Како стареам се понесигурна сум качена на чевли со платформа. Како фино си паднав пред Домот на културата сношти,што да ви кажувам. Жена од култура не паѓам било каде. Затоа познатата масерка имаше работа со мене доцна навечер. Сега ќе си гувеам со врзана нога а имам толку многу работа. Точно ми доаѓа да се самоубијам. ЕХ...
Ги обожавам утрата кога сум сама дома,неработен ден а сонцето дополнува све го прави денот совршен, а јас ја држам шолата кафе во една рака компјутерот во другата и фино лепо си се испружув во дневната да си кулирам и на фемина да си мањачам... Иако во душата чуствувам мала тага за некој што можеби не заслужува денес ќе го потисам и тоа,и ќе пробам да уживам во овај ден ме чека туш и пица со друштво а мамичка дома ќе прај крофни абе не дека треба да јадам здебелено сум 4 кила ај само пица ќе каснам ветувам ...И така феминчиња тоа е планот за денес...Имајте убав ден сите
Летната сеозна доаѓа , а мене милина во душа ми доаѓа. Секој детал во минијатурното дворче пред тараса ми е осмислен 458585 пати , секое утро станувам и одам најпрво до таму ѕиркајќи дали потпораснале моите билки уште малце , детуле право сум . Терасата ми е како некое медитеранско кафуле , од завеси до куп морски елементи,(си се испофалив без намера притоа. Папагалчето го извадив малце на воздух , не трепнува чониш со пиштол некој врз глава му стои, се надевам тоа му е само почетен страв од непознат простор , а не од тоа што не му се доапаѓа амбиентот на мојата медитеранска тераса .
Не можам да си поверувам на очите кога гледам дека има девојки што уште носат чизми, не до глужд, туку зимни, високи до колена... божеее, свашта ,забега народов. горе по кратки ракави, долу чизми, во јуни
Си седиме вчера со колегите после испит на кафенце во кафич си уживаме, некоја маса подолу од нас си уживкаа валда дечко и девојка беа, си разговараа арно ама разговорот колку и да беше тивок, а музиката гласна сепак се слушаше...Лепотанов и вели: За мене ти си цреша... А оваа: Аууууу дека сум слатка ли ? А лепотанов: Не пошто сакам да ти се качам! Е кога веќе го слушнав тоа колку да ми идеше да се насмеам, дупло повеќе да станам и да му залепам една квалитетна, па да му ги растресам црешите во мозочето негово(ако го има воопшто секако).ОК сваќам дека девојките сакаат да чујат некои иновативни и новки нешта за заведување за шармирање, али тоа е чекор повеќе од тоа...тоа е веќе сељачана мислам буквална сељачана. Да бев на местото од девојката не би ги трпел сите тие зборови, би го истуширал еднаш квалитетно со кафенцето и цедевитата и би заминал.Ех, за дундичка се ќе направиме, а можеби и цедевитата е виновна за тоа ...
Зошто како некој бик си ја трескам главата од ѕидот? Изгледа сум многу глупа. Она што стои помеѓу мене и целосна среќа...сум јас?
Хахаха, баш се замислив себе си во пишаново. Само што ние не грицкаме семки. Се случува со другарки некаде да не познаваат, не манијачат и слично, на фб те бараат, ама во живо сите се посебна приказна. Никој не сака да ти пријде или нешто. http://www.youtube.com/watch?v=4m1EFMoRFvY
Поголема глупост-АМИН! Перење пари на големо...до каде заминавме? Ако ќе си поседиме ние младиве-непартиски војници подома Не оди на арно работава,не оди Како и да е..хев а најс нун !
Абе шо му фали јас незнам мани да му најдувате,ако нема ништо пуст е паркот а ако има пак не чинело. Ах бе народе Македонски дали некогаш ќе ви се погоди јас незнам
Мислиме дека се знаеме, а не знаеме колку грешиме во заклучокот дека се знаеме. Се гураме едни со други молкум, не да се допреме,а срцата си ги вадиме, за да стигнеме до цел и која и не ја знаеме. И пак мислиме дека знаеме се. Живот сфатена само како едно и едно, ништо повеќе. Слепо пак мислиме дека се знаеме без да ја сфатиме во каква епистемиологија живееме. Погали му го на човек егото, ќе сфатиш какво ѓубре е. Емоционалната интелигенција му се граничи со пакост, лудост и тежина на еден нојов пердуф. Цирка 0.100 грама. Разочаран си кога почитуваш и мислиш чуда, оно празен леген, спремен за повраќаници. Не верувам во луѓе кои зборуваат за подобар свет, а во микро ги гледаш колку гнијат. Животец. Трепкам ококотено, со црвен кармин и кошулка со туфни, со мачорот под рака. Трепкам и гледам. Уште една животна цел остварена. Да си наздравиме. Радости во стомакот, ми оди да викам на цел глас. Прашај и ќе знаеш се. Не биди гнида, биди човек, сакај луѓе, прашувај ги и одговарај им на секое ебано прашање, макар и дрско, ама одговарај. Не се буни како те претпоставуваат потоа. Зборувај, прашувај и сакај. И не биди лицемер. Не го ограничувај својот свет.
Утрово ме поканија на џив џив матура сосеткава не покани нејзиниот син,од градинка ќе им правеле забава во некоја пицерија, не чекала многу гости, само најблските колку да го испратат џив џив матурантот па прашуваше што да му купи дали кошулка или обична блуза.. едвај се воздржав да не прашам: а партнерка ќе има? Збеснал народов
Понекогаш постот напишан во една добра реченица е многу повреден од еден долг пост во кој нешто се филозофира, а уставри сфаќаш дека е само нечије жалење за се околу него.
Мајка ми беше во село една недела. Секогаш кога оди на повеќе од 2,3 дена кога ќе се врати сакаме со сестра ми да ја израдуваме дека ни недостигала. Овој пат како видовме од порта дека влегува, се стрчавме накај неа и и се фрливме во прегратки. Сваривме кафе и седнавме да си кажеме кој што има. Знаеме дека и значат тие моменти, па зошто да и ги скратиме? Сакаат луѓето да се чувствуваат потребни, особено во оние години кога мислат дека веќе не се. Е тогаш е убаво да се покаже.
Да се надоврзам за битната џив џив матура. Тоа ти се вика ЕПТЕН ГОЛЕМИ матуранти со завршено највисоко образование. Што е ред, ред си е... Треба да се обележи тој голем успех. На крај, кој е крив за однесувањето на денешниве деца кој не знаат за никаква граница? Родителите што ги размазиле до небо од најмали нозе. Никој друг освен нив, само глупости да се измислува, ништо паметно и корисно за детето. Бљак... Во мое време ни џив џив матура, ни мајмун матура немаше. Се знеше некој ред, кој за жал денес го нема.