Старост е кога во недела, декември, се будиш во 5 сабајле после едвај 1 саат сон. Пиеш кафе. Си зборуваш со мачката. И... порачуваш маски против загадување и компресивни чорапи во различни дезени од алиекспрес. А што да се прави во ова глуво доба. А да, и си размислувам колку јебено многу го сакам. Со што го заслужив еве не знам?!?
Најсериозно тие што имаат време секој ден да седат цело време на фемина активно да ми позајмат бар 1-2ч на мене од слободното време. Немам време за ништо и 24часа во ден ми се малце.
Народов на јавни места да се обѕрнуваше толку и да преземаше нешто да помогне при незгодни и опасни ситуации (кога некому не му е добро, некоја жена/девојка е вознемирувана од манијак или воопшто кога се случува било каков булинг пред нив, некој исплашен го бркаат кучиња итн.), колку што им остануваат очи и малограѓански се згадуваат од обично обострано разменување нежности на истите јавни места (не дај Боже па ако се работи за истополов пар) - немаше веќе да го има тоа т.н. „фалење“ и „возвишување“ на хуманоста, бидејќи такви човечни гестови и реакции ќе беа нормална и вообичаена појава...
Да кажеш дека некој е постојано на форумов и животот го оставил овде е исто како да кажеш дека сите мажи/жени се исти. Малку преголемо искуство за еден човек. Малку премногу потрошено и наше време на форумов за да приметиме дека е некој активен постојано и насекаде. Спојлер Не се однесува конкретно на никого, на многу овакви изјави наидов деновиве, посебно со актуелното гласање.
Да се немало никаква почит спрема станари. ѕидот кај што ние спиеме се тресе. хилта уклучи чоекот у 12 на пладне и мува не го лази !!!! нит кажа комшии ќе работам нит гајле му е мене детево што ми вришти за спиење. деген од народ сме. А уште потрагично е што има закон за ова ама џабе ќе пријавиш. нервирај се и голтај си. зборете ми за живот во стан..
Смршно е колку сериозно го сфаќаат некои луѓе инстаграмот посебно ако немаат никаква придобивка од него и го користат само за да пополнат време. Не гледам зошто би купувале followers само за да имаат повеќе лајкови на сликите. Очајно. Ако немаш самодоверба да ставиш слика која тебе ти се допаѓа,не ја ставај. Нели се фајќа исто да имаш 150 лајка, да знаеш дека лајковите ти се купени, а реално имаш 5 лајка на сликата и да имаш само 5? Или битна е бројката за да не се чуствуваат како лузери? Еве не знам. Само знам дека многу значење се дава на една социјална мрежа. Се надевам еден ден ќе се среќни и животот ќе им е совршен исто толку колку што се трудат да прикажат на инстаграм дека им е.
Каков убав сончев ден, по малку снегче наоколу, по некој птичји цврцок и мир и тишина. Да посакаш да може времето да застане тука и вака засекогаш.
Сакам да кажам дека зошто "му" во Битолава ни е и за машки и за женски, па некогаш пријатно се изненадувам од некои членови. И покасно кога некој го цитира и пак го читам цитираниот дел сфаќам дека грешно сум разбрала, пак, зошто ние Битолчани сме ептен џендерфлуид.
Внука ми сега има две години. Уште кога беше мало бебе, баба ми (нејзина прабаба) од радост и милост и се обраќа со мило мое. По некоја логика во нејзиното мало главче, дека баба ми постојано го изговара тоа зборче, ова малово мисли дека постарите баби се нарекуваат мило мое Не ја вика баба, туку ја вика милото мое. Како титула. Кога ќе рече некој мило мое, неа ја асоцира на постара бабичка. Нејзините асли баби си ги вика баби, ама малку постари жени (вкучувајќи ја и баба ми) ги нарекува мило мое. Како покемоните порано што ги гледавме...Каков звук испуштаат, така се нарекуваат Сега пред малку се слушнавме со братучетка ми и ми кажуваше дека биле во продавница со внука ми, па имало некоја постара и пониска женичка, а ова малово зело киндер јајце и отишло до неа и и викала: Еве ти мило мое, земи го чоколадото за да пораснеш Едвај чекам да ја гушнам Како што знае да те насмее мало и невино суштество, никој не знае и не може.
Ќерка ми губеше поени последен пат на писмена по англиски.. Во преводот, за женски род 'му' пишувала.. Иди и ми вика: Мамо, јас знам дека е во женски род, ама дека битолски зборАМ, изгубив поени
Додека прааш маабет на мобилнио,а у меѓувреме шеташ и мааш со рацете,полесно ќе се разбераш и помаленка сметка ќе платаш.
Бумбарите летаат, а не можат според аеродинамички закони. Во атомот физичките закони се сосем други од оние надвор од него. Водата пркоси на некои закони за материјата. Постојат животни што се толку чудни што просто не знаеш каде да ги сместиш, како да ги класифицираш. А некој го здоболело оти хомосексуалноста била против природата. Ед- Природата е многу, ама многу повеќе од она што го гледате и ви се чини очигледно.
Прошетка при крајот на денот. Сонцето го снемува, пополека стемнува и станува поладно ама мене ме грее галењето со една голема влакнеста топка со бело крзненеце и шарено носе и преубави очиња полни со љубов. Ја галиш па си игра и се врти ту на грб ту на шепи и ја потфаќа мојава рака со двете шепи да ми каже јас ја водам играта, интересно ми е и те сакам, не те повредувам и гребам, ми годиш