Јас сум трагедија бидејќи ти споро сфаќаш и се сожалив да ти објаснувам на долго и на широко . Добро. Ќе си знам за друг пат. Поздрав и се најубаво
Ако со помош на хелексот се лета, дали може и ние да го користиме за да одлетаме од тука? #прашањакоимемачат
СДК ептен се грижам за здравјето на внука ми. Постојано е болна. Ко ќе кажам постојано тоа значи повеќе од пола година годишно. Слаб имунитет.
Камо да ми беше најголем проблем во животот,каде за нова година,али за жал тоа е најнебитна работа во мојот живот т.е никогаш не ни била битна.Сакам само да беше мајками жива,и со нејзе да ги поминам празниците,било каде,само со нејзе....
СДК дека секаде по фирмите има сплеткароши и шемаџии. Ги има и стари и млади, и нови и подолго вработени, и со висока позиција и со пониска. И не чини тоа! Местенки, шеми, и сплетки не се за на работно место! Секој треба да си работи она за што си е платен, а не да префрла работа на други и да си препишува на себе работа завршена од друг. Нема оправдување за таквите, па не стари... и стари нека се, и ЦЕО нека е, и Претседател на држава нека е.. кој сака нека е... за мене се ѓубриња расипани!
Мислам дека е доволно цитирање и отварање тема во тема. Од моментов па натака, ќе се брише секој пост или цитирање Да продолжиме да постираме свои мисли и видувања.
Исчезнато е лицето од сликата. Секој кој има некаква информација нека се јави на: 078246917. Последен пат е виден во 22 часот во Ѓорче Петров сo автомобил Шкода Фабија бела боја (SK 1566 AP). Се извинувам не можев да најдам соодветна тема за да ја споделам информацијата. Ви благодарам на разбирањето. Имајте пријатен и убав ден.
Читам по фб за исчезнато дете, мајката го крена народот на нозе, ме трогна иако не ги познавам ликовите. Не знам зошто за случајот нема по социјалните медиуми освен на Сител тв туку повеќе замараат за тоа што јадел Груевски, какви гаќи носел Mијалков и каде ќе зимува оваа година некој си икс политичар. Размислував дека не си го цениме животот доволно се додека не слушнеме и прочитаме некоја лоша вест, се додека на своја кожа нешто не се случи.
[COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)]Zosto e izbrisano moeto mislenje vo tema Zabremenuvanje bez sex? Koj go izbrisa? Cita toj sto brise? Dale slucajno treba da se izbrise osuduvackiot post na clenkata pogore ? [/COLOR]@WildMk ima mlada dete mu treba pomos, ima nedoumica, pojdi vidi, odgovori mu.
Читам и учам за т.н. американски сон, таа типична филозофија дека ако сам се трудиш доволно - можеш да успееш каде и да е во светот, сè е во твои раце и твоја одговорност. Која, всушност, нивниот систем ја користи до ден денес да се оградува од судбините на луѓето - и покрај многуте дупки во законите во поглед на човековите права, дискриминации и социјална неправда. Па, иако нема никаква споредба - ние сме толку мало парче земја, кое може да се нарече држава од некакви соништа само во скеч на Фчерашни, немаме ниту филозофски правци типични само за територијава, ниту пак земјава била изградена од ништо на основа на пуританизам и доселеници - сепак во секојдневието наоѓам нус-појави на ваква илузија, на која може да ме асоцира идеалов за американскиот сон. Некои од таквите самостојно изградени личности (мислам главно во финансиски, но не и во аспект на психолошка зрелост), еволуираат во мотивациони говорници (кежуал, но и по новокомпонирано „звање“). Ним целиот свет им е скала за искачување, секој ден може да се сумира со uplifting цитат, ако се „во допир“ со некаква спиритуална форма - може и универзумот да им ја возвраќа енергијата, сè е лесно за нив. Едноставно, нереални стандарди и очекувања во движење. Другиот тип ми се оние „се кука за сиромаштија во државава а кафичите преполни хехе“ луѓе. Се образувале, се избориле за удобен живот - ама и после години им зрачи тоа инаетот како главна мотивација и ѕвезда водилка. Инает, пркос и злоба кон секого на кого не мора ни да ја знаат позадината зад тоа што не си го средиле животот, за да ги понижат дека сè е зашто не се толку цврсти и самостојни како нив. Е, меѓу овие и таквите на кои сè им е дадено на тацна, никогаш не можам да се одлучам кои ми се поодвратни. Еден збор - капитализам. Најголем вистински успех кој само доблесни луѓе го достигнуваат и признаваат кај други, е да ги задржиш емоциите и емпатијата во него.
Од малку себични луѓе ги издвојувам оние што создаваат потомство само за да "има кој да им подаде чаша вода на старост". Како да имањето деца е бизнис, па ќе инвестираат за да имаат за старост.