Возам по Партизанска и на семафор куче чека да му се запали зелено светло. Пошто немаше коли застанав. Кучето ме погледна и несакаше да помине. Продолжив но возев полека да видам,го пратам на ретровизор кога се запали зелено тргна. Факт е дека животните се попаметни од нас луѓето. Да бев јас нема коли ќе поминев иако е црвено за пешаци. Кога кучешкиот мозок би бил во главата на човекот немаше да има толку несреќи . Има и човекот мозок ама не го користи од чалам.
Одржувајте си го менталното здравје, од него доаѓаат сите болести. СДК, игнорирањето не луѓе кои ви ја ,,загадуваат,, околината е пола здравје
Госпоџа со маленко дете -Колко таа количка? (80 денара) -Ауу скапа е дај две кутии родео меко(150 денара). Детто кине се од плачене. Иде брат од маалта (собирач на шишина) купува му крем бананка (5 денара) за да го утеше , детто пољека се смирува. Не сме сиромашни у џебо сиромашни сме у душите.
Колку е крипи кога имаш ретко презиме, а на фемина ти стига лајк од нова членка со истото презиме. Испаничив дека некоја роднина ме нашла, па сите можни ги свртев у глава за на крај да видам дека всушност не сме роднини. #МиниСрцевУдар
Распоредов на факултет ужас ми е, посебно денес.. /// Од 8h до 15h на факултет сум, при што од 10:30h до 12:45h немам предавање (чекам за следното предавање), велам ужас..
22 *insert клише резиме колку сум созреала годинава* Клише, но сепак вистина... Никогаш досега не сум се гордеела толку, како со тоа со што сега емотивно и психички влегувам во новава бројка на возраст. Cheers!
Вчера гледав слики од некоја македонска свадба у Америци, каде што лепат пари врз мртва свиња и си потураат ракија у уста. Бев толку љубоморна, еве и ја сум мртва свиња па никој не ми залепил пари бе, нит па ми потура некој ракија у уста.... Живот је курва.
Славчо уште не знае што го снашло. Јас одамна барам некој рандом човек да се исповедам, па било тоа и некој бот или сапорт на банка или онлајн продавница. Драги Славчо, мислиш ли дека Нокиа 6.1 ќе ми помогне во животот? Мери ли канцерогени клетки, гени, што да се. Ризик од срцеви заболувања? Лечи ли анксиозни напади? Печати ли лекови за прва помош? А Славчо, мислиш ли дека ако се омажам ќе се потсредам малце, м? А шишки да шишам ли? Славчо... Имав еден колега Славчо на времето, симпатичен дечко. Отиде да работи на брод. Нова пик ап лајн ми е, може ли да дојдам да ти го погалам кучето? Само што одам само за да го погалам кучето. Не сум за надвор, мислам дека све што ќе видам, ќе соберам дома. Аман луѓе не си ги напуштајте милениците! Оваа среда ја осеќам како петок. Ќе одам овци да пасам у Нежилово. Да, гуглав што е поблиску до Солунска Глава.
Ко да 2018-та не беше доволно лоша, па така денес одсабајле некои 100 метри... ме бркаше петел. Бесен, трчаше накај мене,ваљда со намера да ме кљукне , а ја шпринт, срцето во пети. Од кај излета не знам, во сред центар живеам, ама ете и таму не си сигурен...
И кај нас во некои градови се 'игра прасето' и пари се 'лепат' на него.. Не го имаат измислено во Америка
сдк кога ќе си добиела менструација на празник значеше нешто,но што бешеи среќна слава на сите кои слават Св,Никола,за многу години
Сакам да кажам дека никој не е должен да менва цел тек на учење, кое патем е за утре, само зошто рака луѓе не стигнале па ќе учеле од нешто друго па ќе ја маткале професорката. Мене денот денес ми беше планиран за слободен, и за секој случај, јас сега морам и сто други работи да читам, јер некој не научиле да му се вели „не“. И велам за секој случај, зошто нема да ќутам, не заслужват. Мислам три дена унапред не се лутам, помалку од 24 часа е променава која ми го зема планираното слободно време и спремање за името. Пред некој ден друга колешка (и член на форумов али зошто не иди толку често не спомнувам) ми јавува за некој колега ја замолил да ме праша дали сум имала некакви прашања да учел по некој предмет. Шо сме, средно? Аман фати книга, не биди од оние шо ги буткат другите удолу зошто ваквите се најгласни за шо требаше и шо не требаше. И ја замолив да му пренеси да порасни и да си набави книга. Во најмала рака, не ме ни знај тој, барем трошка срам требаше да има да бара за прашања од колоквиуми, и тоа одговорени, од некој, особено непознат. А, кога и да ми јават за материјали и давам, и зајмувам, и имам дури и барано за другар книга само за да учи. Учењето е убо, не го уништвајте. Не прајте со константни промени да неќиме да учиме. И кога веќе почнав да се доискажам. Под константни промени да неќиме да учиме, ќе ставам еден предмет кој го зеде една професорка и имавме предавање, и воспоставивме план за како ќе се одвива настанавата. И друга, нова професорка, го зеде предметот. Не дојде таа недела, дојде следната, па пак прескокна недела, па дојде недела после то. Имавме избрзан колоквиум и таман допишавме, асистентката ни вика „а кој ќе ви прегледва тестојте, професорката не ви предава поќе“. Па недела чекавме, оти секоја втора иди, едвај престигнав да научам се и уште се чудам како положив се. Па недела после то ни најавија дека ќе бидиме пак кај првата професорка. И бевме кај првата, дур не дојде трета. Инаку резултати вчера добив. После шознамколкубеа ... три недели. Четири можи. Месец. И то случајно колешка ги најде во грешна група ставени, од страна на некој четврт професор. I mean ... Jesus. The long lost treasurе. Еј, ми олесна. Дај сега да видам шо е ново и шо е старо.
Жими се, добри три недели се чудев како ги снимале сцениве со вистински животни... Мислам вау, некој работи ова, прави од фантазија реалност, човек да се наежи, а некој ( кхм, ја ), не може секој ден устата шо ја има 27 години со кармин да си ја погоди пола саат... Јебем ли ти живот...
Она кога забележуваш дека си направила печатна грешка баш неколку секунди откако поминало времето за измена, па сега за век и векови ќе стои грешката во историјата на форумов.
Нешто што научив неодамна: Оној кој те навредил и повредил еднаш, секогаш ќе има храброст за да го направи тоа повторно, но никогаш нема да има срце за да се покае. Ах да, и скромноста е секогаш доблесна. За мене и бесценета и исклучително ретка, речиси како цвет во зима