Сакам да кажам дека денес форумот не личи на ништо...срање го направија со тупење едно те исто...ми се повраќа од пача, од заштитниците на педери и лезбејки...ужас.
Слушам ретро песни што на времето ги денсавме во диско. Јас во негов преграт на едниот дел од креветот, додека тој меше ми гали, а мачор како паша оптегнат, се шири сам на другиот дел од креветот. Мал стан, мала соба, мала елка, а сепак пријатно и топло. Со годините сфатив дека големината е многу битна, ама само во душата.
Ме додаде еден на фејсбук за кој случајно дознав дека е геј. Похомофобични постови од неговите немам видено во живот
СДК дека мислам дека Марфи ми е најдругар. Место работите да се средуваат, пак пречки. Имам чуство, всушност немам, туку сите пари си ги даваме за лекови и храна за лек. Глава ми пука од калкулации што и како да се купи. Простор за луксуз нема. Простор да најдеш работа нема. А ти треба оти месчно мораш да си покриеш лекови и храна која здравје ти значат. Живот. Кому како.
Дечки, држ те се. Да помине онаа шегана од 2001 "не сме се виделе од лани" и ќе биде подобро! Верувајте ми!
СДК преку глава ми е од мајки на кои што секоја втора реченица им е " почекај ќе видиш како е" или па " е сега со деца дома кај ќе одиш помина тоа време" Драги мои.. па ако вас толку ви е тешко мајчинство па сега преку вакви фрази искажувате "правилен" начин има мајки кои се "себични" и животот не им прекинал ако станале мајки! И да!! Јас"себичната" сакам да се нашминкам и да напраам фризура за night out!
Никако не можам да ја разберам потребата од славење на Божик порано,зборувам за нашите странци кои во странција поставуваат цели софри на овој ден,а на седми не го ни спомнуваат "нашиот Божик"...мислам океј е,со години се таму и сосем културно е да честитаат на колеги и пријатели од чиста култура,ама не мора вака да се возбудуваат. Јас разбирам дека овие денови владее празнична магија,еуфорија и што ти не насекаде,ама пак не мора да славите и дома бре,кога веќе се декларирате ко Православци Морав
Пред многу години ја имав првата љубов на прв поглед иако не верував во таква.Бев премногу заљубена иако знаев дека нема да сме заедно,еве поминаа години јас колку и да пробувам само него го сакам,само него го замислувам до мене,тој беше како мојот принц од бајките,но јас не сум тпринцезата.Да имав право на една желба ќе посакав дете од него кое ќе биде исто како него за да можам него да го сакам,но ете ни тоа неможе..
Многу е интересно кога си во ново место, а некој што веќе живее таму илјада години има изгубено осет за ориентација. Ти кажува кај да се качиш, како ќе се движиш и кај да се симнеш. И така полна со самодоверба и леснина си патуваш, ама наместо кажаното лево, вoзачот врти десно и наеднаш ти паѓа мрак пред очи... Mini fu*king heart attack. Така узбуџена и вознемирена се симнуваш при прва прилика, се јавуваш и кажуваш што ти се случило, дека си изгубена во простор и време, а од другата страна на телефонот личноста смирено ти вика: -А па да, заборавив дека прво десно, а после лево и ќе стигнеш. Значи седи кај што си... Да седам? Малку доцна ми кажуваш да седам. Сите автобуси, трамваи, возови, летечки објекти ми поминаа, а јас кутра во некое забаталено место останав. Среќа мапи постојат, инаку многу е лесно да си кажуваш кој каде да се движи така легнат од кревет амебо една.
Било убаво да не кажуваш се', ако навредуваат други, да се вклопиш со тоа што и ти ќе навредуваш. Дури и кога си ист како тој кој е навредуван. Убаво било да се ќути, да не се бранува водата. Ќе си настрадал ти. Не вредело. Светот немало да се смени. Ако сите така размислуваа, сеуште во пештери ќе живеевме.
Секакви луѓе ни влегуваат на работа уште Дедо Мраз не влегол. Е тоа чекам и врвно ќе ми биде да си порача пиво. Ко за понеделнички не е лошо.
Јас не сум јас ако не ми почне денот со ептен горко, јако турско кафе. Вчера прочитав за некое си истражување кое го спровеле и дошле до заклучок дека тие што пиеле такво кафе всушност биле најголемите психопати. Глупости, јас пак уште по забегана што се и сешто читам. Неврмајнд уживам у моментот .