Сакам да кажам, кај ја запратив пекарата Булевар на инстаграм, сега се стрвам за елките кои ги имаа ставено вчера на стори. Да се отстрвам место да одам, да си напрам мои елки за јадење ...
Покрај контејнерот за ѓубре пред Систина некој потпрел спакувана, неотворена детска кукла со машничка. Ми застана некоја грутка во грлото. Еден предмет, цела приказна.
Кога ќе пишувате што како требале другите погледнете во себе прво. Вратете си ги филмовите наназад колку пати имате навредувано,исмевано, осудено, оговарано. Колку пати имате извршено мобинг врз некој член. Кога ќе си простите себе си, а и ќе побарате прошка од другиот тогаш имате права да зборувате за вашите едноставни правила и вашата совршеност. До тогаш се е глума.
Абе едно што научив, некогаш треба да бидеш себичен ако сакаш да успееш. Додека ние гледаме за другите, тие си гледаат за себе.. Сите не знаат што сакаме да направиме, што сме правеле и што планираме во иднина, а другите, траат и прават. Затоа нам ништо не ни успева во животот.
Сдк дека многу работи што ми изгледаа бесмислено порано, пополека добиваат некакво значење и поента. И дека, сите оние "стандард" причи, клише и сл, во себе носат некаква вистина, колку и тоа мене да не ми е драго... И така..
Сакам да кажам дека ден- два цела недела ми е понапред. Вторникот скоро тргнав на факултет баѓи порано зошто ми беше Четврток. Четвртокот за малку немаше да одам на колоквиум зошто ми беше Петок и во Петок немам предавања. Вчера ми беше Сабота и имам проблеми со лаптопот и бев разочарана зошто денес е Недела и мора да чекам до Понеделник (утре) за да одам на поправка. И зборам преѓе со љубенио и му длабам за лаптопот и стигнав да кажвам дека вчера касно ми умре и не можев да го однесам, а денес Недела не работат, па утре ќе го носам. И ми прај: абе денес Сабота е .... Па му кажвам дека цела недела ми е поттерана и ми вика дека сетил. Вчера на кафе го прашвав денес дали ќе одиме на кино, оти во Недела е филмот шо сакаме и го збунав, па ме потсети дека е Петок. Ах, почна да ми умират и последните две клетки во мозокот.
СДК , многу ми е убаво кога се возам со воз и си разгледувам природа околу мене. Посебно вака во зимски денови , возењето со регионалниот воз и природната зимска убавина ми ја смируваат душата
Сакам да кажам (2) утре ми е и Петок и Понеделник. Зошто ми е Понеделник објаснав. Ама баба ми е на контрола во Петок, и јас сум убедена дека Петок е утре и баба ми е на контрола утре. Дома се смеат мајка ми и брат ми дека почнав памет да губам. Брат ми се смеј дека на психологот му треба психолог. Е на кој не?
Еми замисли како ми е кога не ми текнува шо ден сме и ко ќе ми текни дека денес не е денес уствари. Не ја осеќам глата за моја веќе.
Добровечер на сите на форумот јас сум Бобо од охрид кој сакат да ме дружит немат проблем сакам нови пријателства
Кога гледам колку некои луѓе (особено жени) немаат ни основни познавања околу менструалниот циклус....