Дон вори фор ми,бејб. Ќе си го земев учебникот,прашањата и ќе земев да ги решам! Понекогаш треба да се потрудиш,ако сакаш успех.А не само на готово да чекаш. Наместо по форуми да се дреми,може и над книга малку да се подреми. : .Мислам не е праведно и добро,некој да има иста отцена со некој,кој изгубил неколку саати над книга,наместо над фб,надвор.А другиот на готово си ги добил.Епа не е фер,бејб.
Досано еееееееееееееееееее..........Дајте некој лек против досада, само да не бидат игли. Мислам за плетење
А бе кааасте вие, сwaтки убави децина, ууу, буци буци буц, ални, шо пајте Де да види тета, тлоп тлоп тлоп со тлопка вака, моливчината за ектелно, м?
Епа бејб,прво тргни си ја завесата од очите и прогледај околу тебе. И јас мислам дека многу работи не се праведни,21ви век сме.Не ми мешај баби и жаби,мене друго ми е поентата,не се правдај со мислењево,поентата ми е тоа дека треба да гледаш што и каде пишуваш,а и како.Треба преведувач да викнеме за да те разбереме.Не туку ми мудрувај тука или слично,оди ти фати книга,ама не учебник,туку книга,да прочиташ и да видиш,да осознаеш некои работи и да се однесуваш како осмоодделенка,а не како третоодделенка.Оправдај си ги годините,БЕЈБ. И мисли пред да напишеш друг пат.
Абе Цветето кај се најде паметна, си нема врска, ама ај... Напнавте без осет со тоа екстерното. Милион теми имате, за џабе. Треба да се отвори посебна тема за: СДК за екстерното...: Имајте тро осет бе !
Ќе полудам! Во спалната во паркетот ми се вселил некој црв кој страшно ме нервира.Значи постојано да грицка и да не ми дава мир.Бидејки јас сум спремна жена купив во з.аптека средство против нив,и шприц со подебела игла.Синоќа се спремив и легнав и таман да заспијам ете ти го,со неговото грозно грицкање.Е нејќеш си велам ,со шприцот го внесов средството,дури користев и слушалки од апарат за мерење на притисок за подобро да го лоцирам ).Дури ја излупив и површината на паркетот со месарски нож,за пoдобро да го внесам средството.А можете да ја замислите реакцијата на маж ми кога ме виде ,во сред ноќ во пижами со нож в рака..Мисијата е успешна денес не го слушнав да грицка. Денес непорен ден,тензија стварам кај и да стапнам.Се и сите ме нервираат.Затоа пред вечерата фрлив една,вечерав,па чаша вино и сега сум подпивната.Веќе почнува мониторов да ми лебди пред очиве,ама телово и живциве ми се опуштија.Ми е гајле за се.И си мислам дали е подобро човек да пие бенседини или некоја чашка.И во двата случаја стануваш зависник ,од лекови или алкохол.Иако ова второто е на природна база . Имајте убава вечер и ноќ!
До Abeja: Да, втора љубов. Првата љубов си има име. Тој е едно прекрасно момче во кое бев заљубена цели шест години. Да, шест. Малечка сум, и бев кога се заљубив, но доволно бев свесна кој е и каков е. Сеуште е ист на карактер, но се губи, го нема. А телефонот ќе си остане втора љубов, засекогаш. Не поради марката, туку поради тоа што на него му ги имам "кажано" сите мои тајни. Тој ми е како другар во кој сум заљубена. Знае сѐ за мене, во него сѐ имам посебно име...
Аааах ми се спиеее.... Да не појдев на работа немаше да го сватам значењето на пранзникот и на викенндот Се чека викендоттт !!!! лека ноќ уште на гости почнав да заспивам после 16 години па сеа ми се случи
Со денови доаѓам на темата со желба да напишам нешто, ама тоа е, немам инспирација. Сакам да кажам нешто а не знам како. Не може да ги поврзам зборовите и чувствата, не знам како се чувствувам. Нешто во последно време почнаа да ми се случуваат добри работи, да не се урочам самата себеси ама добро е. Исто така нели после секое добро иде лошото, па се вртам во круг. Ќе биде нешто добро а после нешто лошо. Се радуваш на моменти, а на моменти те мава силна депресија. Како се вика тоа? Научив да ги ценам малите работи, сега мала ситница ме прави среќна, штета што не ја сфатив вредноста на малите работи порано. Клуч за среќа ви е тоа, ценете што имате. Одам сега, книгата ме чека да се дружиме цела вечер. Па и креветот наместен, пижамите чекаат да ги облечам и серијата да си ја изгледам. После може мирно да спијам. Сепак чистата совест е најмеката перница, не носам никој на душа, лесно ми е.
Еден период ми се случуваат убави работи,среќна сум и се плашам тоа да не се смени. Одеднаш во друг момент,доаѓа период кога црните облаци ќе ми дојдат над глава. Зошто мора да е така?Знам дека не може се да биде перфектно,но немора се да биде толку лошо. Затоа велат кога си премногу среќен стави камче да те боцка. Ќе помине и ова.Вистина е дека нема среќен живот,има среќни денови. Уште ни што се јас треба да поминам,ова е ништо. Само со позитивни мисли,напред,инаку вака ништо не правам.
Тажно е кога некој се лаже сам себе си и упорно оди со главата во ѕид.Тажно е кога некој те гледа како објект,како место за тепање време ,како банкомат.Тажно е кога нема ни тронка привлечност а не пак љубов и разбирање, а упорно во главата го идеализираме тоа како “убава” врска.Тажно е кога гледаш колку жена паѓа ниско за малку внимание . А уште потажно е кога сме слепи да го видиме тоа. Барај ме кога ке имаш пари и рекол ѕверот на “убавицата“. И ова дочекав да го слушнам и останав жива . Мизерија тоа е правиот збор
Најлоша работа на светот е „пријатели„ кои ти го мислат лошото и се ситат на твојот неуспех. Значи нема полошо чувство од тоа. Коменатри од типот - Лелеееее, што ќе правиш сега ?!?! Ами како така, зошто така направи? Што мислеше?!?! и слични Спојлер срања Нели треба тие да се тука и да ти даваат поддршка, да не те критикуваат за сопствените грешки или некои твои одлуки за кои не се согласуваат? Јас барем мислев дека за тоа е пријателството, ако не за вакви пријатели не ми ни требаат... Што е тоа толку злобно што те тера да мислиш и да кроиш црни сценарија на луѓето? ШТО?
Го листам форумов и си велам дека модераторите мора да стават објаснување над некои од темите: "Пред да почнете со детално исчитување на темата и влез со клик на истата,и заради настанување на можни проблеми и контраидикации од типот на запрепастување,шокирање,неверување можеби е потребно да се посоветувате со лекар,психолог,психијатар или филозоф" Форумов наместо да "расте" тој се "смалува".
Она чувство кога се допишуваш со некого за нешто интересно,и едвај чекаш да добиеш нова порака,и ете конечно: И тогаш ќе прочиташ дека пораката е од * le твојот ник* ...
Денеска добив најубава вест на светот,ќе станам тетка. Скроз се збунив,почнав да плачам од радост,прв пат станувам тетка и сум најсреќна на свет. Едвај го чекам малото жапче да дојде на свет за да го гушкам и гњавам.