Веќе подолг период,некој личности воопшто не ги читам,а видам дека некаде пишале ја гасам темата одма,незнам зашто ама ете одбивни ми се.Има денови и кога некој теми воопшто не сакам да ги читам.
Точно дека можеш да научиш. Не го негирав тоа. Работата е што завидуват на младоста и енергијата. Гледаат дека им истекува мандатот и развиваат револт и гнев. И што друго би правеле за да се ослободат од револтот и да и' пркосат на природата на стареење, ако не ги земат младите како издувен вентил? Ние, младите, барем во мојот колектив, гледам дека имаме разбирање за нивните испади, поќутуваме, ја работиме и нивната работа. Остануваме некогаш и повеќе за да ја завршиме нивната работа, а тие си одат порано незавршувајќи ја својата со изговор дека стари биле, се изнаработиле, на нас младите бил редот. Па жено драга, ако си стара и не можеш, еве имаш над 62 години, слободно можеш да се пензионираш. Зошто го продолжуваш работниот однос до 67? Кога веќе си решила да работиш до 67, не кукај....Ама пензијата е помала од платата. Точно дека е. Зошто ти смета кога секој ден се фалиш и се претставуваш колку многу си богата и живееш во луксуз. Имаш куќа незнам каква, кола незнам колку скапа, на внуците им купуваш исклучиво само планика чизми и водоотпорни вентијаги, тие не користат распартелени учебници кои ги платила државата и кои треба да траат за век и векова, ти им купуваш секоја година гланц нови. Одиш секој втор викенд на зимување во банско. Толку многу пари и сега и дошло тешко оти пензијата била помала од платата. Тух бре. Да не треба да плачам од жал за нејзината судбина од толку трагични судбини по светот? Нека оди таму, нека врви време со внуците, по тоа ќе ја памтат, а не по поклоните што им ги купува од поголемата плата. Бонус и е тоа што огорчена нема да биде, децата се радост, ќе ја усреќат многу повеќе отколку ние младите колеги на работа. И да, не се сите постари такви, ама ги има многу што се. Како некоја болест да ги запоседнала.
Се однесуваат како да ќе живеат вечно,па се им се врти околу парите,како да ги чека уште еден живот за живеење после овој.Сите сме гости на овој свет со рок на траење кој никој не го знае.
@ЕденЧлен понекогаш сме одбивни и самите на себе. Реално секој има такви периоди. А во поглед на коментарите, секој има различна перцепција односно различно гледа на работите. Во поглед на коментарите на другите наше право е да одлучиме дали ќе ги прочитаме или не. Некогаш е добро да ги прочиташ поголем дел од нив и не мора да се сложиш со нив, бидејќи ако не ништо друго ќе те натераат да размислиш и да создадеш свое мислење во поглед на тоа. Имај пријатен и убав ден и не се нервирај за глупости.
А ти што поинакво правиш со тоа што постојано пишуваш за тоа колку фејк пријатели ти се правеле колегите? Сто пати имам начекано на разни теми каде што пишуваш за тоа колку некоректни колеги имаш. Јас еднаш пишав и значење големо сум дала. И да сум дала па што? Види си ја прво гредата во твоето око, па барај трн во моето.
99% сум сигурна дека работиш во државна администрација, така да, опуштено. За неколку години и ти ќе станеш како нив. И за тебе помладите ќе зборуваат вака. Не туку се напнувајте за тоа дека колегите ве гледале накосо или не знам како. Не ја откривте Америка. Работите работа за која сте аплицирале (на овој или оној начин) да ви ја дадат, нормално е да знаете да ја работите. Тоа што некој ве пофалил е од љубезност, често пати лицемерие и ако смета дека понатака ќе има полза од вас па одржува пријателски однос. Ништо друго.
Грешка си. Не сум во државна администрација. Нормално, и јас пимислив дека можеби пофалбата е лицрмерие, но потоа се случи нешто што ми докажа дека жената не ме пофалила на празно. Можеби си до некаде во право дека луѓето со тек на време се вообразуваат и попримиваат од околината. Ама не верувам дека тоа за сите важи. Еве општо во животот, уште кога не ја работев оваа работа, ми се случувале често некои периоди, дешавки, ситуации да бидам опкружена со злобни, себични, намќори, сплеткати па не успеале да ми ја расипат душата и да ме претопат во нив, за нареден ден кога ќе станам и се видам во огледало наместо себе да ги видам нив. Во право си дека има доста такви случаеви, ама сепак мислам дека е пресуден карактерот. Не може секој да се преобрази така, по шема. Исто како што не се сите постари колеги лоши. Дали јас ќе станам како нив или не, тоа не знаеме ни ти ни јас. Можеме само да претпоставуваме и на крај ни едно да не биде. Ако зборуваме за нешто, тоа треба да е сегашнста. А не: не роден Петко, капа му скрои.
Моето е поинакво. Дешавка. Ти опишуваш што правела она и се што кажала цел живот го раскажа. Туѓ живот, како живеела, каква била, што купувала...дрн дрн дрн. Па уште на мене ја истураш нервозата што дури не гледаш дека твоето со моето нема врска. И така, се додека давате значение на туѓи животи сте несреќни.
Е што е поинакво? Дека не седнав јас како тебе за секоја дешавка со колегите одделно да пишувам и раскажувам, туку ги сумирав сите дешавки во едно. Сите твои дешавки што ги раскажуваш водат кон еден проблем: лицемерието на твоите колеги кон тебе кое емоционално те погодува, а чим те погодува за постојано да раскажуваш такви дешавки значи му даваш големо значење. И јас немам ништо против тоа. И кај мене е исто така е еден проблем: искомплексираноста на некои постари колеги. Разликата е тоа што јас не раскажував одделни дешавки на секое. Е сега кој повеќе раскажува за колегите? Ти или јас?
Видела патлиџан поголем од вообичаено и тука - леле не јади ова, кај се видело олкави патлиџани, ова гмо е, рак ќе фатиме сите, ќе не' отрујат... Ај ако немате познавање од некоја тема, ќутете си. А има долга и широка позадина позади тој голем патлиџан. Како јас сега да зборувам за програмирање, хакирање, ово оно, а благи везе немам од тие работи.
Млади штотуку вработени често мислат дека сите им завидуваат на енергијата и убавината и умешноста и шотизнам веќе, клише е. Што има таа со 62 години и сигурно работно место од тебе да се плаши? Да не ја засениш, местото да не и го земеш, колегата што и е симпатија? Неа таквото ја боли веќе за работата, доаѓа, си работи по рутина, некоја "сопка" на вас помладите може да ви стави чисто од забава, да види како реагирате, оти таа поминала се и сешто, сега да не треба да ве гали? Сите треба да минат низ сопките што секаде ги има, на лепе очи пропустница само швалерката на директорот.
Велат солзи пред секого не и во право се. Кога човек станува емотивен пред некој, тоа значи дека е близок со него, но некои знаат многу добро да го искористат тој момент и да покажат колку тоа што му го кажуваш не му е во интерес, доволно е да ислушаат, но ни тоа не го прават. И уште нешто кое го сфатив пред некое време, а тоа е дека: Тоа што било поминало и ако се повтори никогаш нема да биди исто како претходно што било!!!
Епа тоа е и проблемот. Што нема од што да се плаши и мисли дека е семоќна и се што сака може да прави. Смета дека неа се и е дозволено. Ако таа ги поминала тие сопки не значи дека треба сега на другите да им ги прави за и тие да поминат низ истото. Еве јас сум таму 6 месеци. И на секој нов што ќе дојде никој ништо не му објаснува. И јас го гледам сето тоа и знам каде следно ќе се сопне и им кажувам, се она што мене никој не ми го кажал и јас сама го научив. И не, нема потреба да не гали исто толку колку што нема потреба ни да не сопнува. Значи како зборувате како божем сите од ист калап да сме излезени и растеме и се развиваме по иста шема, без отстапки.
Не сме, затоа и не има секакви, ти си таа што очекува сите да се по некој твој замислен калап. Фино бараш ама често не е така по фирми, сама ќе се учиш, сама ќе се снаоѓаш и ќе "крадеш" знаење ако гледаш дека колегите не ти се ментори со ангелски крилја на нив. Некој нема да ти покаже многу работи затоа што сака да заостануваш, сака да си зависен од него за да тој изгледа што подолго попаметен од тебе. Друг не се замара да те учи оти смета дека не е тоа негова работа, си има доволно обврски. Трет ќе ти покаже може се' само за да работиш што повеќе и од неговите обврски да намалиш. Инаку на постарите, посебно пред пензија, секако ќе им е дозволено повеќе од тебе. Стекнале искуство, репутација, се одомаќиниле во фирма...немој да се споредуваш со нив. Ако се понашаат ко се да им е дозволено, тоа значи дека веројатно им е дозволено. Ти допрва нив ред да им ставаш не можеш, си има одговорни за тоа. Гледај си ја својата работа.
Јас во фирмата сум приправник, имам ментор кој зема 10% од мојата плата, што не е малку пари. Не е ова буниште па снаоѓај се. Не се споредувам, ниту се расправам. Само не се согласувам со она што се случува. Свесна сум дека не сум ни во позиција за да си земам сила да се расправам. Еден ден кога ќе ја имам таа сигурна позиција е тогаш ќе им кажам на некои личности неколку збора, и пак нема да се расправам. Само ќе им кажам колку да знаат дека сето време додека ќутев и со насмевка возвраќав како ништо да не било, дека не бев будала како што мислеле дека ме прават. Јас кога почнував да работам, очекував да наидам на интелелтуалци, бидејќи ја носат таа титула. Ама по простачки теми за муабет ни во биртија двајца дамла пијани мажи не прават. Едноставно се разочарав од интелектуалноста на интелектуалците.
Можеш и сега да им дадеш до знаење дека не си будала, не мора да се смешкаш постојано и да климаш со глава но не значи и дека постојано треба да се расправаш. Нека си продолжат со културата што ја имаат во фирма, така се навикнати, така им одговара. Тебе очигледно ти фали умешност да знаеш како да застанеш за себе без да влезеш во конфликт со сите па чекаш до позиција да дојдеш за да пуштиш глас. Не се прави тоа така отсечно туку малку по малку, ден по ден, некаде ќе попуштиш, некогаш ќе се насмееш на нивните глупави вицови и слично за да дојде ден кога и тие ќе почнат да те прифаќаат тебе и дел од твоите правила. И јас имав ментор кој помина со мене цели два часа првиот ден и толку. Се што можев да научам за недела или две со менторот, јас научив за 2 месеци сама со постојано потпрашување, досадување, имаше вртење очи од колеги, па половични одговори, па кај мене најде сега да ме прашаш...јбг, тоа е.
Мене емоционално ништо не ме повредува. Тебе повеќе те повредува бабичката. Јбг, ај и ти ќе бидеш баба и за тебе ќе зборат. Едит: Ти целиот живот и го раскажа на женава,сеа може да ме информираш во кој ресторан јаде и што најчесто? Чисто да си имаме на ум. Е само да знаеш дека таа е 40год постара од тебе може мајка да ти биде, барем малку почит покажи.