Денот започна со порака од него, "Сакам те повеќе од се, и само ти си ми во мислите. Ако некогаш нешто сум сакал, тоа си била ти. И не заборавај, ти си единствената личност на која можам да се сетам во кое било време и да се насмевнам и почувствувам убаво". И така, по неколкупати прочитаното, ја изустувам напамет. Со што ли јас заслужив ваков човек не знам. Но, и не прашувам премногу. Само знам, дека ми ја стопли душава.
Се ужаснувам од луѓе кои зборот жена ги асоцира единствено на личност со кецела и витлери на глава која секојдневно се држи за џогерот и повеќе од 3 соби не видела без мажот. Мразам кога ми тријат сол од глава луѓе кои се очајни губитници и имаат дигитрон во рака со кој се нешто пресметуваат, а притоа не гледаат дека се фундаметално глупави за математика. На овој свет не се сите родени за да бидат успешни родители. За некој успех претставува фамилијата, а за некој тоа е кариерата, си ја жртвувале младоста, се бореле и откажале од најмилото за да успеат во својата цел. Има жени кои сакаат да бидат ценети заради парите кои ги заработуваат преку својата успешна кариера, а не заради начинот на кој ја држат метлата. Тие жени не се срамат да кажат дека не се спремни да спржат јајце, освен ако јајцата на партнерот не се на денешно мени и не се плашат од помислата дека ќе останат сами засекогаш, затоа што веќе се научиле да бидат сами и тоа било нивна одлука која вас најмалку треба да ве интересира. Дигитронот на кој ги сметате туѓите животи ви е вишок, пробајте да направите нешто повеќе во животот затоа што добар дел од вас при првото делење од мајките нема да знаете газот да си го избришете, и не се интересирајте многу за мојот кревет и дали ќе оставам поколение или ќе умрам сама во Викторија Сикрет долна облека. За промена, измерете ја вашата храброст надвор од виртуелниот свет, а не да покажувате некултура и дрскост со вашите вулгарности и престанете да лепите етикети седејќи зад мониторот и криејќи се под псевдоним како кукавици. За разлика од вас, јас не сум испушила Арапски полови органи за да дојдам до функција, единствено Арапско нешто што го пушам со сласт е наргилето. Ако вашата мајка била Чичолина, тоа не ви дава за право да генерализирате дека нема поголема д*оља и полесна жена од европската која се обидува да успее во машкиот Арапски свет. Некои жени се спремни да изгубат се на патот кон успехот, но последна ќе ја изгубат гордоста. Тоа е она што вие со лешник наместо срце во градниот кош никогаш нема да го сфатите, за жал. Успешна и независна жена е нешто што маж никогаш нема да поднесе. Им пружам рака на таквите жени и се надевам ќе знаат да одберат животен сопатник и пријатели, бидејќи има се повеќе малоумни кои не заслужуваат ниту да им го осетат парфемот.
Да ви кажам нешто за врв на нервоза... Тоа ти е кога буквално сè што може ти тргнало наопаку и си викаш ајде бе "биче боље" дај барем да седнам да учам, барем ќе имам некаква си корист од тоа. И бап... Ти идат гости кои си седат еве веќе 5 саати и според муабетов, ми изгледа оти нема шанси да си заминат скоро. Аххх... Ќе зеам ќе бесам некој, ми пропадна златен ден.
...Ги сакам промените.Барем јас позитивно гледам на нив.Ова лето имам цели кои сакам да ги исполнам. Сакам да составам список на здрава храна,да променам фризура,да пронајдам нови книги за читање Спојлер ( а кога веќе сум кај книгите за роденден си добив 3 книги , и тоа погодени ми се Баш ме интересираше дали на некој ќе му текнеше за ова,ама ете се сетиле ) ,шопинг,уживање во летотоо ....... Многу ме радуваат ситниците.Една песна да слушнам веднаш ми го разубавува денот, а после не престанувам да ја пејам Ама добро,не штети доброто расположение Го обожавам мирисот на цвеќињата,го сакам тивкиот ветар кој подунува додека седам на терасата.... Убавини.... Убав е животот,максимално треба да се искористи и да се ужива ** Дрим побрзо да оздравиш Пријатна вечер на сите
Завршив со учењето,со поправањето оценки,кај и да е ќе почне распустот. Искрено воопшто не ми се оди на училиште,но многу ќе ми фалат другарките,премногу. За кратко време се зближив со сите,конечно некој ме прифати онаква каква што сум,со сите мои мани и предности. Ќе ми фалите најмили мои. Оној кој има вистински другарки-има се !
Решив летото да го искристам максимално. Секој ден како да е последен. Бидејќи дур да трепнеш,се ќе заврши. Сакам ова лето да си го направам најдобро до сега, да пробувам нови работи, без подоцна да се каам. Си направив листа на се што сакам да направaм летово, не очекував толкава да испадне.. Се надевам дека се ќе ми се исполни, и дека летово ќе ми биде навистина за паметење.
Што да кажам освен што сум исполнета времето ми е исполнето ангажирана сум во нешто корисна сум си за самата себе имам работа која си ја ценам и сакам чесно заработувам се движам со луѓе се дружам си го имам мојот сакан здрава сум и жива мојте најблиски исто така....СВЕ ОСТАЛО ЈЕ НЕБИТНО
Што да кажам, сакам да ги тргнам мислите претешки се, преболни како планина на градите да имам, се чуствувам дека неможам да дишам тежнее, се трудам да бидам позитивна, се трудам да сум трпелива , колку пати ми се прелива чашката, пуцам се убивам себе си, а пак молчам , сакам да сум позитивна сакам да расположам лугето, блиските за нив вложувам голем труд, колку пати во себе си викам леле неможам уморна сум несакам несакам зошто да се трудам зошто тие никој не се труди за мене, ама пак таа мисла ја потиснувам и пак одам иако знам дека не им значим толку ама вложениот труд од мене за нивната насмевка бар малце ми исполнува ,иако тоа се се заборава многу брзо и пак се истите себични, завидливи, алчни ....
Имав прилично досаден ден поминат во гледање серии и непрекинато јадење, со излежување во кревет и плус слушање на некоја тажна песничка. Ми требаше време да бидам сама, да си расчистам мислите, да одморам и да бидам малку оф од се'. Такво ми е расположението, немам желба за ништо, како дел во мене да е мртов. Ја слушав песнава.. http://www.youtube.com/watch?v=8SbUC-UaAxE И некако ме замисли крајот „Don't ya think that you need somebody, Everybody needs somebody“ Исто така и ова. Do you need some time...on your own Do you need some time...all alone Everybody needs some time... on their own Don't you know you need some time...all alone Толку некако ме допре, на некој чуден начин. Ме облеа некое чувство, непознато нешто, не знам дали беше добро или лошо. Повеќе ми изгледа лошо да беше, како тага и осаменост. Имаме дупли петок сега, веќе ги сакам сите денови од неделата. Само сакам летово да бидам малку продуктивна. Имам некои планови. Гледам дека ми е истечено членството во библиотеката, на 10 одам да се зачленам. Ќе читам книги, ќе пишувам и ќе цртам. Ќе слушам нови бендови, ќе читам нови цитати и ќе откривам нови филмови и серии. Не е баш продуктивност тоа, ама за мене е добро потрошено време.
Поминаа од прилика шест години, откако пред зграда отворија еден супермаркет. И кога коооонечно после толку време научив каде стои зејтинот, шеќерот, брашното... Тие сега нашле да го менуваат распоредот од корен. Значи кај при секое одење во продавница одам со список со продукти, бидејќи кога ќе стигнам во продавница се' заборавам... Сега треба и со стрелки да пишувам: млеко ---> леб <---- ѓумбир ---> карши лебот <--- до вратата. Ооооф, на тешки маки сум сеа. Ако наредниве денови наеднаш ме снема, да знаете дека сум се изгубила во продавница.
Буци туци муци, епа потегни ми Спојлер курц(и) Доста веќе беше! Три дена по ред ја слушам стрина - ми како си игра со братучедка - ми која има 5 ипол годинки. Сто пати и беше кажано дека не треба повеќе така да разговара со неа и дополнително да ја разгалува, ама таа како оса на лубеница се запнала, и пак истото! Си реков одјеби веќе Вал! Нема да те вади од такт нејзиното лигавење и арогантно судење на секој од нас редум. Од утре нова песна... И денес рано си станав, се наполнив со позитивна енергија од свежиот утрински воздих, си сварив фино утринско селско млекце, си нарежав шунка со кравјо кашкавалче, ги ставив во топлото лепче штотуку извадено од фурна, мх мх абе мераци! И замислете, таман да гризнам, слушам ми глуцка нешто. Излегувам надвор и во дворот ме чекаше една мошне експлицитна глетка. Стрина - ми ја гледам со повраќаница на косата, а братучедка ми расплакана на сиот глас јури на сите страни. Ја прашувам стрина - ми што се случило, а таа ни две ни три ми дава еден поглед попреку, небаре јас сум ја повратила. Дур да сфатам, го гледам стрико - ми (кој е многу одлепен впрочем), натегнал цревото, пуштил чешмата до максимум и трча, ја прска стрина - ми по косата, а оваа фати да вришти и трча во дворот како улава, бетер од малава. Ми се чини не само моите, туку цело село го кренаа на нозе рано по сабајле! Ама за да биде целава ситуација уште по драматична, после малава ни објасни што се случило, пошто стрина - ми не ја бидува за раскажување... Она уствари и турила сладолед од чоколадо и го ставила во такво специјално чинивче долу на бетончето до цвеќињата, и во меѓувреме се замотале двете по вода не знам ти што, и кога се вратиле малава да си лапнала, и дури во устата приметила нешто одвратно горко и какано. Само како стрина - ми се нашла под неа кога повраќала ни е потполна мистерија, не успеавме да разбереме... Тоа уствари да ти бил измет од кутрето Роко што го чуваат. Како и да е, на крајот сите слатко си се изнасмеавме, освен стрина - ми секако која е злоба злобосана. Епа, искрено така и требаше! Пошто памет без усул почна да дели деновиве откако стасавме таму. Затоа едвај чекам да си ги собереме парталите, пут под ноге и дома.
Свежа вечерина, мирис на доцна липа од гранките кои мечтаат да ги допрам, со огромна шолја горко излaдено кафе и глас на Лана кој немам навика често да го слушам, немо ги гледам сите ќошиња кои мирисаат на некои заборавени солзи, ја вдишувам горчината градов кој ми е на дланка. Ноќ исполнета со милион прашања чии одговори не сакам да ги слушнам. Почнав да се откажувам, а тој го разбуди авантуристичкото во себе. Почнавме да си менуваме улоги.. И во момент кога ќе помислам дека се пронајдов себеси, дел од мене почнал да бега.. Не ми прилега подобра улога од онаа на вечен патник.
Шеташ низ град и гледаш еден голем број на сингл девојки кој седат низ кафичи со другарки или сами јадат семки на клупи и манијачат наоколу ... и се прашуваш кај се бре машките , и ти текнува кој на фудбал игра надвор , кој дота дома игра @Doglover , голема листа , али знаеш како викаат , зашто ова лето кога можеш другото лето
Јас што сум еден од поновите челнови велам дека СДК не е тоа што беше а веќе пола година сум туку ... Затоа и ве разбирам вас постарите членови кога кажувате дека форумот не е тоа што бил посебно темава воопшто не наликува веќе на ништо посебно,дека немате инспирација за пишување. Веќе ми фалат и чуствувам како секојдневно ми недостигаат мислењата на феминките кои барем еднаш во денот пишуваа по нешто добро овде,нешто што можеше да се прочита во еден здив ... Да не го предадеме форумот на оние кои го рушат квалитетот кој што претходно бил граден. ...морав да го кажам оваа мораав ! Имајте добра ноќ
Мислам дека секогаш во сеќавање ќе ми останат овие Непроспиените ноќи, ко ќе мислиш шо ќе биди и како ќе биди и дали нешто ќе биди од то шо се надеваш. Иди иди несаницеее, да не видим твоје лицееее Абе со душа чекам да ми заврши последниот испит понеделник, не спијам, не јадам, а немам воопшто ни апетит и желудник расипав и се, немам концентрација воопшто, семестарот ми е ужас ако го исчистам во септември арно ќе биди, на то искрено се надевам. Нека ми е, дупло пострашни и понервирачки работи идат во животот...