Сдк не сите болести и било какви здравствени проблеми се поради лоша исхрана и лош начин на живот. Точно дека одредени проблеми може да се минимизираат и регулираат со правилна исхрана, ама причинителот на истите може да е сосем друг фактор.
СДК здраво си се исплакав http://www.femina.mk/новости/занимл...веќе-малечко-текст-кој-допира-до-секоја-мајка
Мислам дека многу луѓе не сфаќаат колку е всушност краток животот и дека никогаш нема да го вратат времето изгубено на глупости. Мене ми требаа 25 години да го научам тоа. Тажно. Така што, помалку трошење време на непотребни работи, воопшто судење и гледање луѓе од „високо“ и многу повеќе грижа за себе и блиските.
Моментот кога двегодишно детенце со малото раче и прстиња тропка на врата од соба кај татко му и со најслатко гласче го вика да си играат (како што правеле секој ден), а татко му доцна навечер замина во Америка и нема да се видат скоро цела година.
Не знам кој го измислил нетфликс ама алал нека се му парите.. Толку опуштање во и тоа малку време уствари премалку време што имам са гледам ме релаксира до максимум. Штета што пред трудноќа и во трудноќа не го знаев или го немаше.. не знам. На реперотоар документарци се ми
Сакам да кажам дека се препознавам на сликава можеби не често ама си најдов некоја сличност. Да пораснат децата па се надевам на повеќе слободно време за себеси.
Да можам некако да се вратам во средно и да и кажам на јас од средно шо идеше по рок и метал свирки каква музика ќе слушам во 2019, малата Кримсон ќе ми мавнеше шамар.
СДК пиев нес кафе пред саат време и се чувствувам хиперактивно. Секогаш го имам тоа чувство од нес кафето ... не пијам веќе.
Мојата комфорт храна е огромна чинија овес, со јогурт, краставици и лук у прав. Не се мери со ниедна пица или торта. Сеа ќе си пуштам маратон од The story of God, и вака вечерва ќе си ја удавам депресијата.
Многу, нај многу боли кога ќе се сетам дека не можам да избришам дел од меморијата во мозокот, да избришам луѓе кои ми уништија добар дел од годините кои требаше да уживам, а не да плача, се што ме понижуваше, да избришам домот во кој некогаш мислев дека е и мој, да ја избришам личноста која покрај сето зло ја сакав, а би оставила само моменти кога сум била само среќна и насмеана од малечка се до запознавање на мојата љубов, надеж и повторно раѓање, сега веќе знам што е уствари вистинската среќа.
Паметот ми лета у 3:21. Може ако пишам тука мислите ќе ми се разбистрат. Ма да не верувам. Кој ја мати водата на коњите?
Zakaciv naslov na edna kniga vo edna tema I veke stram me fati. Ama sto da pravam , mene zivotot mi e kniga
Не е проблемот државата. Проблемот е во луѓето, тие ја прават државата. Менталитетот наш, примитивизмот кој владее во нас, нашите сфаќања и размислувања се главни причини за состојбата во која се наоѓаме.
Станувам сабајле и го гледам тато на лаптопот у дневна си седнал и чита фемина. Цела паничам, 90 сценарија правам, па како ме дознале, па кој им кажал, зар уклучена сум оставила тоа, кога ми кажува дека читал за туристички локации, па не можел да одлучи кај да се иде на одмор годинава, нашол место со убави критики, па си читал за да одлучи.
Да читаш двоцифрен број книги месечно и да те фаќа сТрам е стварно сТрамота. Апсурдно е и да се чудиш како може некој што заминал од државата да каже дека ништо не го влече да се врати, дури ни родителите што го одгледале. Убав знак е тоа, значи дека на вистински пат го извеле и го научиле дека иако тие му се родители, му дошло време во животот да си оди по свој пат. Му дале и крилја и залет, на него останува да лета сега. И тоа е сосема во ред. А за оние што ставаат на фејсбук по 20 слики од трпезата за празниците, секој пола саат одат лајв, и ставаат по 501 слика од патувања со интервални троубекс на секој одреден период... Па, ако тоа ги прави среќни - слободно.