Начукале по 18/19 години, а не знаат основни работи за секс и заштита..Кожа ми се ежи од врснички кои мислат дека ќе затруднат преку гаќи или рака. Боже ме сачувај. Во последно Дали сум бремена темата ми користи за да се насмеам квалитетно. Наместо да одиме напред, ние се уназадуваме од простотија и неинформираност.
Сакам да кажам дека ме боли, многу ме боли душата..и зошто се прашувам, зошто бев добра, за мир во куќа, ај да нема расправии...и ете, некој си искористи што сум глупа, добра, наивна и сега јас глава да си лупам од зид...колку боли кога ќе зависиш од тој што те изиграл..а те осудуваат после и твоите дома..долеваат сол на рана... јебем ти живот глупав...
Вечен свети Ѓорѓија нека ни помага на сите, нека ни дава на сите љубов среќа бериќет и на секому по желба што сакаа, ви посакувам на сите многуу среќа и здравје од срце !
Што да кажам? Побудалев еве ... од книгата и некое си учење шо не е ни учење. Се мачам едвај. А фемина како да ме опоравува па - како да не. Ќе почнам глупости да пишам. Откачив. Ете. Откачив. Не сум со сите
Сакам да кажам дека ми недостасува Македонија,ми недостасува родниот крај... ми недостасува викенд, мирисот на домашното јадење, ми недостасуваат моите и пријателите и дека ми се смачи оваа глупава туѓина... Сакам дома да си го родам синчето мое...
taly/Population 60.59 million (2017) federal tax in Italy Tax rates are progressive and range from 23% to 43%. Additional taxes are due at the regional (0.9% to 1.4%) and local (0.1% to 0.8%) levels. Mora mnogu da se krade od federalniot budget . So vakva federalna taxa treba mnogu nesto da ima vklucuvajki I Toaletna Hartija vo javno vece. Da ne zboram za cisto WC I bezpari.
Знам дека посакував да сум поотпорна, да не избегнувам конфликти, да ги игнорирам сите што ме нервираат ама дека волку сурова ќе станам не знам не верував. Може малку претерувам ама не дозволувам никој да ми стапне на живец. Тешко него. Не знам дали да се охрабрам или да плачам што веќе не сум мила и наивна.
Колку ме нервираат неодговорни професори од типот у ноември им праќаш да видат нешто на меил, а тие ни после нова година нема да ти вратат.
Доказ дека македонче толку е несреќно па со се си игра мајтап е понудана од стопанска ад. битола за пораѓај во систина на рати без камата. Вака или така, кеш или на рати, пораѓајот на приватно е скап. Ама со тој што се одлучил на рати да плати, ајде мајтап ќе си играме. И за аранжманот за шопинг во Лесковац. Да бе во факинг Лесковац. Многу смешно. Лесковац е инаку поголем град од 3/4 од градовите во Македонија.
Човековото око е ненаситно. Дај прст ќе ти земат цела рака. Затоа не им давајте милиони шанси на оние кои не заслужуваат.
Сите знаеме барем една од оној тип личности на кои секогаш кога човек ќе им се пожали за некој проблем, тоа како да го сметаат за еден вид натпревар. Имено, веднаш мора да се надоврзат со нешто свое кое според нив е слична, иста, или дури и поголема причина и тие да се жалат - што често испаѓа неумесно, а споредбата е еднаква на непочитување на тој што им се доверил и неговиот проблем (иако намерата не мора да е лоша). А можат само да почувствуваат и изразат емпатија и искрена поддршка, што е сосема доволно и коректно - и за истите не е неопходно да го разбираш некого преку слично искуство на своја кожа. Можеби одговорот лежи во тоа што во општеството владее тивка и непишана слика дека мора секогаш да имаш експонирани проблеми и да бидеш презафатен со работа и стрес, за да вредиш и да бидеш сфатен/а сериозно како личност. Немојте. Светот на возрасните е доста суров и комплициран, но не треба да е натпревар кому му е потешко...
Момент кога едно мало детенце ќе ти го разубави денот со неговите симпатични постапки. Се враќав од трета смена од работа и само што се качив во автобусот, почувствував дека некој ме влече за јакната. Се свртев и видов мало детенце кое само срамежливо ме погледна и рече на жената која беше до него: Мамо кажи му на баткото да седне за да не падне. Јас седнав до него , но бидејќи морав да се симнам на наредната станица само извадив чоколатце кое ми остана од јадењето од работа и ја прашав мајка му дали може да му го дадам. Му го дадов чоколатцето и во тој момент видов сјај во неговите очи . Најслатко од се беше што ми се заблагодари, а јас му реков: Ти благодарам јас на тебе бидејќи ми го разубави денот. Заклучок: Некогаш малку недостасува да направиш некој да се чувствува среќен.
Нема помизерен и подеструктивен менталитет од „Ќути, има и полошо.“, „Биди благодарен/а со тоа што го имаш и престани да кукаш дека не ти е погодено, некои ни тоа го немаат.“. Борбата за она што би те правело среќен/а е најважна, и животите на другите не треба да дефинираат што ние да правиме/не правиме со нашиот.
Сакам да кажам дека јас сум од оние луѓе кои би рекле: I hope Ragnar has a horrible time watching from Valhalla, but we all know he's in Hel.
Ако можеш со себе да излезеш на крај, тогаш можеш со сите... Гифов ме асоцираше на она, кога ќе улеташ во некоја дискусија и ке те шутнаш..хахаххахааххаааа