На замаглен прозор ќе нацрташ човече што се смее, еден вид на мотивација за тоа како треба да го поминеш денот. Баш тогаш една роса ќе се слее надоле, право кон нацртаното око и ете веќе изгледа на солза. Една роса ќе те врати во реалноста.
Легни во 3:30, стани во 7:15. И така секој ден... не знам до кога ќе се издржи. И на крај од премореност не можам да заспијам Обврски еден куп, ми фали некој саат + во денот. Си викам, ај млада сум сега ми е време и за учење и за работа и за шетање, ама темпово ми е лудница Дај кажете како да се истурка неделава ( да не речам годинава )?
Животот е суров и многу неправеден. После толкава борба да станеш мајка и кога ја доби битката и конечно стана мајка на прекрасно ангелче ја изгуби битката за живот.. Уствари немаше битка замина ненајдејно, не ти даде животот ни право да се бориш,беше ангел на земјата сега си ангел на небото.Почивај во мир драга пријателке.
СДК дека за брак не треба само да ставиш потпис во матично, да створиш деца и после секој на своја страна. Ако нема доверба, искрени партнери, верност, комуникација, нежности, секс, делење на обврски по дома, поминување квалитетно време заедно (од пиење кафе, гледање филмови заедно, бош муабети, време поминато надвор од дома без деца итн), тогаш дефинитивно има некаков проблем. Кај многу брачни партнери после раѓање на дете се менува се, целата љубов и внимание се посветува на детето, немаат "време" за интима со партнерот, стануваат како брат и сестра, спијат во различни соби и бракот полека почнува да пропаѓа. Меѓутоа, да не бил партнерот, немало ни тоа дете да дојде на свет.
Дали денешниов ден ќе значи нешто по една година? Колку и да ситуацијата ваква или онаква, таа ќе се промени...
Најдволично ми е кога некој ќе ми рече: - Па кај си ти, се изгуби, те нема Епа кој шо сака да знае каде сум, секогаш може да најде начин да ме најде.
Хелоу мај дарлингс...енд сач. Расположение за понеделник, дали да одам прво низ фабрика да им испеам по една песна, или да одам до вц да си поплачам. Може размрсулавена подобро ќе звучам. Битно да се шири д крисмас спирит и новогодишна еуфорија вауууу партиии Повеќето од времето ми одговара да изигравам будала или кловн отколку да правам сериозни муабети. Сериозни муабети цело време си правам во глава, се прашувам дали ќе дојде некој момент кога на глас ќе почнам да разговарам. Може да си дадам и друго име на другата јас. И гласови да си менувам. Зошто не бев надарена со некој убав глас па да си певуцкам. Мака ми е за тоа. Ќе си пеев цело време. За танц сум така така, од сите жанрови имам денс мувс. Ако продолжам не знам на каде ќе ја свртам темава.
Во ова време најмногу се ценат манипулаторите и газолижачите и најдобро поминуваат,ама за жал неможеме да бидеме сите такви,мора да постојат и мутави како мене.
Сакам да кажам дека за да влезам во празнично расположение требало мајка да ми дај пари и да ми речи дека сака смена на лампиони и уште некои ситници за Божиќ. И ... Влегов во празнично расположение така шо дури и мои пари додадов за да земам се шо сакам.
Сдк порано имав безброј пријатели,другари,познаници,пред 10-12 години,бев менаџер на неколку дискотеки и кафулиња во градот,запознавање секој ден по најмалце 4-5 нови луѓе.дружби колку ти душа сака,се додека не се тргнав и почнав да работам сосема нешто друго,комуникацијата со многу луѓе си траеше,знаев да искочам пак во тие локали,како гостин нормално,да се ижуркам,да ја истерам негативна енергија,и да се дружам.Од кога почна во мојата фамилија,да си одат на небото еден по еден,тргнувајќи од мојата Мајка,мојот Дедо,мојот Чичко,Мојот друг Чичко,и некој другари,јас потполно се стишав,се повлеков од целиот Град.Од тој ден,па се до ден денес,ниту некој ми се јавил,ниту некој ме прашал како сум,на улица кога ке ги сретнам лицемери до немај каде,со муабети еј брат,кај си,ајде кафе да пиеме,да се видиме(ми се повраќа од муабетите),едноставно луѓето повеќе немаат корист од мене,немаат зашто да ме бараат,бегаат како душата да ќе им ја земам,а доволно е само едно искрено Здраво,како си,и се најубаво,никогаш не сум ни барал повеќе од убав и искрен збор.
Од проблеми денес на Танче: Сабајлево се разбудив прво во 6 ама имав уште два саати за спиење и си заспав пак. Арно ама, да сум заспала со дланката под образ на страната на која спиев, па кога се разбудив имав јасна црвена трага од дланка и три прсти на образот на таа страна. Изгледав како некој шамар да ми има удрено. Ама веќе требаше да излегувам, па земав пудра да го покријам. И го покрив. За малце ќе закаснев на факс дури.
Сдк човек не смее да спомне некој на форумов или не дај Боже да прокоментира нешто што некому не одговара. Одма војна кревате. Премногу лично се сваќате. Не чини толку да сте искомплексирани луѓе, поопуштено малце.