Свекрвата стално ми се меша што и кога правам за јадење Во соба ми влегува без да тропне не е битно дали сум сама или со мм Кога и да ми влезе во кујна ми чепка насекаде па дури и во фрижидер само за да види што имам Не ми е јасно како сите други членови од фамилијата може да имаат осет освен неа. Едно утро додека спиевме со мм ни влезе во соба БЕЗ ДА ТРОПНЕ, (8 часот наутро во недела ) од кај знаеш што правиме во соба па влагаш туку така Понекогаш заради овие ситуации се осеќам толку под стрес си мислам дека ќе испокршам се околу мене Тоа сакав да кажам, малку да извадам нервоза...
Овие два дена лежам на кревет како сувопарна проститутка. После долгочасовно гледање во плафон, станувам, потипкувам бавно два три пути на тастатура и пак легнувам. Ни чај не ме влажни. Ебемти сезона на грипови бе! Не можам да се опоравам. Прво анксиозност ме здрма, па ова. Ај нек се угоде, баш фин пре - почеток на годинава. ..Дајте предлози за маратонски документарци дечки. Ама баш документарци, нешто од областа на географија и историја по могучност, зошто друго ми е гледано. Може и некој филм да си пуштам после, некој психо мистери да ме издепримира лагано, пошо нели настинкава не е доволна. И ондак то.. Инаку, за Нова Година, ми доаѓа да си платам стриптизер, да легнам покрај каучот во дневна со руска и само да го гледам, без да го пипам. Да му платам да игра до Божиќ. Е до тука стасав. #WintertimeSadnessMood ебемти.
Сакам да кажам дека времето поминато во расправии на форумов можеше и може многу поквалитетно да се потроши,на пример сите да се обидеме да помогнеме во потрагата по исчезнатиот сограѓанин Пино Секондо преку споделување информации.
Одамна не сум гледала толку добра претстава како сношната. „Пиреј“ Спојлер Новогодишно и јас. Спојлер
И запознаваш луѓе чиј живот не вреди. Затоа што е уништен поради трката со времето, алчноста за пари и градењето на кариера. Луѓе кои мислат дека со помош на парите се градат добри односи со луѓето и со нивните најблиски. Еден ден таквите луѓе ќе се прашуваат дали со парите може да се купат среќата и љубовта. Луѓе кои сметаат дека со парите може да се купат нечии чувства и да се ублажи болката која им ја нанеле.
Малку сте си поласкале вие мажите ако мислите дека жените се средуваат за да се допаднат некому. Не ви текна дека можеби се средуваме бидејќи сакаме да се чуствуваме убаво или дека можеби некои од тие работи не прават среќни и исполнети? Не а?
Еве ја и 2019та за 2недели, а некои уште се сликаат со дак фејсови и кисчиња. Па не сакам да живеам на планетава.
Што да кажам... се изморив веќе од напразно трудење за да се подобрат нештата. Се трудам, се трудам и пак ништо. Се изморив. Не можам повеќе. Не можам.
Колку секунди се потребни за да ти се преврти денот? Месецот? Животот.. Како биполарна некогаш се чувствувам, ама сите овие емоции не може во два пола да се категоризираат. Нема врска муабетов, си лупам. Си пуштив музика и онака од ќошето каде све си собирам се истурија низ цела соба. И најмилата моја што си замина и секоја вечер ја оплакувам. И најмилата моја што не можам да и помогнам, а толку многу ја сакам. И самите денови, времето што поминува и што стоиме... Се чувствувам како некоја кукла на батерии, ама се расипала. Или нема батерии. Батериите се полнат ќе проработи, и потоа полека повторно се расипува. Како кукла што се навива како музичка кутија, ама кратка е лентата. До некое ново утро кога се ќе биде повторно блескаво, и можеби сите ќе бидеме здрави, среќни и заедно. Тагата е сосема нормално чувство, ама истата проклето нејќе да се одлепи од нас. На рака можам да ги избројам деновите кога бев навистина среќна и насмеана оваа година. И нова ќе дојде, а ние повторно онака, на делови, со црвени дамки на блузите, како некој скинат ракав... Глумиме нешто што одамна не сме, се прашуваме дали некогаш ќе се оправиме. Мислам дека не. Заборавив како беше кога се беше поинаку. Кога не бевме во овие срања. Кога се нервиравме за комплетни глупости. Се прашував како луѓето наоѓаат сила, не знам дали наоѓаат. Или како духови со спомените се шетаме низ градов маглив, ставени маски на лицата, а одвнатре пробуваме да го најдеме моментот што би не направил среќни. Заминува годинава, сакав поинаку да ја испратиме. Ужасно е да се биде возрасен, но утешно е што можеш да помогнеш да го носиш товарот. Ако можеш... Ќе одам да ја бакнам мајка за добра ноќ.
Што е животот? Животот се спомени, живеј го денот,моментот затоа што сега се случува.Зад нас е историја,пред нас мистерија.
Конечно настан по моја мерка. Чоколадо everywhere, и гигантска торта и празнична атмосфера и тоа. Среќна и задоволна јас Ќе сонувам торти вечерва