Снег не е за Македонијава наша напатена. Центар, сиот поплочен мраз. Таму кај Ацета утрото во осум ипол комотно можеше да се облечат ролшули. Оригинал лизгалиште. Екипи абер немаат да интервенираат. Гледам луѓе ќе направат некој чекор, ќе се подлизнат и пак исправат. Како пингвини. Се движат бавно и претпазливо, небаре минско поле е. Јас пак, за да ми биде поинтересен желка одот од едниот до другиот крај на улицата, кој вкупно ме чинеше драгоцени десет минути од животот, си замислив колку би било прекрасно сега да има организирано некоја масовна оргија тука на плоштадот. Онака свечено, на лизгавиот мраз. Некоја весела, да ги растера сите проблеми поврзани со здраството, политиката, правниот систем.. Да има некој виолинист кој би ги свирел ,,Четирите Сезони" од Вивалди, а во екот и ритамот на нотите да танцуваат голи луѓе во сите бои пози и нијанси. Ех, колку би бил интересен животот кога би бил филм. Отидов да платам сметки, поздрав...
Јас новава година ја стартав со откритие дека било бубачка. Благодарности до x.Daisy.x. Штом ми се отворија очи после толку години, добро е, ќе биде ова плодна година. И јас мислев дека е подморница. И искрено уште сум зачудена како е можно да не е подморница. Убав емотикон за риба на суво ќе беше, ама добро. Ајде сега уште на да му најдеме значење и нека ни биде среќна новата 2019та. Здраво мацо . Може да се надоврзам? Кога ти го прочитав постот си помислив: Јас судам и по вкус за храна, по вкус за облека, по вкус за мажи, по вкус за жени, по вкус за кафе... уствари сфатив дека јас можда и премногу судам. И тоа ми дојде како откровение на сам новогодишен старт. Штом уште во првите десетина дена вака се просветлувам има да развалам годинава јас. Мислам дека треба да запишам магистерски студии.
Многу имам ќеф кога готвам е вака да си ги спремам состојките унапред. Ама пустото, многу садови за миење. пс мене на превртена желка ми личи.
Сакам да кажам дека за ко ќе готвам вака да спремам, имам изнакупено и фрлено тон пари на вакви мали пајнчиња. Па прво ги вадам сите, секоја засебна состојка ја мерам и ставам во соодветно пајнче, па после ко ќе прам едно по едно си земам. Демек средена сум. Резултатот е најчесто бомба во кујна, па обично пробвам да расчистсм пред мајка ми да забележи.
За готвење треба желба не треба да си талент инаку и јас ги подредувам состојките вака... и рецепт кога запишувам прво пишам состојки после постапка. Имам малку OCD
Свеки и тетка ми, се во едно  одбивам да правам по нивни рецепт хахахахаха се ќе измешам хахахахахаха (пр. : 2 чаши вода се мешаат со 5лаж (големи) брашно, се додава сол (прстофат) малку шеќер (на врв на лажиче) 2 јајца......) ела разбери шо ти треба
Тоа дечко ми прави. Се се сецка и оди во посебен сад. Па едно по едно, ставаш и миеш одма. Кога заврши со готвење и ручек спремен и кујна чиста. Ептен по готвачки терк оди. Јас кога завршам со готвење во 70% од времето имам бомба зад себе. За зачините имаме кутивчиња. Еден куп зачини и еден куп кутивчиња. И само се вадат минимални лажичиња и се користат за зачините. Ова му беше од мене поклон за роденден. Нормално, има и други, овие се само од поклонот Сликата ужас квалитет, ама баш ме брига.
Ги утнувам рецептиве.Не знам како успевам И сега за сега решив да готвам не многу комплицирани јадења.. па ќе комплицирам понатаму
Една негативна ( ако може така да се рече) работа од слабеење е тоа што мораш да купуваш нови пара фармерки иако тие што веќе ги имаш сѐ уште нови, ама почнуваш да пливаш во нив.
@DAngel сакам на вечера да ви дојдам, ама chef's table во кујна да сум присутна на целата подготовка на храната. Ветувам дека ќе донесам исклучително црвено вино. СДК ако сакаш да си го сликаш приготвениот црн чај, а не си спремен да го направиш тоа одма, don't do it! Ми се згорчи животот.
И да дојдеш. Мала ни е кујната сега, ама доволна да се маткаме и двајцата низ неа. Еден ден кога си купиме стан, кујната ќе биде и од спалната поголема.
За рецепти шо ги прај често и мајка ми не пиши подготовка. Јас за палачинки едино само состојки пишам, подготовката ја знам, па да не ми фаќа џабе место во тетратчето.
Ако не бираш време и место за пцуење, тогаш не ке да е до душата. Пример, си седнал на слава со еден куп луѓе, пред тебе јадење и пиење а ти набутуваш, е*еш мајки и шајки.