Нека се изгледа како што треба, бар за момент нека владее хармонија, слога, добри односи .... Лажете сите. лажете ме дека се е убаво. Лажете - се додека е убаво. А потоа нека ви премине во навика и нека биде се тоа вистина. Навикнете се на доброто и оставете го лошото по страна.
Ептен се познава кога нешто е од корист. Да не мислите дека не е очигледно. Иако некој ќути не значи дека е наивен.
Пред некое време, наидов на еден пост на една од социјалните мрежи, во кој беше опишана постапката на некоја жена и тоа со зборовите дека постапила храбро и машки. Па еве да си кажам и тука, да прочита поголем дел од јавноста. Жената не направила ништо ,,машки". Ни таа ни било која друга храбра и силна жена. Жените ако се нарекуваат понежен пол, не значи дека се послаби, помалку разумни, помалку храбри и слично, од мажите, па за да им се припишува дека кога ќе отскокнат од толпата, тоа било ,,машки". Жените и тоа како се силни и способни. Само ете... останала некоја глупа узречица од дамнешни времиња.
Во ред е се случи ,животот продолжува. Што лошо направив па така да ми се возврати ама ете тоа е животот неможе секогаш да сум среќна.. Животот е нешто многу сурово , не го викав ова пред да се случи ама еве сега сфаќам. Всушност зошто живееме ,да се изнамачиме и на крајот умираме толку од животот. Во моментот незнам како да се чувствувам по тоа што се случи.. Се надевав на подобро ама животот ми удри шлаканица.
Во тешките моменти не смееш да дозволиш да потклекнеш. Од некаде ќе добиеш сила, и ќе продолжиш да вртиш полека нов лист.
Денеска е 17.12.2018.Верски празник.Св.Варвара, славата на баба ми,ја наследија мајка ми и татко ми. Последен пат беше 17.12.2007год.Татко ми почина 2008год.и веќе никогаш не се повтори она славење,како кога беше он жив Шетам по собиве ми се враќа мислата,каде се сега луѓето што тогаш му правеа чест на татко ми,мајка ми Не се заборава тоа
Багажникот ми е полн со играчки, едвај го затворив. Колата ми е покриена со слој снег. Животот е убав.
Ако некој ми персира, а притоа ме спушта на најниско можно ниво правејќи ме да се чувствувам како да сум никој и ништо, не ми укажува почит. Ако ми се обраќа со име и на ти, а притоа разговараме на исто ниво и ме сослушува до крај без да ме омаловажува, тогаш ме почитува.
Срцка секогаш е така ич да не се разочаруваш....и кај нас беше/е така... Јас почнав cutting people from my life и тоа јако ситд по ред.... Па ми се лутеле, лоша сум била.... Ма ајде ти се молам.... Полесно и живееме и спиеме.. ..и јас се секирав како тебе.... Гледај си ја мајката и браќа/сестри и уживајте во славата. За многу години да е здрави, живи, весели
СДК има една стара народна изрека која вели вака:Роди ме мајко без к'смет и фрли ме на буниште Денес по интернетов налетав на слична ваква изрека ама во помодерна верзија:Ако се роди добар чоек,веднаш отепај го за да не се мачи