Според мене едно е да дадеш соодветна критика,без притоа да звучиш надмено и навредливо, а сосем друго е да пишеш критика која не само на тој што е упатена туку и на многу други ќе им звучи навредливо. Има начини и културно да се изразиш, да дадеш критика и без да се правиш експрет, ама па каде на друго место ќе се лечат комплекси и фрустрации ако не на анонимен форум. Стил на пишување и изразување било тоа..па нека ви биде. И онака стилот на пишување многу кажува за вас.
Животот е многу поубав кога наместо константно да се жалиш дека некој не те третира добро, само прекинеш контакт со него. Оооо колку е убаво без константни критики и невкусни шеги.
Неколку мали, убави работи кои можат да ти го разубават секој најобичен ден, во хронолошки редослед: - Кога ќе се разбудиш ноќе или ептен рано наутро, и ќе видиш дека уствари имаш уште неколку саати да си поспиеш пред алармот - Кога конечно ќе станеш од кревет, и низ прозорец ќе те пречека сонце, или пак снег, па и дожд (зависи кој какво време си сака, де ) - Кога ќе слушнеш некоја добра песна во автобус и лесно ќе ја пронајдеш после, па ќе си ја слушаш на repeat. Или пак кога ќе му дознаеш на друг песна/филм што ја/го бара (подолго време) - Средба со некое мило невино животинче или детенце по пат - Кога од многу ладно или топло време ќе се вратиш дома на удобна температура - Кога при враќање од надвор ќе соблечеш градник/фармерки/обувки со потпетици/било каква неудобна облека Итн... Застанете на момент да уживате во сите овие. Колку и да ве мачи и едвај чекате нешто, не сметајте ниту еден ден само како транзитен период кој треба да помине, туку во секој ден забележете нешто посебно и убаво
У мојот живот у паралелна димензија https://www.facebook.com/1681925192133903/posts/2280358642290552/
Сакам кога ме обзема празничната магија. Елката, китењето, кој лампион од која страна да се стави поубаво да се гледа. Која боја на лампион си одговара со друга боја на лампион. Колку пакетчиња ќе се соберат под елката. Порано верував и во Дедо Мраз, оној физички присутен,но мислам понекогаш се уште верувам во него. Во оној Дедо Мраз кои живее во секој од нас, кој мечтите ни ги обмислува и понекогаш прави реалност.
Баба ми арно викаше,на маж, се не се кажува Ама ај биди искрен,и не си кажувај се Па на глава ти се качува Е ќе се качува
Чудни се патиштата Господови Една личност,за која знам колку страдаше во љубовта,се омажила.Се израдував искрено,душата ми се израдува.Не како што сакаме,како што сака Господ,и пак најсреќни.И ја пожелувам целата среќа,во заедничникот живот
Сакам да кажам дека ПМС ми почна некој ден по касно и од памет ме извај. Се осеќам како голема топка од хормони и однесување шо не можам да го контролирам. Со кој стигнав се искарав денес. Зато не квичам во ФМЌ некој да ми се кара, денес сите ми се карат. Можно е денес да ги изгубам до крај на ден сите човечки контакти.
Среќа е...кога се откажува утрешното предавање и имаш уште плус една ноќ за спиење и stress free ден.
Насилството е одлика на слабите луѓе. На оние кои не знаат да се справат со провокации на соодветен начин, па единствено што знаат е "да им покажат убаво".
Денес не мислев дека ќе имам толку голема сила и храбрст да направам толку голем чекор и да напуштам личност која ја сакав повеќе од својот живот. Но, животот оди понатаму, а јас... јас сум спремна за да завртам нов лист. Не смеам сега да потклекнам бидејќи сум силна личност.
СДК дека во антолог имаат попуст 30% на сите трилери до утре, а во култура има 20% попуст на сите нивни изданија до 31.12 пс. Матица се подготвуваат за неверојатни попусти и понуди. Од неофицијални извори знам дека од 15.01 ќе почне акцијата и ќе опфати преку 3000 наслови
Лоша вест е шо сме у ќорсокак, ама добро е шо тука не можеш да го утнеш правецот. Размислувајте позитивно...