не секогаш родителот е во право. За мајка ми на 25 год бев МАЛА за во странство. А сеа на 30 таман сум. Со дете со маж со све .
Сакам да кажам дека фразава ''if you plan on doing drugs - buddy up. Let me give you some condoms, too'' (Sex Education s01e02) имам чувство дека некогаш ќе ја кажам ова реченица на детето мое ...
Аман бе душо, не станува воопшто збор за дали е родителот во право или не, зборам за нешто сосема друго, една двојба во душата на родителот кога се освестува дека детето станало големо, дека може да си оди, за разделбата, за неговите самостојни одлучување каде родителот веќе не треба...за многу работи значи...и родителот е свесен дека не збори разумно и праведно, но преплавен со грижа, отфрлен за совет, ете тоа понекогаш изгледа дека тропање глупости или не сме во право... Кој ли ќе ме разбере само..па да, само повозрасна мајка на која децата одлетале и свиле гнездо на друго место.
Исто ко татко ми да го слушам.. Платено за Германија, пекав од ко почнав на факс дека ќе одам да работам летото таму. На почеток ништо не ми префрлаше, мислеше ќе ме фати мрза ќе се откажам. Коа виде дека полека коцките за таму се местат, почна да ми вели шо барам, да си седам дома, шо е до него ич не би сакал да одам таму. Кога го прашав зошто, ми рече те рачунам уште за мала ( а јас за 3месеци 20 ќе правам ) , не сакам да црнчиш три месеци таму. Му реков дека ми требаат пари, тој ми рече имаме ние будала ли си, седиси дома. Ама јас не. А па мајка ми е дијаметрално различна. И да му речам на крај на свет одам, ќе ме поддржи. Сакам да кажам, да сме среќни коа вака " не разгалуваат ". Ете гледаш дека не ти се испречила на патот, само си кажала мислење бидејки се грижи. За нив секогаш ќе бидиме мали, јас тоа го сфатив. И затоа не се лутам, напротив.
Успеа да ме разубеди ко бев на факултет да не одам , а и ми беше тежок факултетот морав секоаш да учам преку лето за да стигнам со испити и услови. Сега ко завршив пак седи тука изоди го стажот, земи лиценца. Испраксај се па оди догодина ако успееш да си работиш тоа што си завршила. Шо ќе одиш да чистиш таму да си го губиш времето. Паметно е тоа знам и изгледа пак ќе ја послушам .... Зошто мора таа секогаш да биде во право?
Па и тажно да ти кажам. По малце за греота ми се тие што кога не можете да фатите девојка, се правдате со такви изрази. Сите жени оделе по пари, сите жени курви, или пак што прочитав вчера- тешко било да ѝ обрнуваш внимание на девојката без да ја контролираш. Малце и во себе побарајте ја вината може?
Подарувам кутре. Кој сака односно е заинтересиран да го вдоми слободно нека ми пише. Многу е весело и хиперактивно и би ми било задоволство кога на некого би му ги разубавело овие зимски денови. Спојлер Кутрето требаше да биде подарок за личност која многу ми значи, а сега работите се изменија и поради тоа го подарувам. А јас немам доволно слободно време за да му посветувам внимание. Знам дека имаше тема за подарување, ама не можев да ја пронајдам поради тоа тука пишав.
Да знам дека е вината во мене. Те разбирам јас потполно но ти не ме сфати, но и за тоа те разбирам, не си во моја кожа.
Една од најдобрите работи што родителот може да направи за своето дете е да го изведи на правиот пат и да го остави да се осамостојува и да се обликува во своја индивидуа која цели да ги оствари сопствените желби и замисли. А не да му ги сече крилјата само затоа што сака цел живот да го држи до себе. Тоа веќе не е љубов колку што е себичност. Да му дадеш на некој да ги рашири крилјата и одлета, не значи дека немаш повеќе место во нивниот живот. Особено ако имаш голем удел во она што станале денес.