Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    А каква е таа џив џив матура? :^) За завршено петто? :D
    Свашта има.
    Се помалку пари има во државата, ама се' покреативни работи измислуваат како да се трошат истите.

    На мене не ми е јасна фората на оние што ги сликаат црешите/малините/јагоди или шта год јадат, да се пофалат ли е работата?
    Па сите дома имаме цреши, не значи дека мора да се сликаат и да се објави, исто така и утринското кафе. Глупости. Нема да го пијам кафето, ќе го сликам! Битен е лајкот, што гајле за задоволството.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    23.747
    Пол:
    Женски
    Аман се вика мини матура,и секогаш слават малецките што одат во градинка.Луѓе бе,се маани наваѓате :D
    Инаку,не е нешто озбилно туку е за забава,да се порадуваат малце децата,дее голема ствар направивте. :)
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Неработен ден а да пукне човек од досада. Па и мм не ми е тука, дури до вечер ќе се досадувам и ќе се обидам да изгледам некоја лимонатка од романтичен филм.

    Не мразам дигнати, препотентни луѓе кои подалеку од својот нос не гледаат, само го гледаат центарот околу кој се замислуваат дека кружат, не мразам ниту филозофи кои ќе ископаат некој збор од речник и мислат дека достигнале нирвана, не мразам ниту такви кои оргазмично ти прераскажуваат за секојдневни и прости работи сакајќи да помислиш - леле види јас што чудо направив денес, на никој не му се случило тоа, не јас не ги мразам и не ги навредувам, само ги игнорирам.
    А да паднеш во несвест кога ќе видиш како тие самонаречени дами што ти продаваат розеви пуфки, во душата се страшни психопати и ако им противречиш, ќе го искористат секое атомче енергија и сосема малку од вештачката интелигенција, за да извојуваат некаква замислена победа против тебе. Само на површина излегува нивната глупост и ништо друго, ама како и да е, добра содржина за роман од Агата Кристи, но секако, ако им се посреќи детективски да откријат нешто за тебе.

    Кога сме кај џив џив матурите, мене забавите не ми се толку сериозни колку што е сликањето за табло со капи за дипломирање (за децата од градинка зборувам). :^)
     
    На bittersweet, Umbrella22, bonitacika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    .. Не знам само јас дали сум ваква, ама се осеќам ко единствена. Шетам со моите и сестра ми покрај кеј и нели има клупи, млади „мвац, мвац“ и како шетаме моиве гледам сакаат да прашаат „А, ти ма дечкото кај ти е? :D “ (јас кутрата асална симпатија немам :geek: ), ама ги пресекувам „Аа, тато, тато кога требаше да идеме до АгроТехна, нели ова..“; „Ееј и сладолед од кај ќе купиме?“. Тие па на страна ги гледаат овие што се мвацкаат (изразов ми е..шејм он ми :tmi: ) и пак ме гледаат, јас одам наназачки пред нив и им дрндам само за да не почнат да ме масираат со дечковци. Се осеќам како во филм кога ја има најтаквата сцена (иф ју ноу уат ај мин).. Каков осечај- се препотуваш и чекаш само твоите да го свртат каналот. :D Очекував секој момент моите да извадат селотејп од некаде и да ми ја залепат устата.. :rofl:
    [​IMG]
    Ќе одам јас, да не ви ги раскажувам моите патешествија, досадни се можеби. :wasntme:
    Имајте убав викенд. :hai:
     
    На bittersweet, Kaley, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Колку поголема станувам, јас се подетинеста сум. :rofl: :angel:
    Си го гледав цртанот Пепелашка и тоа на турски. Влегува помалата сестра и се фаќа за глава. :^) И верувале или не, пак плачев на делот кога принцот останува со штиклата на Пепелашка и си ја замислува.
    Бидејќи реновиравме татко ми ме викна да си одберам само една шолја (голема чаша), а другите да ги симнат во подрум. А јас во паника целата „Оваа ми е за млеко, оваа за чоколадно млеко, оваа за чај, оваа за јогурт...“ :D Комплицирана девојка сум :lol:
     
    На BelieberYeahh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    За мене летото официјално започнува оној ден, кога седејќи спокојно со своите мисли со отворен прозорец, првпат ќе го почувствувам мирисот на липите, измешан со пријатниот приквечерен ветар.
    И енд оф стори, не прифаќам календарски датуми и такви глупости. :D
    Ах, вака во овој период најмногу ми се буди желбата да живеам на приземје или во куќа. Да имавме двор, па мислам дека цела пролет и цело лето би ја заменила собата со него. Со задоволство да си се занимавам со секакви ситници со врска со уредување, и да не се приберам внатре. :D
    Удобна лулашка, зеленило околу мене и книга во раце - идеална комбинација. Пред некој ден баш прочитав една изрека што совршено ми се вклопува во ова - една од предностите на летото е што секој ден имаме повеќе природна светлина за читање. :wasntme:

    А во врска со планирање на активностите за време на распуст, си се рачунам за златна средина.
    Не сум тип што прави листи, резолуции и си ветуваат пред себе големи промени, ама пак не можам да ги сфатам ниту оние што во септември се „фалат“ дека цели 3 месеци ги потрошиле во спиење. :lol:
    За било кој подолг период слободно време, важно ми е да се релаксирам максимално и да го исполнам времето со дружење со драги личности и со омилените активности. Многу смеење, музиче, денови исполнети со многу фотографирање (кое патем ми стана омилено хоби), и по некој рецепт во вредно расположение - ете така си го замислувам. ^_^

    Туку, навистина премногу ме радуваат пријатни изненадувања, некое мало внимание од некого од којшто не го очекуваш тоа, неочекувани посети од некоја драга личност со која одамна не си се слушнал. Спонтаните моменти се секогаш најслатки, како што се вели - омилената песна звучи уште поубаво и предизвикува посебно задоволство кога случајно ќе ја слушнеш на радио или пак некој неочекувано ќе ти ја погоди... :wasntme:
    И така, кога сме веќе кај песните, јас едноставно не сум јас, ако секој месец не си најдам некоја нова песна којашто нема да ми се здосади дури и ако ја ставам за аларм, море дури и ако 5-часовна верзија измислат од неа. Таман ќе ми помине меракот за една, ќе почнам да ги замарам сите околу мене со пеење на друга песна... :D
    Ве поздравувам со моментално омилената, имајте убав ден. :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=XDOcLiWDKWA
     
    На Silver.E, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, ana-girl и 10 други им се допаѓа ова.
  7. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    многу се распишував на форумов денеска некако :lol:
     
  8. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Јуни, сонце, убо време, убав ден, а Викторија дома со аповето, чаевите итн.
    Типично за мене би рекла. Малку сум болна, малку повеќе. Два дена сум со температура, кашлање, грло болење....
    Цело зимо арна, оп дојде убото време, ко за инает јас пак болна :D
    Сакам надвор, да си седнам негде, кафенце, муабетче, сакам ама не можам. Заглавена сум си дома, пред лаптопов со брат ми како медицинска сестра. Душа моја, цел ден си е дома со мене, ми вари чаеви, супи, се труди да ми угоди. Дојде дечко ми и му се смее, вика ти детево очајна домаќинка си го напраела. Не помина многу време и тој му се придружи во угодувањето. :D
    Ве поздравувам девојки, се надевам вие немате проблеби со здравјето и дека уживате во сонцево максимално, каде и да сте. Да се надеваме дека јас набрзо ќе оздравам и ќе ви се придружам во уживањето, а сега заминав да изгледам уште некое филмче или серија.
    Поздрав :*
     
    На ana-girl и bittersweet им се допаѓа ова.
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Можда хемија и математика не ми идат,ама лименка Џек и црн креон ми идат!
    Имајте убава вечер! :dance:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.242
    Пол:
    Женски
    Ти ако сакаш земи и секира и слободно убиј ја твојата мајка, ама мојата да не си ја допрела! Дојди ај, да те видам, скрши ѝ го носот, ама ти ќе останеш без тој нос. Ај, да те видам пред врата само уште еднаш, ќе ме видиш ти мене во суд.
     
  11. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    сдк уште нешто

    си плачам пошто сите фанови си имаат маичка од бендови и јас немам
    :'( незнам кај да најдам бреее
    сакам многууууууууу
     
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Неможам да поверувам колку е злобен светов,просто неможам да сфатам како ли јас сум сеуште таа со она добро срце и страв да не повреди некого..

    Мило ми е јас сум цигарче.
    Ако ви кажам колку луѓе ми нанесоа длабока болка за овие мои 22години,ќе помислите дека животот ми е филм,дека измислувам за да привлечам внимание ама не..
    Многу од вас ќе помислат дека мислам на болка од изгубена љубов,дека плачам за дечко кој ме напуштил,ама не.Само тој е вреден во целиов универзум,мислам дека само поради неговата поддршка сега не зборувам со психијатар.

    Доста ми е од оние стари изреки,господ гледа и враќа.Не,неможам повеќе,многу сум млада и мала во овој свет.Поминав се,од семејно насилство до спиење во влага и без дрва на -20.
    Од немање пари за леб,до запишување во продавници,до презир,до срам...
    Гледање како другите јадат а вие одбивате под изговор дека не сте гладни,а немате пари за да купите обична тетратка за испит,па им правите филмови на колешките како сте ги заборавиле парите и тие ви позајмуваат.....
    Лажење бидејќи немате пари за книги,па ја замолувате најблиската колешка да би ги позајми книгите за да ги ископира мајка ви бидејќи поефтино ќе ве чини ( а вие по цели ноќи пред компјутер пишувате лекции и прашање,ве болат прстите од тастатурата ама морате,ве чека колоквиум а книгите морате да ги вратите што побрзо бидејќи и требаат да колешка)...
    Незнам што да набројам друго,сакам да заборавам,ама неможам,ме јаде одвнатре...

    А вас и на луѓето од вистинскиот свет ви завидувам.
    Читам овде и во другите теми како се жалите за дечковци,како полагате..
    Ќе созреете девојчиња,само се надевам на убав начин.
    Бидејќи јас созреав од солзи,од тага,и од ниски удари кои ми ги нанесе животов.
     
    На Anna-Banana, vinozito1, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 58 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    101.476
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ми се случуваат некои работи.Ама речиси никогаш никој не ми бакнал рака при поздравување и запознавање.Не мислам на оние зафкавања кога некој ете да испадне интересен ти бакнува рака.Туку онака спонтано и филмски.Бреј и тоа го доживеав значи.И тоа бакнеж во рака од онака угладен господин. Не загледав додуше дали имаше и марамче во џебот.И со директен поглед ...онака.Ме препоти.Се почувствував како во време на ладната војна кога се користат подмукли и безобразни оружја.Тоа ви е како кога некоја сила од држава нанишани а оваа другата држава (во случајов јас) наместо да се накостреши ,да се камуфлира и одбрани,самата себе се предава со црвенило на образите.И се оди во пропаст.Се пореметува и климата и релјефот,настанува плима,ридовите и планините паѓаат во рацете на непријателот.Во овој случај на угладениот џентлемен.И за чудо не ми беше лигав...туку ете така пријатно ми дојде на душава.
    Маж ми вели не смеам веќе да те запознавам со овој.Ќе капитулираш. :D
     
    На Nana19, Dog-lover, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    СДК дека мајкиве се најголемото богатство, но некогаш знаат да бидат ептен здодевни!
    Особено за ствари со кои си немаат благе везе како се ракува, од типот - мобилни, микробранови, таблети, компјутери и сл.

    Доказ за тоа беше случкава денес.
    Таман се враќам од кај другарка - ми, и ја гледам мајка ми за прв пат во животов седната кај мене на комјутер! :o
    Си чмае пустата во празен екран намрштена, и видно лута што не и се отвара гурл (веројатно мислеше на пребарувачот google), :D да да, ви се молам сериозен проблем e тоа нема шала! :!:
    И во тој случај само вие може да испаднете криви оти намерно, сте наместиле специјални опции за да биде потежок дофатот на информации.
    За разлика од компјутерите на работа каде е многу полесен ,,системот'' за ракување и се се наоѓа од прва рака. :rofl:
     
    На ColoursOfTheRainbow, sweet-star и kikav им се допаѓа ова.
  15. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    На фоρумов постојат навистина пρеκρсни луѓе,што дуρи се изненадив бидејκи ниту ги знам ниту ме познаваат а се спρемни да ми погнат.Големо БЛАГОДАΡАМ до нив.Само убавини да ги следат!!!
     
    На Dog-lover, ColoursOfTheRainbow и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Од ГНР ли бараш? Најверојатно не ги ни штампаат веќе. Да ја прашам мајка ми моите момински да не ги има исечено за прашина ќе и кажам да ги извади и да провери да не се ни од молци изедени :!: пред да ти ги обеќам.
    Полесна опција. Трансфер хартија. Се принта на обичен принтер, значи со најобичен во боја, принташ постер, после со пегла се пегла да се залепи на еднобојна маица. Излегува исто како од продавница.
     
    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Долг период немав муабет со една персона,кога дојде моментот да се смириме,јас прифатив и првото нешто што ми го кажа беше:Ти благодарам,иако бевме скарани ниедна моја тајна не издаде,ти си голем човек. Се зачудив,не очекував ,бев запрепастена.Насмевката ми беше ваква :) ,во главата имав едно човече :o а длабоко во себе еден ваков типец се моткаше :$.
    Понекогаш си велам,филм ми е животот..ама се ќе е до режисерот :D
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Некогаш се што ни треба е 20 минутно смеење,20 минутно трчање и 20 минутна дремка. :D

    [​IMG] :D
     
    На ColoursOfTheRainbow, Girl-50, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски

    Како бре не ги штампаат,јас 9 ги имам. :D

    Рокенролгрл,провери Еко центар горе во ГТЦ,по Теранова и Калиопе имаш Appetite for destruction по прерамки,во Певекс има често...Или ако имаш некој во Хрватска,кажи му да ти купи,мене повеќето ми се од таму.Има и само со Ексл дури :D
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Во Calliope има јас пред неколку месеци земав од таму една за мене, една за една братучетка што е спопудалена по ГНР. :D
    Не беа многу скапи провери види. :D