Сите оние што мислите дека како мајки имате ексклузивно право да коментирате во секаква тема за мајчинство, повелете префрлете се во една од купот верзии на Женски домаќински муабети, исклучете си кирилица да не ви арчи екстра струја ко што се мајтапеше Турунџиева, и терајте во друштвото на mamicki. Е, таму може да ве тапшаат по рамо дека сите интелигентни и еманципирани жени кои си го знаат правото да коментираат без разлика на возраст, кои ќе ви укажат околу небулози за бајачки, магии, колку вакцините не чинат, лош правопис и општа култура - ви се исмеваат непотребно и имаат предрасуди. Па и ќе ви ги банираат таквите, да не ви ја рушат идилата со интелектуални „тупења“. А ова тука е форум, за дискусија меѓу луѓе од сите возрасти, на кој уште владее здрав разум и аргументи. #ФМП
Замислете го капацитетот на човечки мозок 'надграден' со квантен процесор и РАМ од неколку терабајти? Делата на Артур Ц Кларк и Исак Асимов, се за 20тиот век, она што тие на Жил Верн биле во 19тиот. Не научна фантастика, туку 'визија за иднината'. Колку ми е криво што нема да видам се' што ќе има да се види за 200-500-1000 години. Се разбира, ако не се самоуништиме во меѓувреме
Правам свирепа селекција во дружба со луѓе. Па ме квалификуваат како антисоцијална нешто. Простете не ги гледав вчерашните вести, собирам информации за светот во кој живеам од порелевантини извори на посовремен начин. Не читам жолта штампа и гајле ми е дали носела гаќи Рада на последниот настап. Немам време да дремам по фб групите кои се содржински натрупани со булшит постови од рандом луѓе моја возраст и оние кои така се чувствуваат. Мудо молчам, не затоа што арогантно се гледам во нагорна линија над вас, туку затоа што вашето секојдневие е една таква рамна линија. Без прескокнувања, динамична и идентична. Од денес за утре агендата е иста. Истата турска серија во истиот термин. Истиот ноќен клуб, истите сељанудури внатре ќе се тепаат пијани а ти ќе ги анимираш отсутните од настанот со снимка од истиот. Досадно е. Идентично. Немате желба да го прошетате светот ? Или барем околината ? Потреба од било каков адреналински налив ? Зошто ви е сеедно што водите таков живот, а располагате со барем вроден интелект кој би ве алармирал за едноличноста ? Секое отскокнување од шемата е вешто регистрирано и строго осудено. Имам одредени очекувања за ова време поминато овде на земјата. Немаме заеднички интереси. Молкот е воздржаност, не срамежливот. Свесно се дистанцирам.
Го презирам нашиот менталитен на пикање нос во туѓи животи и приватности,се надевам еден ден ќе се исселам од државава тоа ми е најголема желба ама по можност на место без балканци,барем не со таков карактер.
Срцево колку ми е исполнето, не постојат зборови да се искажам. После година дена конечно со најмилите мои.
Многу луѓе и покрај тоа што е многу очигледно што им била намерата никогаш на крајот нема да ви ја кажат вистината. Зошто? Најверојатно бидејќи и самите веруваат во лагата која ви ја кажуваат или пак не сакаат да признаат дека ве излажале.
Не се секирај. Технологијата оди напред. Можеби ако поживееме доволно долго ќе најдат начин да ни ги балсамираат и вакумираат телата во вечните почивалишта, за кога ќе дојде судниот ден, и техонолошки напреднеме, да продолжиме со животот. А кога сме веќе тука, јас на пример имам една желба.. кога ќе умрaм сакам на плоштад до Ацета да ме стационираат. По можност под неговите зрели бакарни јајца, за да се чувствувам гордо, патриотски и македонско.
На прашањето 'Што е моќ?', мојот одговор е - парите. Парите ми даваат чувство на моќ, слобода, сигурност. Кога имам пари можам да си купам скап парфем. Можам да отидам на патување. А можам да купам и стан, и кола. Се додека ме држи снагата и не ме издаде паметот, јас ке можам да спечалам пари, денес за мене, а утре, здравје, за нив.
@Rebecca_R Способноста на личноста да изнајде начин да заработи пари е моќ. Парите имаат моќ , ама таа моќ е ограничена до моментот кога ќе останеш без нив. Затоа способноста да заработиш пари претставува поголема моќ. Ќе ти даде некој пари и ти ќе ги потрошиш и каде е тогаш твојата моќ, ако немаш способност да ги заработиш одново?
@RAF Camora немаме иста дефиниција за моќ. Ако можеш сам да станеш од кревет наутро, сам да го измиеш лицето и да појадуваш, ти имаш моќ. Здрав, прав - што повеќе ти треба? Не знам зошто има потреба да споменеш давање или подарување пари кога јас конретно пишав дека јас самата печалам пари.
@John Snow ако си способен да изнајдеш начин да заработиш пари тоа е поголема моќ од тоа што во моментот имаш пари. Но што правиме кога ќе ги потрошиш, а не си способен повторно да ги заработиш? Што има поголема моќ според тебе? Се согласувам со тебе. Јас само се надоврзав на твоето мислење. Инаку го наведов како пример за полесно да ја доловам поентата, не се однесуваше лично на тебе.
Епа батали кога ќе разбереш ќе правиме муабет. Не знам на кој начин да ти објаснам. Значи секој човек има некакви способности така? Дел од нашите способности ни помагаат во тоа да се истакнеме во општеството и да бидеме подобри од другите. Компаниите на пример тоа го прават преку воведување на иновации се со цел да бидат поконкурентни на пазарот. Луѓето тоа го прават со помош на своите идеји . Способност да направиш пари е всушност збир на повеќе сегменти .
последнава година немам време ни една епизода од серија да изгледам. порано знаев и цел ден да се исклучам и серии да гледам ,аххх тхе гуд олд дејс
Од срцеви удари денеска, ми падна телефонот во wc на 1см до отворот и секунда фалеше да пропадне, да не беа моиве извонредни рефлекси. Сето ова само заради тоа што прв пат заборавив дека сум го ставила во задниот џеб од фармерките. Ми се потскрати животот. Ме лазат морници уште кога ќе се сетам.