Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.124
    Пол:
    Женски
    Може.
    Некаде низ темиве прочитав за ќесичка магнезиум дека имало ефект за друго нешто. Или подобро таблетки?
     
    На kankus, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    За ладни стапала калци (плетени) , не се зафркавам. Магнезиумот мене не ми помага, а секој ден го пијам.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.124
    Пол:
    Женски
    Носам некогаш и тоа и пак исто.
    А исто е и со рацете кога е обратно топли стопала а мраз раце и надвор да излезам до нечувствителност ми смрзнуваат рацете.
     
  4. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Во изминативе 72 часа или колку и да се веќе не знам, спан сум само 5 + 3, поради врева. Ако продолжат уште долго да ме вознемируваат паганиве со нивните музики и огнови, нема да заврши на добро.

    Мерка да се немало...

    Од 17h до сега, веќе 9 саати без престан куров ми го тупат. И уште тераат.
     
    На Feminka22, WildMk и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.605
    Пол:
    Женски
    Ми се спие ептен, а не можам да спијам...се веселат комшиите надвор на огин. А отчепиле таа музиката... искрено ич не ги сакам ноќите со огин и музика.
    Нека им снема струја, нека им снема дрва и нека им стане ладно нека си одат веќе.... најстрашно е шо они и ко ќе заминат го остават радиото отчепено до утре сабајле :headbang:
     
    На WildMk и Јаневски им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Пред некое време гледав серија во која имаше лик премногу побожен.
    Поточно се работеше за девојка која насекое ја спомнуваше Библијата, кажуваше цитати, не поддржуваше геј луѓе, ги осудуваше тие што грешат според неа, не прифаќаше други мислења, дури и физички се пресметуваше со атеисти.

    Е сега јакото да биде, покажаа какво и било минатото. Покажаа неколку години наназад каков живот имала.
    Имала сменето многу сексуални пратнери, направено 5-6 абортуси на фетуси зачнати од разни мажи, спиела и со девојки, користела премногу дрога, алкохол, цигари, ограбувала банки, па дури и сакаше да убие човек.

    Ама, ете, дошла некако до Библијата, ја прочитала и решила да води поинаков живот.
    Ок, нели? Убаво и текнало да престане да убива, да користи јаки дроги, да краде ама прашањето е дали мора да осудува други луѓе? Мора да се меша во туѓ живот без притоа да помогне туку да плука?
    Физички и вербално да се пресметува со среќни геј парови, само зошто во Библијата пишува Адам и Ева, а не Адам и Адам?

    Јавно застана да ги суди тие што абортираат, тие што се геј, тие што се атеисти.
    Ало, се сеќаваш ти каков живот си имала пред некоја година? Иста си била.

    Ај си викаш батали ликов е направен да те нервира, ама одеднаш ти текнува дека и во реалноста има такви луѓе. Има и околу тебе, има и на фб, па дури и на форумов.

    Значи прави што сакаш во минатото, после земи Библија/ Куран и пу пу не важи каков си бил.
    Убаво е да се покаеш, ама не е убаво да судиш кој каков живот има. Не е твое да кажеш кој греши, а кој е во право. Не е работата само да постиш за време на празници, да се воздржуваш од мрсно, а да јадеш бурек наоколу за луѓе што не ги познаваш.
    Нема поголем грев од тоа да судиш нечии животи без притоа да знаеш кој какво детство или младост имал.

    Се надевам Господ ќе ви прости што вие обични смртници, судите други смртници, а имате милиони грешки направено. Не сте ни светици, ни пак побожни. Ако ја прочиташ Библијата не значи дека имаш моќ да судиш и воопшто не значи дека си чист.

    За многу години. Среќни празници.
    :angel:
     
    На smooch, Feminka22, WarriorAngel и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Дарот земен! Проклетија! Што дека намалија на колку-толку прикладно, (ако не им текне пак), кога сега веќе не можам да се смирам, од здравствени проблеми.
    Земи ме, понеси ме, однеси ме, веќе еднаш, само една работа те замолив, знаеш што.
     
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Од кога знам за себе на Бадник секогаш е многу ладно. Моментално е -13. Се смрзнав.
    Кај и да си, за Бадник дома да си :)
     
    На GoodGirl45, "Zoki", buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.605
    Пол:
    Женски
    Преубав снег паѓа тоа е најпозитивната и прекрасна глетка од утрово... :inlove:
    Дефинитивно не го сакам ова утро и минатата ноќ.... синоќа музика трешти едвај заспав кај 3часот за сабајле децата да ми пеат уште во 7ипол: Кој што спие нека стане.... и да ми звонат на ѕвонче упорно и да ми чукаат на врата ;(
    Сакам да спијам децаааа, ој легнете си и вие. :yawn:
    Што да ви кажам, посебно утринското пеење на децата не ми е омилен дел од овој празник. |-)

    Едит: Сепак им се восхитувам на децата како по овој снег и по ладново имаат желба да одат по куќи. Браво бе деца ... :clap:
    Сепак не доаѓајте на мојата врата ко не сум добро спиена :D :wasntme: :yawn:

    49653976_2136862836334508_1833933030889095168_n.jpg
     
    Последна измена: 6 јануари 2019
    На GoodGirl45, buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Дали на некои луѓе, ангелот им е на рехабилитација ?

    Хороскоп денес


    Љубов

    Изобличена форма на садомазохизам е сеприсутна во македонските домаќинства. Мажот ја тепа жената and she likes it .Озбилно има и таква, ми рече ќе земела сама сама да се отепа , да не ја тепал тој , и било жал да не го затворат. Се караат за смс пораки. Луѓе по 40 години.
    -----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


    Живот / Работа ( мафијаш е работа, од секогаш беше ! )

    Исто, во *отсутни денес*- има луѓе кои не се во конктат со реалноста или живеат во негација. Просто се фрапирани од тоа колку е сексуално освестена македонската нација, практикување на фетиши и собири од сексуален карактер.
    И колку свирепи убијци има. Во светот неретко на социопати и психопати нарушувањата им се припишуваат на неусмерена интелигенција. Кај нас тоа јас го припишувам на руралниот менталитет, уназадено,вулгарно, вандалско однесување каде мангуплокот решава се. И аматерско мафијаштво.

    ------------------------------------------------------------------------------------------------------------


    Љубов пак

    Дали само мене маж во обид да ме освои усно ми го пренел своето криминално досие со признаени, непризнаени, филувани и скратени детали од дела ? Idk, мислат дека е шармантно, секси хумуристично да ми каже дека немал контрола над јаките гуми кои ги смени зимава, па испрскал жена по пат. Или оној пат кога зеде чаша од кафич. Дека ја плунал мајка му. Му се измочал на соседот пред врата. И во бензинот во колата за погрешно паркирање, тој дел од тротоарот е секако негов. Всушност е тој многу влијателен, само сезонски работи за овие 1000 евра. Со Мијалков живееле во ист град, еднаш му мафнал да се тргни од патот. И секогаш има многу женски. Ако сакам, можам и јас да бидам мис Шанел, ќе ме води во кафани кај што пие со другарите шпиртус дури жена му дома се расправа со сипаниците на помалото.

    Трагедија.
     
    На lunicka, Oxymoron, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Шеташ со водич во град со архитектура за каква што ние можеме само да сонуваме, разгледуваш градби кои датираат од период на готика, ренесанса и барок, па се наоѓа некој од групата и ти кажува како градбите биле исти една со друга и градот не бил ништо посебно.
    Е, ама во Албанија имало што да се види. Тој коа бил во некое градче таму на одмор имало еден плоштад целиот во злато бил. И тргнав да објаснувам за архитектурата на градов, ама ....

    [​IMG]
     
    На smooch, JollyGirl, Chantal и 32 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    64.207
    Пол:
    Женски
    Не верувам на луѓе што јадат чипс и пуканки полека и културно кога се сами.

    Се знае како се прави тоа, ја закопуваш фацата внатре и јадеш без да земеш воздух.
     
    На smooch, Amellie13, Skyfall и 30 други им се допаѓа ова.
  13. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Врни си снегче,само си ти врни,дечињата сабајле ме разбудија со песна,и веднаш ме потсетија како јас на времето,со другарите и другарките од маало,се собиравме и одевме на коледе низ скоро целата населба,ехх што убави денови,прекрасни денови,денови на среќа,денови на насмевки на лицата на моите родители....

    Честит Божиќ,да сте здрави и живи,и нека ве чува Бог од зло,само убавини да ви се случуваат.
     
    На rolulika, zuto, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  14. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.383
    Битно е во кој дел од денот се мериш, килажата може да варира неколку килограми во текот на денот. Најдобро е од сабајле пред да јадеш и пиеш. 5 кг е многу, во 5 кг сало има 45 000 калории. За 12 дена ти се по 3750 дневно. Да речеме дека не си физички активна, тоа се плус 1500 kcal кои ги трошиш дневно. Тоа се 5250kcal дневно. Не верувам дека некој би внел толку многу калории последователно.
     
    На cresa-jagoda, poenta, GoodGirl45 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Сабајле ме сретна едно детенце од моето маало и кога ме виде со ранецот кој повеќе личи на еден вид спортска торба ми вели: Батко Раф ти си голем за да одиш на Коледе? Ама ако одиш мала ти е торбата ќе треба да се вратиш дома да ја испразниш после. Само се насмеав и го погалив по косичката. Ми го разубави денот уште од изутрина , сега кога ќе се сетам колку слатко ги кажа зборовите и онака сериозно и сега ме фаќа смеа. Луѓе мали работи може да не направат среќни и да не расположат.

    Вчера колегата ме замоли да го заменам денес за да може да биде заедно со неговите најблиски на семејниот ручек. Кога му кажав дека не е проблем и дека ќе го сторам тоа, на него од радост му се наполнија очите со солзи и ме прегрна. Се израдува бидејќи претходните неколку години на овој ден ниту еднаш не присуствувал на семејниот ручек поради работните обврски. Сега иако јас нема да присуствувам на семејниот ручек, сепак сум среќен што успеав да му го разубавам денот на него и да го израдувам и да биде заедно со неговото семејство на овој убав снежен ден.

    Нека ви се среќни празниците и убаво да си поминете со вашите најблиски. Запомнете мали нешта може на некого да му ги разубават овие празнични денови. Да сте ми живи и здрави.
     
    На M.B., Bitter-Sweet, anggell и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.772
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден на гости ни намина една познаничка на мајка ми - доста религиозна средовечна жена, мајка и баба, која во секоја втора реченица и изразена желба го спомнува Бог. Во муабетот се начна и Коледе и коледарчињата. И женава веднаш со намуртен лик си спомнува колку е уморна кога од сабајле ја буди детската песна, дека прво проверува низ клучалката да не се децата уствари „циганарија“ - оти од искуство знае како тие секогаш наутро први оделе да го искористат православниот празник во кој не ни веруваат само за да просат, па дека за некои невоспитани кои потоа прават неред и отпадоци ѝ било често криво што воопшто им дала нешто...

    Денес ми ѕвони пред малку една од поблиските другарки, исто така инаку агностик/атеист, која не е некој љубител на традиции општо во животот. Си збориме десетина минути како веселите деца на снегов и студов ни го почнале денот уште од сабајле со убаво иако сме биле поспани, па си спомнуваме за тоа каков друштвен и забавен доживљај ни било ова во детството...

    И така.

    Фактот со какви емоции ги третираме детството и децата во некој невин настан и активност кој ги радува, е една од работите кои најмногу зборуваат за нас. И за тоа не е неопходна, ниту секогаш ефикасна религија за да ти го стопли срцето.
     
    На smooch, JollyGirl, CameliaMiller и 26 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.193
    Допаѓања:
    222.237
    Пол:
    Женски
    Овој ден кога станувам насабајле секогаш ама секогаш секоја година ми буди такви убави и хармонични, што би рекле благословени сеќавања на традицијата, на љубовта меѓу нас, на мирот во домот и на џагорот на децата, уствари и јас бев дел од џагорот, кога станувавме рано рано па баба ми сите ред со редум не послужуваше и ни испараќаше убави желби, ни закачуваше прва колачиња на кокедашката и брзо брзо со капи со шалови на снег на минусни температури одевме на коледе, кога се враќавме ни зарипуваше гласот од пеење, бевме црвени од брзање ладно и умор ама бевме среќни дека собиравме многу пари (дури 100 денари) колачиња бомбончиња и слично..
    Товарени едвај до дома се довлечкувавме
    Ред редум со традиција баба ми не пречекуваше со лутеница од везаници пинџур и праз мислам дека беше ама лута, не болеше ама јадевме пак и сакавме уште..
    Таа храна, таа лутеница и тие колачиња ми беа универумот на поим густирање храна во цела година.

    Се собиравме на трпеза, дедо ми стандарт ќе одржеше говор и молитва и ќе си заплачеше, знаеше секогаш да заплаче на вакви денови, па ќе вечеравме и ќе гледавме филм или ќе ихрав со татко ми со ореви..
    И така минуваше денот..
    Минуваше убаво и во љувов хармонијата за божиќ
    Тогаш не смеевме никаде да одиме навечер дека требаше со фамилија дома да си седиме

    Денес... денес е се поинаку..
    Нит деца има, љубовта се распадна, дедо ми е починат, баба ми е престара.. мајка ми и татко ми на работа па слушам од сабајле како ќе купила кори и ќе завршила работа. Сестра ми не сакала праз и грав.. коледари немало..
    Да не зборувам за пошироката фамилија..
    Се тоа останало во спомени..
    Убави спомени со кои ќе ги поминувам сите идни бадници како и денес..

    Денес сите сме раскштракани одалечени и мразиме грав и праз..
    Не е ништо како порано..

    Ама ќе гледам барем на мојата фамилија да им раскажувам како сум поминувала за бадник, што значели бадник за нас што сме правеле за бадник и каква магија сме имале на бадник.. а тие претпоставувам ќе слушаат и ќе се чудат.. ама ќе слушаат ко некоја бајка искажана од дизни и најверојатно и така ќе ја паметат..

    Времиња, животот испишува такви убави бајки што не сме се надевале дека некогаш и само бајки ќе станаат.

    Среќен бадник:l:
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, christinnn и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.633
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На toogood, cresa-jagoda, Ivan4e04 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.605
    Пол:
    Женски
    Уште едно десетина дена со секојдневно прејадување :|
     
    На toogood, cresa-jagoda, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Оф.. ме среќава на враќање од работа, железничка.
    Бара 10 денари, да купел лепче. Го погледнав и реков: "Еве, кажи што сакаш за јадење, се ќе ти купам. И плус чоколадо". Се сврте, уште 2-3 деца стоеја погоре, им викна нешто, спомна бурек. Се сврте после и рече да сум му дадела пари, сам ќе си купел. Уште 3 пати го прашав што сака да му купам. Нормално, не му дадов пари.
    Ми се има и друг пат случувано, ме има девојче пред маркет пречекувано, пари за лепче да ѝ дадам Кога ја прашам што сака, прашува дали би и купила лепче, салама и сок.
    За мене многу повеќе од тие 10 денари кои ми ги побара претходно, ама со полно срце би потрошила и 500, само да знам дека сум дала храна, а не пари за лепак, или пари кои никако нема да завршат во негови раце.
     
    На smooch, cresa-jagoda, christinnn и 20 други им се допаѓа ова.