Обожавам снег,нека падне убаво,да земам санката,и да ја санкам внуката,да ја гледам како безгрижно си игра.
https://24info.mk/чкаља-живеел-во-една-соба-и-се-оженил-со/ А денес вредноста на прстенот си земав голем замав за разлика од љубовта. "Па,не е убав, сиромашно изгледа" Или пак дволичното кокетирање на другарките "Скапо го плати?" "Од каде..." Ако љубовта е онаа вистинска може да ја победи и вредноста на прстенот.
„Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е, ести голем, ако останаме без името наше од кое уште се плашат ко од чума. А без име, векутуми, а без него и гробовите ќе ни бидат празни...“ Петре М. Андреевски МАКЕДОНИЈА
не знам со какви луѓе си опкружена ти, ама во мое друштво сите се веќе земени и ама буквално на никој од нив не им било важно каков е прстенот, ниту мене некој некогаш ме прашал од каде ми е прстенот и колку пари чинел ...Па во денешно време во нашава земја каде повеќето од луѓето живеат скромно,мислам дека никој не се замара со такви работи, освен некој мал круг на 20 и кусур годишни селендри кои бараат да се омажат од интерес.
С'ким си - такав си. Јас не знам ни на сестра ми од каде и е прстенот, само знам дека голем и беше. А на дечко ми му реков ако сака и $1 нека кошта, и од алиекспрес да е...
Постот нема врска со какви луѓе сум окружена јас , никој во мое друштво не е женет/омажена. Туку по свадби и на веридби каде сум присуствувала од далечни роднини сум ги слушнала муабетиве, исто се застапени и во сериските филмови. Имаше сцена од Сексот и градот каде пријателките собрани на кафе и едната го покажува прстенот а другата и дофрла па можел и подобро. Исто имам прочитано дека некој наш пеач или актер не паметам сега дека ја запросил својата девојка со прстен од обична бижутерија дека немал пари ама љубовта и опстанала долго време и кога застанале на нозе и купил поубав но таа никогаш не го извадила својот старр прстен од рака. Поентата беше да се долови дека материјалното денес е многу повредно од моралните вредности. А не да се доволува со кого сме такви сме.
далеку сме ние од њу јорк и кери бредшо и сапуници, затоа ти реков дека јас зборам за Скопје. според мене не преовладуваат материјалиските од девојките со нормални морални вредности, или можеби јас сум во заблуда на мои 29 години
Мене па би ми било ептен терсене да носам цело време прстен на рака. Така да, не ми е ни битен. Дури подобро воопшто и да не ми купи прстен.
Во врска погоре со темата за прстените, познати ми се случаи каде паровите се договориле наместо прстени, да си направат тетоважи на прстот. Што и да е, љубовта се покажува на многу начини, а цената/вредноста на прстенот, не е еден од нив. Дојдов да кажам дека, ако некој ни значи, треба да му подариме време. Дел од нашето време. Внимание. За да не се најдеме во ситуација да ни биде криво. Затоа што време веќе ќе нема, а тоа што сме го имале, не сме го искористиле како што требало. Од многуте работи кои треба да се ценат, времето некако е занемарено. Нека не се сфати тоа кога ќе биде прекасно.
Да се надоврзам со горните коментари, баш ми е кјут мене со тетоважа наместо прстен и особено е корисно за оние луѓе кои имаат таква работа што не им дозволува да носат прстен цело време. Како и да е, љубовта не се мери во скап/евтин прстен или тетоважа, тоа е само симболично, а љубовта е многу повеќе.
Не можам повеќе со човеков..заради него се повлеков од многу работи за кои не се каам ама ми е криво.. Повеќе не знам што да менувам преку глава ми е.
Сдк до денес имам сонувано толку луди работи, што некој да ме слуша ќе си рече измислувам. Последниот луд сон беше вака: Седам во соба и гледам црв на ѕидот и земам еден тежок украс да го убијам. Како што мавам накај него, црвов се претвора во мал змеј, ама го удрив и одеднаш се скамени и личеше на украсот така скаменет. Го земам скаменетово чудо и го давам на некој познаник што се разбира во паранормални работи. Ми кажува дека суштествово било всушност човек кој организирал нешто како оргии со многу жени и на крај, одел кај нив и ги убивал, ама пред да ги убие, се претворал во некакво животно, имал такви моќи. Па коа се разбудив се прашував дали и јас сум била дел од таа оргија, а не се сеќавам Не измислувам Последен, не луд сон беше - бев бремена со машко дете пред пораѓање скоро и со либето му смислувавме име. Бевме многу среќни, а либе ми го галеше стомакот. Не кажувам какво име му дадовме
"Колку време помина од последниот кожа на кожа контакт со маж ?" - Гребам каталози од Авон само на машки парфеми ------------------------------------------------------------- Ова е една од ретките земји каде може да се искуси чуден феномен - богатството го претвора човек во евтин. Сиромашен со манири преку исмејување и деградирање, понижувачко третирање на оние кои до неодамна биле иста класа со него. Кичерај и невкус до недоглед. Промоција и истакнување на финансискиот статус преку секоја можност и прилика. Изгледа, многу евтино. Патем е апсолутно неважечко ако си богат, а немаш невкусно голем златен ланец изваден над брендираната спортска маица, со антилоп чевли потполно несоодветни за приликата и атфит-от. Веројатно ќе нарача повеќе од што може да изеде, дури вандалски се дере по келнерот да ја части соседната маса. Ќе купи опрема за скијање која не знае да ја користи. Убеден дека парите може да купат се, буквално ќе остане во обид да ги купи луѓето околу него. Ама шта зна сејо шта је чоколада. Патем најверојатно не е богат, само му одобриле кредит. ---------------------------------------- На друга тема, и сосема рационално контраверзнo имам известување до печалбарките со г*з. Неверојатно знам, ама не е неопходно да ширите нозе за да се вработите во супермаркет, само конкурирајте. Истото важи за релативно останати просечни работни места за релативно просечна плата. Ве излажале, ве искористуваат. Искрено по мое, ни едно работно место не е вредно за ширење нозе, ама вие си знаете. Искрено ми е многу смешно зошто така неповикано ја чувствувате должноста да го направите тоа, сосема непотребно. Спојлер: јавно извинување и тука чувствувам должност да се извинам на касиерите ширум супермаркетите и да истакнам дека не бев со намера да го навредам вашето заслужено или незаслужено работно место, на ЛГБТ популацијата, и на остатокот од светот оти веќе е демоде да се заебаваш , некој може да биде навреден па со време да се извинам
СДК не сакам зима, ама здраво се прошетав по снегов П. С. Ве читам погоре за прстените, мојот веренички прстен е наследство од дедото на мојот сопруг и има поголема вредност од најновиот прстен на Тифани