Да се надоврзам исто на една тема научив дека ако жената е емотивно стабилна и со некој свој лични потреби со кои не може да држи чекор мажот таа му е крива што тој поради тоа што не е способен нема да се чувствува супериорен над неа.... Why oh why било која стабилна и еманципирана жена во 21век би посакала маж до неа кој би се чувствувал супериорен над неа??? На пример да посакува да се рамноправни и да се надополнуваат не би било лошо нели? Инаку сакав да кажам дека на личност што не знае да се насмее подари и книга, да ја збогати душата покрај со насмевка и со многу други пријатни чувства
сдк ама ме зае.аа на работа денес. Ми пуштија една блгарска нумера од малинка и оди извади ја сеа од глава... обаче
First of all, у п м. Абе ништо не е за мене. Живеам у еден свет во кој што владее сигурност, љубов, хармонија (тоа не баш), ама се осеќам како да живеам во кафез и ја упорно тежнеам за забава, за живот без никакви одговорности, без замарање, без сигурност, да живеам од денес за утре и ич да не ми е гајле. Ама гајле ми е. Што ако не излезе онака како што сум сонувала? Што ако сега е подобро? А ако излезам од овој свет -нема назад. Шо да се праи, по кој пат да се појде, пак ќе си се каам зашо не сум пошла по другиот. Идиотка.
СКД темава денес на се личи само на тема кај што секој си кажува нешто НЕ, чет, мртов добар чет. Во случај да не примети некој си пишав
Сакам да кажам дека си имаме кутренца од Лабрадоркава, 7 преживеани, едно за жал се роди мртво. Од синоќа очи не ми се тргаат од нив, љубов се, срцки, шаренки, прекрасни...
Од секогаш сум сакала да имам куче. Штета што немам услови да го гледам. Во прва прилика ќе си земам или лабрадор или мопс
Имаме два црни, еден чоколаден, два бели, еден жолт како мама и еден шарен за кој поим немаме од каде е зошто таткото е црн и само со него ја паревме. Сега со новиве и стариве кучиња моментално имаме 13 на број
Сакам да кажам дека последниве 3 недели МИ СЕ СЕРЕ од темава...Не е ова чет... Сте начукале 30 години у гзот, и не можете едно е*ано правило да испочитувате...А и зашто да почитувате, коа и така само ,, ќе ве избришат хахахах ( смајли шо педерски се смее ). Епа ај вака, да земе да се промени воведот у темава, дека е ЗАБРАНЕТО цитирање, и дека следува бан. Секако можете да цитирате, али у некоја соодветна тема. Нема шо модератор да ви пребацува мислења и да се замара со глупости, не сте малоумни. И после зашо не ја бивало државата...
сдк следен пат кога нема да допре самоубиство до мене не трошете време да ме напаѓате. .. пошо до вас не допира муабет за гробишта и лешеви од деца. не глумете чуствителни. ..
Чувството на обврска и одговорност, и уживањето - не можат целосно да одат рака под рака, барем не постојано - дури и кај најголемите ентузијасти. Интересен феномен е како сосема иста работа има друг шмек кога ја правиме според одредени стандарди, очекувања и временски рок - и кога ја правиме за своја душа. Секако, љубовта кон истата придонесува да бидеме помотивирани и да биде полесно, но сепак тој елемент на обврска зема барем малку од нејзиниот шарм. Посебно кога се работи за нешто поврзано со уметност - на пример најчесто вакво чувство ми е дека иста книга прочитана за тест/испит по пропишани стандарди, поенти и дури број на зборови во есеј за анализа, никогаш не ми е толку драга како кога ќе ја прочитам во слободно време (со сопствена слободна перцепција и доживување на ликовите и симболиката). Слободата и спонтаноста се најголема вредност, но за жал во поголема количина спаѓаат во утопија...
Понекогаш по некој муабет со некоја личност ме навраќа во времето пред низата од трагедии. Дали трагедиите се тука да не ојачаат или огрубат, дали ние сме тука за да има кого да го дочекаат тие низа непријатни настани. Те замрзнуваат, закочуваат во времето и иако со тек на време се менуваш, точно знаеш тогаш и таму душата си ја оставив во нечии раце, а тие ја фрлија на земја и преминаа преку неа.
Она кога општо си тивка и повлечена личност која не зборува многу, но пред некои луѓе, ќе се зазборуваш толку многу на одредени теми што мораш да застанеш, да земеш здив и да се прашаш: "Ова јас го имам во мене?" И тогаш сфаќаш колку ти се мили тие луѓенца што го вадат најдоброто од тебе и што покрај нив се претвораш во онаа верзија од себе која отсекогаш ја посакуваш. Уште поневеројатно е чувството, кога странец или некој со кој не си близок успева да го извлече тоа од тебе. Те тера да веруваш дека навистина има нешто неверојатно во тебе, дека премногу се потценуваш и ти ја поткрева и онака ниската самодоверба.. Можеби не зависи се само од самите нас.
Дали диктатурата и феминизмот се всушност другата страна на некултурата и кретенизмот? СДК или јас нешто погрешив што ми бришете мислења или не сите машки смеат да мислат во пишана форма тука.