Последен левел на нервоза т. Е. Празнење на нервоза е терање се по список на дотичната личност и колнење .. Крајна фаза Да, да Колку само злобни луѓе има. Да бе проколнав, ама не сум јас само изгледа. Колку само има злоба дури и од фацата му се чита. И не ми прави само мене вака на сите. Прости ми за колнењето Господе и помогни им не знаат што прават.
Ми се случи еднаш истото, и падна во дупката, и промислив две секунди и бркнав со рака и го извадив. Арно беше чиста водата После во ориз стоеше еден ден и потоа уште долго го користев...
Те прашува што ќе правиш ако немаш пари? И што ќе правиш ако немаш сила и способност да ги заработиш?
Кога претпоставен ќе ти е некој со докторати еден куп, специјализации, прошетан сегде по светот на научно ниво и ќе се појави некоја мивка да ти рече дека треба тој гугл да го прочита ти иде да си плукнеш у огледало што си се родил овде. Е до толку срам човек да го фати.
Никогаш не ја сфатив убавината во пукањето на петардата. Која е таа возбуда да користиш пиротехника за да ги плашиш луѓето?!
Братучетка ми веќе не јадела јаболка, пошто во градинка им кажале дека едно јаболко на ден те чува подалеку од доктор, а татко ѝ е доктор па и било страв да не избега далеку човекот Зошто јаболката да го држат татко и далеку од неа? Зар татко и ќе ја напушти ако јаде јаболка? Има ли војна помеѓу јаболката и докторите? Трауми од детството. I love this girl
^ Цел живот имам трауми од тоа петардите и никој не сакаше да ме разбери. Ме тераа со сила од дома да излезам кога вака пред нова година на секоја минута пукаа петарди. Си мислеа дека глумам и претерувам, а мене навистина ми е премногу страв и ми влијае на психава. Измачување ми е буквално. Еднаш скроз до мене ми пукнаа петарда.. Не знам како го преживеав тоа. Се криев и плачев од што бев истрауматизирана. Сега не до толку ама сеуште го имам стравот. Треба построги закони и казни, и за оние кои продаваат и за оние кои купуваат. Очигледно е дека сегашниве не се почитуваат.
СДК колку само на некои возрасни личности им е тешко да кажат некому "извини"додека постојат мали човечиња во развој што без проблем ќе ти кажат извини ако турнат или скршат некој предмет,е од овие вторите ми се растажува душата кога со мало и тивко гласче ќе ми кажат извини....онака растреперено и исплашено мислејќи дека ќе ги карам
СДК користете го секој ден и момент да поминете со семејството... Не се вознемирувајте за ништо..... Јавете се на старите пријатели, прашајте ги како се... За сето тоа стануваме свесни кога ќе дојдат последните моменти од животот....
Љубов кон себе??? Ќе ја разбиете дневната агенда со слободно време за себе, на репертоар ќе ставите внимание, ќе си подарите среќа и ќе блесне насмевка... Зад завесата на оправдување се кријат возможните нешта.
Неможам повеќе да го издржам овој притисок,подобро да ме нема и така сите ме бараат само кога им требам и гледаат само корист во мене вклучувајќи ги и домашните што не пропуштаат прилика да ме нападнат безврска без некоја посебна причина,и така кога ќе ме нема нема на никој да недостигам освен за нешто што им треба
од "не знам како да реагирам на ова" работи, денес издвојувам ова.. https://twitter.com/i/status/1078353806017118209
Сакам да кажам дека уште малку ми фали до онаа старата јас. Всушност едно дугме за да избришам некои нешта. Сакам да кажам дека бев послаба од најслабата јас. Ех да можам да го вратам времето и сите да ги исшутирам од прва. И тогаш бев свесна дека нема да можам.
Те мразам мори! Ич неќам да сум свесна за ова! Мене ќе ми недостигаш! Вредноста твоја треба сама да ја видиш. Никој друг не мора