Денес ни раскажуваа приказна за некоја организација основана од бла бла црква, чија мисија и визија била нешто во стилот на: 'ние веруваме во живот пред смртта'. Најс. И ние така.
Кога уживаш во убавините на природата. Оддалечен од мобилни, компјутери, коли, загаден воздух, гмо производи и сл. Дете за пример.
Секогаш слушајте го и мислењето на малцинството затоа што огромен дел од мнозинството немаат свое мислење.
Се сонував трудна. Со мало меше ама па ми тежело многу. Денес на работа добив еден проект што треба да биде готов утре. Од 11 до сега го работев. Конечно го завршив. Пукнав 10 саати. Главата ме здоболе. А бев закажана на доктор да одам. И нр отидов. Не можев, немав време морав да работам на проектот. И сарми дека ќе направам му имав ветено на баба му на мм. Ништо и од нив. На име требаше да одам. И таму не отидов. Го пуштив мм да оди сам како абдал. А сега треба да се капам. Колку само ме мрзи. И порано треба да си легнам оти сум од сабајле на работа. Кој ќе станува рано.... Наводно трудна жена на сон значело тешкотии, тежина. Можеби ова со проектот беше значењето на сонот. Па и утте треба да го презентирам, трема ме фаќа, битни луѓе ќе бидат присутни, а јас кутрата уморна, ненаспана, а и како што ме мрзи може да им одам и некапена.
Ти не си ти кога си гладен. Се препукав од благо и после цмиздам се лигушам како сум дебела Ама не, јас не сум дебела,јас сум само елегантно потполнета, и одам у правец да станам крава Уште само да се има придобивки од мене и топ ќе биде
Денеска 19-ти декември е посебен ден, ден во кој е роден еден човек. Човек кој оставил голема трага и влијание во македонската книжевност, јазик и граматика. Тој бил прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, поет, академик, филозоф, филолог, прозаист, преведувач... Дел од неговите стихови низ поезијата, кои ми оставиле впечаток, иако ги има повеќе: „Шепоти: сам си, сам. А јас се спремам назад, нозеве пак да газат патишта што се мразат – до денот, што го знам.“ - „Што тажно да заспиваш сам По ноќ на желби и трескот. Јас таа тага ја знам.“ - „До кај што сум ја пренесол својата љубов, дотаму е мојата татковина.“ - „Можеби малцина, а можеби и никој Не се измислил така себеси Како што сме се измислиле ние двајцата.“ - „Урнат е нашиот привид. Доцна да се измислуваме наново.“ Жално е, што толку малку внимание му се посветува на вакви луѓе, наместо да даваат негова емисија, тие некакви балкански шоуа. Малку е ова. Блаже
СДК некој ми бриши мислења од форумов. Со кое право бе? Ако не ти се допаѓа мое мислење, игнорирај го. Се бришат ли членови од датабазата со шифт и делет?
СДК дека сум МНОГУ разочарана од однесувањето на некои луѓе. Значи дрскост има и кај младиве и кај стариве.. Имено, се возам во полн автобус, и едно момче влегува и седнува на столче, кренал нозе, направил некоја тотално безвезна поза (позади седна и не видов баш убаво, незгодно ми беше да се вртам). И еден постар човек, му вели, најдобронамерно, дека не му доликува така, не е убаво, утре повторно ќе седне тука. И момчаков, ни 2 ни 3, почнува да се придерува, да се однесува ко неандерталец., велејќи ќе правел што сакал, и стариов да си гледал своја работа. И човеков си премолче, најверојатно сфати дека залудно е ако продолжи.. И никој од страна не изреагира! Сега кога размислувам, може требаше да кажам нешто, но со оглед на тоа дека не ја видов убаво целата ситуација, не знаев колку е добро да се вмешам, да не направам полошо.. А еве и случка од другата страна.. Се возам, исто во полн автобус, и седам на едно од тие 4 столчиња што се свртени едни спроти други.. Седевме вкупно 3ца, значи имаше 1 празно. До тоа празно седеше една девојка. Една постара жена доаѓа и целата надразнета, се развикува и ја бутка девојката за рака велејќи и (цитирам): Дај бре помести се натака да седнам. Девојчето се помести, и и вели дека немало потреба од ароганција, секако дека ќе се поместела, само не ја забележала баш во тој момент. И старава почнува да збори која била девојкава да и возвраќа, како младинава не чинела..и ред други работи кои не ги ни дослушав, се симнав за брзо.. Овие случки ќе ги препишам на тоа дека луѓето имале лош ден, па на првиот му ја “истуриле“ нервозата. Иако тоа не е оправдание.. Затоа ве молам, бидете фини, секогаш. Дури и кога спрема вас не се, дури и кога сте го имале најлошиот ден. На крајот на краиштата, секој “истура“ од тоа што го носи во себе, ама некој го прави тоа без размислување
Секогаш кога читам во На срце ми лежи се потсетувам зошто многумина се однесувале со посебно внимание и разбирање кон мене во деновите кога сум се распаѓала одвнатре. И јас го правам истото. Затоа што колку и да одиш исправено, болката натежнува во погледот, па си редиме насмевки со стаклени очи од кои би истекла цела река ако само за миг некој реши да си ја испреплете сопствената болка со доза на ароганција. Ниту нашето е најтешко, ниту пак е полесно од она што е болка за другиот. Најмалку што може да направиме е да бидеме достојни за улогата која сме ја добиле со самото раѓање. Да сме Човек.
Многу е убаво кога човек ќе научи да излезе од дискусија со напорен, нервозен и човек што мисли дека секогаш е во право и знае се. Не дека нема што да врати и каже, туку затоа што нема потреба да се спушти на негово ниво. Игнор на таквите луѓе е секогаш добра опција и гаранција за поубав ден. СДК, деновиве емоции до плафон. Традиционално плачам на секоја нова реклама со Дедо Мраз од Кока Кола
Значи цел живот погрешно ја толкував изрекава? Нејсе,така знаев од мала,не знам некако си поврзав демек се раѓаш без ксмет(без среќа,и притоа си грд)па затоа те фрлаат на буниште Ама човек учи додека е жив
СДК дека кога ќе ги чујам зборовите : - ме мрзи, - мразам, - несакам, - неможам,и тоа повеќе пати изговорени од исти човек, вртам глава и заминувам. Едвај научив дека не е во ред да се впива туѓа негатива и дека емотивните вампири кои вечно се жалаат и вечно се незадоволни имаат потреба само од нечие сочуство. Врз мене имаат моќ да ме ,,исцицаат,, за 5 минути Кога е човек дарежлив незначи дека треба да биде и искористен.
Самопофалбата не е начин за успех и да се презентираш пред други. Но што правиме кога никој не ти го забележува потенцијалот?
Сакам да `и кажам на госпоѓата која можеби е членка на форумов или ако има некој нејзин од фамилија член на форумов,која лошо ми ја згази десната чизма во автобус 5 пред 35 минути во Карпош кон Центар,дека ми должи нови чизми и пари за на лекар бидејќи поради неа ме боли десното стапало и поради неа уште повеќе ми се криви ногата и чизмите ми се оштетија,а нови ми се,ги купив пред 2 дена.Да си знае дека ќе барам од ЈСП да ми ја покажат снимката од камерата и дека ќе ја тужам ако не ме обесштети.
СДК дека во 2019та на сите им посакувам да имаат здравје, среќа, многу љубов и сите да го добијат она за кое долго време мечтаеле.