Изгледа дека среќата е премногу скапа па не можеме сите да си ја дозволиме... и не, не зборам од финансиски аспект
Последиците од модерните мајки што не ги вакцинираат децата допрва ќе почнат да се осеќаат. Место напред да идеме, ние назад ќе идеме со болестите.
Е ама многу мразам кога сите ќе ми ги остават домашните обврски па дури и за мајстори, а тој кој треба да г и надгледува си се шета и си кулира. Немој бре така девојко, престани да им угодуваш на сите од страв дека ќе ти се скарат. Глупа јас.
Сакам да кажам дека љубениот си го немам видено неколку дена и ми недостига. Ќе одам да си го гушнам за скоро. Се туркам да излезам од меурчето мое, па ќе одам вечер на некаква фристајл забава. Не ни слушам рап ама ... Надвор од меурчето. Не ни сакам забави, for that matter.
Ова не е родово упатено. Жени во екстремен пмс. Надвор од контрола. Јасно не е проблем од хормонална природа, психијатриски е. Урлаат по домашните, по колегите, по шалтери и на каса. Во автобус, на рoдителски, абе сегде. Воља за самоконтрола и автосугестија некоја, ама се нашол виновник па сега урлањето е игра без граници. Ми иде фигуративно речено, жестоко да ја исшамарам понекогаш некоја. Надвор од конотација се (не)прифатени моите забелешки кон одредена група луѓе. Млади луѓе. Без контакт со реалноста. Година : 2018 Локација : Рурално општество лоцирано на балканот. Амбиции : wanna be инфлуенсер Возраст : 20-35 години Писменост : литература - на етикети од производи чита само рок на траење Компјутери : Го гаси од куќиште со долг стисок, не знае што е word Репери, идоли : Бугарките на Планета Хоби : work and pleasure тури низ Македонија за време на митинзи Странски јазици : Српски Его : до најдалечната точка во вселената .... статус : академски граѓани хиерархиски : над тебе Го дефинираат и третираат како деградирачко моето мислење. Упатена критика де, не е ни критика укажување е. Освен телефон на тач, друг контакт со технологијата нема. Едуцирајте се, надоградувајте се.
СДК, дека очекував перманентен бан, а се најдов на листа за избор на 'Форумџика која ја одбележа 2018та.' 'Како смо се надали, добро смо се удали'
Ја сум љубов човек. Човек емоција. Се трудам да најдам љубов во се. Така ми е убаво. Мислам дека љубовта го движи светот. Верувам во искрена и чиста љубов. Верувам во луѓето. Ги има добри. Сакаат, помагаат, сочувствуваат, љубат, заедно се смеат, заедно плачат. Во тој свет ја живеам. Не ми требаат розови наочари, розов ми е светот. Така замислен.
СДК за пред католичкиот Божиќ е турбо на работа. Дефинитивно се осеќам уморно периодов, па на враќање поминав до маркет да земам сок со витамин Ц за да се освежам, ама се забутав во овој дел Згора на се и во ПМС сум, омалаксано се осеќам, ко крв да сум дарувала. СДК 2 Не знам за други, ама јас ако не се наспијам не можам да фунционирам. Ај одам да надокнадам спиење
Некои луѓе пред да ги запознаам во живо, значи уште кога ќе ги видам на слика, одма некако ме полнат со негативна енергија и ми се јавуваат чувства на одбивност. Но си викам не смеам да се потпирам на слика, нели сликата може да лаже, па ајде сама се убедувам да им дадам шанса на луѓето, и да ги запознаам... and... Во право сум била 99,9% од случаите. Значи какви што се по социјалните мрежи, исти се и во живо. Самобендисани, себични, носот да им падне не го земаат. Полни се со негативна енергија и сликите воопшто не ме лажеле. Воопшто да не правам муабет дека имаат сосема различни погледи и мислења од мене, па почнуваат со навреди упатени кон луѓето различно што мислат од нив, без да знаат дека и јас спаѓам таму. Еднаш или два пати ако ме излажала интуицијата...Затоа драги луѓе, слободно потпрете се на внатрешните чувства и интуција, пошто ретко дека ќе погрешите
Каков no lifer треба да си да пишуваш само и само за политика во f***ing 2 теми секој ден истото и истото?? Луѓе живот имате ли?
Се дури останувате без пари ради трошоци за дом, уредување, подароци, партали и слично, немате причини за жалење. Зошто не знаете колку е неубаво да останеш без пари за други неубави причини. Животиште.
Пред некој ден една членка прокоментира за мене демек тешко мажот шо ќе ме земе, у конотација на тоа дали сум се упикуела за да бидам Феминка на годината. Ја, нели наравно, сакав да и кажам дека може требаше ко неа трудна на 16 години да останам, па некој да МОРА да ме земе али оти сум госпожа на нивоу, си преќутев. А да, сакав и на оној од погоре да му кажам две три работи, али чекам да ме пукнат хормоните на најјако у ПМС... Поздрав, и вие двајца немајте убав ден.