Вчера добив толку љубов на форумот, никогаш не сум се чувствувала толку сакано од луѓе кои мислев дека немаат причина да ме сакаат. И ме разнежнивте. Стар член сум, долги години сум на форумот, ама се тргнав пред неколку години, се повлеков на подолг период. Се повлеков во најтешкиот период од мојот живот, во период кога несомнено ми требаше љубов и поддршка, па макар и од виртуелни ликови. Ама јас немав сила да зборам, немав сила да кажам. Се повлеков затоа што добивав многу негативни коментари и навреди од ликови кои не се веќе активни, но имаа таква пракса, да напаѓаат некого постојано. Дали пишував вредни мислења во тоа време? Апсолутно не. 90% од мислењата ми беа во форумски игри, во хороскопи, во вицови. Не затоа што верував во хороскоп, туку затоа што ми требаше релаксација, нешто тотално глупо и бесмислено, нешто што ќе ми ги тргне мислите од суровата реалност која ме опкружуваше. Години подоцна се вратив, уште првата недела од моето враќање ме пречекаа со расширени раце луѓе кои беа позитивно изненадени од промената во мојата комуникација, во мојата живост, но и луѓе кои го искористија моето минато за да ми се потсмеваат. Да ме навредуваат со тоа што отворено имам признаено дека сум посетила психијатар, или со тоа што сум пишувала во теми за хороскопи, а се правам некој "научник". Сум се чувствувала често повредено. Често сум била жртва на булинг и директно упатени навреди на форумот. Сум мислела и да го напуштам, што ќе ми е, нели? На крај полека сфатив дека не вреди. Полека почнав да ги игнорирам сите оние кои беа овде само за навредување. Дали директно, или да не им придавам значење на нивните зборови. Од друга страна, многу членови ми помогнале, на многу сум помогнала. И тоа е во ред. Има луѓе кои и вака виртуелно ме сметаат за човек од доверба и ми се обратиле за совет. Често и јас сум пристапила сама, кога видам дека некој има некаков проблем. И тоа е во ред. Јас сум добра, фала на прашање. Подобра од било кога. Опкружена со многу луѓе кои ми значат, и во реалноста и во виртуелниот свет. И со само неколку едноставни животни правила: 1. Не осудувај 2. Не прави ништо што би те повредило или тебе или било кој друг 3. Избришај ги од животот луѓето што те искористуваат 4. Биди љубезен. Кажи "добар ден", "фала", "убав ден", "повелете". Можеби тоа е единственото убаво нешто што таа личност го слушнала тој ден. 5. Помогни кај што можеш, ама само ако не си наштетуваш себе си. 6. Не премолчувај неправда. Ниту кон тебе, ниту кон други. 7. И најбитно: научи се да кажеш: "не можам" и "не сакам"
Aма ти ако си вакцинирана што има да му се секираш. Нивни деца, нивно гајле Па потоа и аргументот дека не си мајка, па интернет линкови итн, итн. Факт е и дека не постои научно истражување кое докажува дека вакцините предизвикуваат аутизам. Таквите тврдења се поради поврзувањата на возраста кога детето се вакцинира и кога се појавуваат знаците на аутизам.
Го обожавам мирисот на кромид/лук/праз во преполн автобус.. Си зеваат без рака на уста и се освежуваш. Да се разбереме, и јас јадам такви работи ама мијам заби, лапам 100 мастики и искачам.Во најмала рака гледам да јадам 2-3 часа пред да искочам.Од осет према другите де.
Птицата што седи на некое дрво никогаш не се плаши од кршење на гранката, зошто нејзината верба не е во гранката туку во сопствените крилја...
Eve mene mi stigna Pismo od xxx Helth care za vakcinacija na detevo, a detevo spored site zakoni e vozdrasno . Kako I da e ke se javam I ke rascistam ako stvarno ima nesto ispusteno neka primi . Kakvi cumi ima vo ovoj vek nema sansnsi da si go rizikuvam toa edno sto go imam. Glupavo e I na ovoj vek da mu kazam ne odi vo taa I taa drzava zosto nekogas imale toa I toa, a ti ne si vakcinirano. Ne treba da odi, tie ke dojdat Globalizacija
Зошто бе луѓево кои кога имале потреба од тебе (макар и само за давање информации), а на многумина им имам доста помогнато со тек на години не се сеќаваат ни роденден на социјалниве мрежи да честитаат? Фала Богу, никој не сметам за мој должник, но навистина е разочарувачки кога некој со тек на години целосно ќе заборави на тебе. Зарем луѓето толку станаа егоистични?