Никогаш нема да ми стане јасно зошто некои, кога се нервозни, нечија мајка спомнуваат. Па кои гадни пцовки човече. Секоја чест на тој 1% од популацијата кој се двои тука.
Сабајлево сум hot mess. Алармот ѕвонел у шест ипол, јас се будам у девет. Прво станување од кревет одам до купатило и што ќе видам..никнала една бубуљица нааа гајтан. Брзо мултитаскинг интервенција како на филмовите, со пудра, коректор, сенка, за на крај кога во потполност го отворив левото око да видам дека...сум ги помешала тубите. Наместо пудра, сум почнала да мачкам од новиот течен бронзер по фаца. Моментално еве ме, седам на тастатура, ви пишувам, а у ќошот од окото од време на време ме заблескува по некоја Тутанкамон светка која веројатно до Ѓурговден нема да успеам да ја избришам од суратот. Јаготка на шлагот утрово е што ги заборавив јајцата во тенџере. Јадните испопукале на сите страни, а жолчката мимикрично се претопила во нов изрод. Така е кога денот ќе ти тргне во сеќавање на сон во кој Мелита во пењоарка му сипува шлаг на Сашо Мијалков. Don't ask, cause i don't want to talk about it. Ептен ќе каснам со обавези, али сепак - Добро ви утро.
И на нас форумот не ни личи на ништо од "иновативните" теми кои ти ги отвораш, ама па и не е дека некој те прашува што ти одговара а што не. Ако не ти се седи на форумов, тогаш не седи
Да го фатам СДК за раце додека сум во малку подобро расположение. Можеби ќе се смени додека пишувам. Можеби на крајот повторно ќе избришам. Како многу пати оваа година. Зборовите се бришат, моментите остануваат... 12 месеци, во нив денови, часови, минути... И доаѓаат моменти кога се преиспитуваш, колку си живеел во секоја секунда од нив, колку си давал љубов, и колку спомени си креирал. Ќе си замине некој од животот, од светов, дел од тебе, од се што си ти... и се распаѓаш. Сфаќаш дека се смалуваш, се губиш, како да си губиш од вредноста. И си ги стискаш сите околу себе за повеќе да не жалиш за пропуштени секунди, ама факт е дека во светот не постојат доволно секунди и време за се што сакаш некому да кажеш и држиш во прегратка, кога веќе треба или ќе си замине... Бев повредена, разочарана и уништена. Од истата личност што очекував, и пак денес да ме повреди и разочара. Некои работи никогаш не ги учиме. Дека некому не му значиме исто како што тие на нас. Дека сме направиле да биде делче од нашата целина, ама ние сме всушност посебни делови во неговиот живот. Ја испратив претходната година со страшна дијагноза, ја дочекувам следнава без напредок. Те боли душа за луѓето што ги сакаш, пред твои очи се кршат, се борат, се држат за најтенката нишка од овој живот. И колку и да изгледало невозможно, сфаќаш дека продолжуваш, продолжуваме сите. Нема друг начин и друга опција... За некој друг, за себе, затоа што сакаш да живееш. Година кога си го уништив здравјето и заглавив по болници. Година кога изгубив нешто многу драго. Година кога ни роденденот не си го прославив. И ви пишувам, се е во ред, затоа што тоа е животот. Нема еднорози и виножита, само постојано движење и борба за подобро. Ја испраќам оваа година со силна надеж дека ќе биде подобро и дека ќе работиме да биде подобро. Ви посакувам да си ги стиснете до срце оние што ги сакате, да подарите време и внимание затоа што тоа е и бесплатно и најскапоцено. Можеби во некое ќоше од денот ќе си поплачеме за се што изгубивме, затоа што таа болка никогаш не престанува, ама ќе се собереме и ќе го гушнеме денот за да бидеме благодарни за тоа што сега го имаме. Ве сакам, некои повеќе од другите
Сакам да кажам пред "пола град" се избрукав. Одам до печатница за брат ми, кај шо печатев последно линолеум пред 10 години. И одам читам печатница и влегвам - празна канцеларија. И се качвам по скали и читам: - 0.1 калорија, следна скала - 0.2 калории и се качвам и се думам зошто на печатницата му треба мотивација со броење калории за секоја скала али сепак мислев дека е иновативно. И се качвам и отворам - теретана. И место да се извинам и да кажам дека е грешка, или да импровизирам да прашам за цена. Јас му викам: "не е ова печатница?" И ок, ја најдов печатницата. На враќање пак задумана, место во печатницата, врата понапред влегов во едно за пвц нешто пишеше дека е. И влегвам ме гледат. Ги гледам и му викам: "Ноуп. Не е печатница." и излегов. Нечоек. Брука.
Која е потребата во маркет да ги уништите сите новогодишни пакетчиња кои стојат на рафт и треба да се продадат? Значи, конкретно во КАМ маркет во ГТЦ сите можни пакетчиња беа уништени, картоните искинати до тој степен да не може да се пипнат, производи расфрлани на сите страни, машни извадени и фрлени на страна. Каде ви се манирите, осетот, културата? Кое е задоволството да земете да уништите нешто и да си отидете без око да ви трепне?
3 убави вести во пола недела.. не ќе да е на арно си велам. Премногу мрткаше линијата на животот.. нема баланс. И оп денес вести-страотна сообраќајка. доаѓам на работа-погребот е утре. животен баланс. тоа е тоа.
Не треба да ги дефинирате луѓето според тоа како се однесуваат исклучиво кон вас, туку и кон другите. Ако знаете дека некој третира многумина во животот со негативни чувства и постапки, ама сепак се оградувате и слепо го почитувате без да му укажете ништо, бидејќи е добар со вас - тоа не е фер размислување и однесување, туку себичност. А во некоја мера и одредени ситуации би рекла и наивност, во смисла на недостаток на преиспитување на намерите зад таа „добрина“ по исклучок баш кон вас.
Стојам пола саат пред пријавата за полагање предмети за матура и се мислам кој да ми е трет екстерен предмет и се прашувам дали уопште сум спремна ја за 2019та и сите одлуки во неа што ми следат кога сум вака неодлучна и несигурна. Уште ова ми требаше вака ко пред крај на годинава. Некаде читав дека една од најголемите животни кризи (т.е прва животна поголема криза) се случувале кај човекот во периодот крај на средно и почеток на факултет. Епа, изгледа прва фаза од животните кризи ја достигнав. Ова било тоа растење, а? Не ми се допаѓа, вратете ме назад у времето.
Сакам да кажам кој ќе ми донира зелена боја за колачињата, ќе му ги дам сите да ги изеди. Во пол сат дур ми седи тестото трчав од продавница во продавница по прехрамбени бои, и во маркет влегов и нема зелена и нема. И испеков колачињата и сега одам малку подалеку да барам зелена боја. Мајка ми вика дека не сум била арна да трчам по боја ама то е. Дур и на другарка ми му се јавив, зборнав со брачеда ми, кај ви се зелените, аман.
Битола сум Лили. :') Сега со тешки маки се преслеквам. Сакам да ги шлакам колачињава ама ич не ми се станва од кревет.
Замаглени прозори.. тук там некоја снегулка, омилениот мирис на новокупената свеќа, божиќниот декор.. си ја ставив фотељата до парното, си направив какао, си земав по некој чоколаден бомбон од бомбоњерата и си грабнав ќебето до мене. Серијата што ја гледав ми заврши.. Но не ми заврши тој еден или два часовен луксуз сама со себе, на тишина, на топло и темно.. На некој начин тоа ми е бегањето од реалноста, одмарањето психички правејки ги работите што ги сакам и релаксирајки се . Сите имаме едно нешто такво. Таму некаде ..еден штеќер и полнач, па седнуваме и го ставаме полначот во штеќер.
2. јануари ќе бил неработен ама ќе се одработувал во текот на годината бидејќи не бил законска одлука, туку одлука на владата на РМ. Па озаконете ја одлуката за да не мора денот да се одработува!
Најубави разговори ми се оние случајни, со луѓе кои случајно ќе влетаат во мојот живот, баш тој ден, баш на тоа место. Вчера имав прилика да си поправам муабет со жена, жениште. Уствари не знам како да ја наречам. Толку позитивна, убава и прекрасна личност навистина не верувам дека пак ќе сретнам таква друга...Има, постои, ама јас нема шанси да ја сретнам во овој живот повторно. Имала и таа и падови, и нервози, и непирајтни моменти во животот, ама со еден поглед ти пренесува еден тон позитивна енергија. Знае како да си го негува телото, умот и најбитно духот. Знае како да се цени себе, без да ги понижи останатите. За некого себична, ама па за среќа неа не ја интересираат туѓи мислења. Но според мене воопшто не е себично ако се затвориш сам во соба да си читаш книга или да си направиш купка. Не е себично ако ги оставиш децата на чување додека ти со сопругот си поминуваш квалитетно време заедно. Не е себично ако сакаш да имаш успеашна кариера, па макар и по цели вечери да работиш. Знае да им обрати внимание и на децата, и на сопругот, и на старите, и да има многу успеша кариера. Така лесно балансира на сите полиња, што секој би помисли дека животот и е бајка. Имала три ќерки, од кои средната била на моја возраст. Значи и мене може мајка да ми биде, а да ја видиш ќе помислиш има 30тина години. Моника Белучи може вода да и носи И на фаца и на тело. Ми кажуваше дека секогаш ќерките ги учела да си се грижат за себе пошто на никој не може да му биде гајле за тебе, ако лично тебе не ти е. Ни најблиските домашни, ни партнери, ни пријатели...Сам ако не си одвоиш време за твоето тело и дух, другите можат само пепел да ти турат. Во денешно време трчај ваму, трчај таму, и некако забораваме на нас самите. Така и јас перидов некако психички се запоставив. Џабе физички вежбам, кога не си обраќам сама внимание на својот внатрешен дел. Женава ми дојде како порачана да ми ги отвори очите, да видам што уствари јас правам со себе. Чест ми е што поминав мало ама квалитетно време со таква насмевната и прекрасна личност. Навистина некако ме разбуди во ова ладно време и ми ги отвори очите.