Ако не го вакцинираш детето против некоја заразна болест, не ни има што да бара да се меша и да загрозува живот на туѓи деца. Дома чувај си го. Sorry, not sorry.
многу сте мудри дур не ви тропне некој проблем на врата. После ќе плачете. ..ама касно е чедо божјо кога на кармата си и брцнал у око.
Според истите 5 души на форумот сите се правиме безгрешни светици, лажеме за се, не можело да се има еден партнер, не се можело да не се изневерува и уште 300 навреди и епитети... Се чудам со какви луѓе сте само опкружени, па што се имате мислење за секого дека е ваков.
СДК 1: Претерано екстровертни и амбициозни луѓе кои плус зборуваат гласно и брзо... ugh, чинам ми ја цицаат енергијата преку цевче. Имам такви во животот кои сe actually навистина добри личности и ги почитувам, но едноставно ушите и мозокот ми се дефокусираат од нивните турбо информации и искуства после пола саат/саат, и не можам да си помогнам. СДК 2: Вчера мислам последна дознав за фамата со името, на фб feed немам ниту трагедии, ниту расправии, а сачувај Боже па колнење - само чат-пат по некој објективен избалансиран коментар. Бев и излезена денес, и таму пак не стана ни збор за тоа. Значи, горда сум на прочистената листа на пријатели, и онлајн и во реален живот.
^ Јас на една тема научив дека нормално е да се колне,а на друга дека нормално е да си ривал со брат/сестра ако не ве поделеле мама и тато подеднакво. Спојлер кога делеле имот ова Излезе само за мене ова не е нормално. Ама кога те прочитав срце ми дојде на место, не сум единствена
Илчо Стојановски “Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош. Сите ќе изгинеме за Македонија“. Илчо го даде животот за Македонија. За разлика од него, денес постојат амеби кои велат дека не се замараат со промената на името.
Пак ќе кажам, ништо не бива со сила. Работите сами си се местат. Има некој горе таму шо ги средувам. Верувам. И денес ми се докажа.. Џабе толку туфкања и планови си праев.
Како тинејџер бев лузер, буквално неспособен во сѐ. Не знаев фризура да си направам, не знаев да сплеткам девојче, преполн со трема и срамежлив. Интересно е што тогашните мангупи денес пропаднаа, мислат дека поминале сѐ и треба животот да го минат низ биртии и во ограничени озборувања со неограничен материјал. Чудно... Денес сум по интелигентен, скоро реализиран, две професии, студент на поинаков смер од средношколскиот, со план за животот, со план Б, со план В,... Сакам да кажам дека сум среќен.
Се си е на место. Целта е да се потенцира моменталната состојба со вакцинацијата и ситуацијата во нашата земја.Читај меѓу редови
Nisto ne e vo red. Ako samo nesto bese vo red taa zemja ke izgledase mnogu porozovo. Od se sto si e vo red od 2 milj. naod ostanaa 1 milj. koi seuste mislat kako tebe " se si e vo red".
Многу често СДК дека не познавам човек што повеќе плаче на филмови од мене. Чипс, сок и палома пред седнување обавезително
Зошто бе мора ако јас планирам нешто во блиска иднина тоа по умот на мајка ми да е непаметен потег?.... колку се нервирам. Толку па се да се контри ко е у прашање работа во странство, а после па ќе каже твоја работа... битно ова контрењето не може да се одбегне.