама ќе ми рипнат одма 'просветлените'.. кој ќе ги слуша
Верувај дека некои повозрасни особи информирањето околу секс, контрацепција и СПБ го сметаат за негативно. На пример некоја помлада девојка од 18-20 години ако убаво знае за различните видови контрацепција, како функционираат или е доста информирана за болестите и пред некого зборува за тоа, може некој да ја гледа попреку во смисла- Бре бре, види ја, млада а сѐ знае. Море ова младиве само за секс знаат денес, кујзнае колку е искусна оваа, со колку легнала. И тоа сум сретнала вакви личности, за кои е општо срамота да збориш на тие теми.
знам душо мила Зошто се нервирам иначе цело време? Тука повеќето мислат дека сакам да ги натерам да имаат секс со секого, а она што се обидувам да ги натерам е: Да зборуваат отворено за секс, да научат се' што треба да се знае, да не осудуваат, и да се заштитуваат... Ама неее.. Вајлд сака за секс да збора, оти само на секс мисли Е ако де.. нека е.. нека се трескаат од земја после кога ќе закачат некоја болест, или кога ќе забременат... Па после абортуси! Грешка може да се случи и кондом да користиш, ама не секс без кондом, па после абортусот да ти е контрацепција?? Та и тоа Норлевото! Ко бомбони ги лапаат. Не чини за нив.. не за 'што ќе речат луѓето'! Да не прам муабет за то кога ќе ми речат: Ама го/ја знам.. нема шанси да има некоја болест! Не бе... на чело му пиши на луѓето дали се носители на некоја болештина
Па ако не,нека умрат што има да носат маски.А уствари некаде е загадено што ги носат маските или? #РакЧезАсиТебеЗмаСкаНадвор
Она кога некој на пост за еманципација на жените ќе искоментира "оди во кујна/go make me a sandwich", во факинг 2018...
Абе! Еве вака.. напрајте ме 'немајка', 'ненормална', шо сакате речете! Ама кога ќерка ми ќе стане сексуално активна... Јас ќе и' купувам кондоми ако треба!
Морав да напуштам, немав слободни денови за да одам на интервју, ниту да заверувам документи и слични обврски затоа што цел ден работев. Инаку немаше да си одам. Се надевав дека ќе се вработам ваму, но се зезнав. Ти благодарам.
Дефинитивно заклучувам дека не е мојата самодоверба во прашање, ама сепак имам некаква аура за да ме гледаат со поттурнување и тоа не било кој туку најблиски роднини. Почнува најболни теми, теми за татко ми ( а разведени се со мајками, а креаторот на темата е нејзиниот татко), на некој начин со подбуцнување. Како демек да ми бил утеха, се навраќа на минатото и се расправа со мене. Се прашувам дали треба како што вели тој младите да чутат и да трпат било какво малтретирање од постар или???
Вчера и денес во Берово имаше Форест фест. Со очајно мал број на луѓе.. Криво ми е што такви настани воопшто не се промовираат. Имаше и оффроуд тура, вчера се промовираа шумските специјалитети итн итн итн... Вака од страна гледано, веројатно и фестивалот на компирот изумре.. за ништо не не бива Во контекст на муабетов еве видео од учесниците. Уште кога ги видов на стартот, смеа ме фати Не знам кај ги најдоа учесниците ама во тие куп џипови ептен ми е криво што комшијата со тико не го викнале Човекот го качува и симнува тикото по дупло полош пат и со големи дупки па и по кал. Некој ден медал ќе му дадам
Za drukpat , koga treba na intervju na drugo mesto da odis se vika Moram na Doktor imam zakazano. Taka cel svet taka I ti I Jas isto
Ќе биде мал бројот на луѓе кога никој не знае дека ова постои. Како прават вакви фестови без никакви реклами ич не ми јасно. И после сакаат да им цвета бизнисот. Значи кај нас во Македонијава маркетинг е непозната именка. Стварно ли сме толку заостанати во времето Не знаат да искористат шанса за да заработат. А ова батево шо на четврта минута ламелата ќе ја прегореше, море џипот ќе го запалеше кој го пушти тука?