Идам денес со автобус накај дома, бев и изнервирана и разочарана од коментарите од една професорка, а и ради тоа задлабочена во една книга што си ја носев - ама сепак слушнав дека од седиштата во другиот ред една постара жена бараше информација каде да се симне за да стигне до поликлиниката баш каде што јас живеам. Луѓево што седеа најблизу околу неа изгледа не беа баш информирани, една дури ѝ потврди дека може и веднаш да се симне, иако тогаш автобусот беше дури 2-3 станици подалеку. Јас потстанав и се вмешав, ѝ реков дека всушност има уште толку и толку, и да се симне кога јас ќе се симнам. Кога излеговме, ја одведов и понатаму до пола пат, за да дооди само право кога веќе се гледаше поликлиниката во близина. Се заблагодари стопати, велејќи дека ѝ е мило што често наидува на љубезни млади луѓе и дека има такви што доста ѝ помагаат во животот. Ми го разубави денот. И мене секогаш ми е исклучително мило кога ќе видам постари луѓе што знаат скромно и културно да настапат со помладите, и да го ценат позитивниот фидбек...
Денес решив да отстранам неколкумина од мојот живот кој во овој тежок период буквално ме напуштија. Почнувајќи со другарка од пелени, која до вчера ја тешев за пропаднатиот брак, па си го среди животот и сега не ме познава се до останати користољубиви луѓе. Имав друга перцепција за луѓето, ама изгледа грешка сум била.
СДК, големите риби ги јадат помалите п.с. Бидејќи не можам да го едитирам моето мислење во темата за форумџии кои ја одбележале 2018, само тука ќе ги додадам: - освежување на форумот @toogood , жено секоја чест, се имаш вклопено во канадската култура и понашање , гарант многу сакаат да се на твоето место таму каде што си , ахх таа желба за канадски пасош ме уби - надеж на форумот @Feminka22 , девојче продолжи така, да знаеш дека не има и такви кои те читаме
Колку само некои луѓе знаат да те смират со нивната позитивна енергија. Едноставно вредат да се во твоја близина.
Не можам да сфатам како можете нешто што е чисто за забава за сите, да го претворите во поле на негативна енергија?
некад ме фаќа инат.. и почнувам и ја да се инатам. Па ко ќе видам на чиво ниво се спуштам -бришам. Ми се лоши у ист момент.
Легендата вели дека некогаш поставениот сообраќаец на раскрсница во 16 часот навистина го растеретил сообраќајот и не направил хаос.
Kanadski pasos e najmala rabota. Godisno vleguvaat 380 000 sto refuge sto landed immigrants pa sto tebe te sprecuva da nemozes da bides edna od tie? Ajde bujrum. Inace ne sum nova na forumov , pisuvam od 2014 god, ne sum stereotype na moja vozdras pa zatoa si me primetila. Blagodaram
Од безобразни луѓе ми се оние што со дете во маркет на каса, додека чека родителот, детево оди и донесува производи што фалат. И тоа не зборам за 1-2 продукта. Разбирам така ќе се случи да заборавиш. Ама еднаш пазарам и една жена пред мене со не многу производи, почнаа да и' ги куцаат, а во меѓувреме детето носи ли носи и испаднаа три пати повеќе од тоа што имаше првично. Прееска слична ситуација. Испазари прво сe' и после застани во ред. Ај ако не, сите ќе одиме да пазариме во пар, ќе си фатиме ред уште со празна корпа, и другиов ќе оди и носи.
Прв ден.. не знам што не ставив во уста: -1/4 пита со зелка и лиснато -боранија -Сникерс -голем цитрон -тањир ултра мрсни пуканки -леб и крем -сончоглед -и сега пудинг Ок..
Наутро кога патувам со автобусот за на факс, најбитно ми е да се релаксирам со убава плеј листа на слушалки за да се подготвам за издржување на претстојните предавања. Тоа што нема да слушам народни/свадбарски/кафански песни на радио пуштени секое утро е само бонус.