Најискрено.Замисли дека сум пред тебе и ти се клањам.За ова највеќе те почитувам овде.Имаш м**а да го кажеш она, на кое многу не сакаат ни да помислат да го кажат.
Кога Македончето ( или како и да е веќе) ќе сфати дека со име и јазик не се плаќаат сметки, не се школуваат деца и не се купуваат леб и лекови? Ок, јазик треба, ама образованиево ни е дизестар. Тие што бегаат им се побитни наведениве отколку зборот Македонец на парче хартија. Сакајте и негувајте си го и името и јазикот, никој не ви брани. Ама во исто време скратете си ги сите луксузи и живејте скромно со 200 евриќи.
Во оваа лакрдија кога се чуствуваш како странец во својата држава е многу тешко,солзи ми течаат како река,единствена надеж ми е да не помине предавничкиот договор од Преспа кај соседите,го молам господ да е со нас.Амин!!
Сакам да кажам дека многу се разочарав деновиве поради некои случки,до толку што не можев да се уклучам на форумов и да лаам како вообичаено. Животот е тежок !
Сдк дека многу феминки на форумот го имаат форумот само да драматизирање без потреба и да бараат внимание кое очигледно не го добиваат од нивните партнери .
Всушност, треба да постои Господ и треба да постои некој help desk до кој ќе можеш да се обратиш со прашања од типот: дали ова мое расположење ќе потрае..ќе се одржи стабилно..дали наговестува враќање на енергијата и живоста или е само моментално штуцкање на сонце? (Секој со своето) А, може ли владата да ги прави овие прогнози? Како се викаше таа на Груевски? Министерство нека и направат, плиз.
Пишала некоја дека пред 18 немала сексуални односи, друга пишала дека имала на 15, па одма цитирана таа што имала на 15 дека фала богу еден имало реален, што не лажел, сите други лажеле и поштени се правеле. Пишала некоја дека успешно се справува со 3 деца, друга и пишала, лажеш, ја со 1 не можам ама на форумот сите сте најмајки и најсовршени, Пишала некоја дека има врска од 8години и досега не го изневерила партнерот, ни па има таква желба, одма некој пишал дека лажела на форумот и се праела поштена. Друга пишала дека не и се битни поклоните, трета и пишала секако на форумот само тоа, во живо ако не ти купи нешто одма ќе биде друга приказна. Некој си пишал дека зема плата над 40 илјади, па одма цитирање, ау лажеш, во Мк само 200 евра можеш да земаш, на форумот тука се правиш нешто. Кога ќе сфатите дека сите луѓе не се исти, ако вие нешто правите поразлично, не значи дека и другите на ист начин треба да го прават или дека баш на форумов лажат за нешто да се правеле пред некого. Или пак вашата исфрустрираност и комплекси така си ги лечите, мислејќи дека сите се фалат и преувеличуваат... Или пак не смее да има некој успешен и подобар од вас во нешто, лажго е одма. Форумов е преубав приказ на нашето општество и менталитет.
Нема ништо попатетично од тоа да молиш некој да те сака. Кога ќе добиеш корпа едноставно прифати дека си одбиен и продолжи со животот. Што има да плачеш и да молиш за љубов од некој што не заслужува твое внимание? Без разлика дали е нова личност или личност од минатото. Ај како тинејџери сите сме правеле глупости, ама да имаш скоро 30 години и да се снимаш како плачеш, да се понижуваш и да молиш е препатетично. Гордост имате ли вие бре луѓе? Дното го допирате. Човек културно те одбива без да ти даде трошка надеж, па и ти културно замини и продолжи. Зошто се потребни драми кога едноставно не си сакан? Можеш на некој да му наредиш да те сака? НЕ! Прифати реалност, пушти ја личноста и продолжи.
Жалосно е кога жена за друга жена смета дека оваа не е комплетна ако не иде во пакет со партнер. Ама зошто бре зошто да се правиме со сила послабиот пол По едно цвеќенце за секоја со вакви размислувања за да и текне цвеќето само по себе си е убаво комплетно исполнето...
Се испотресов за едно птичуле, три пати ѕвонам да прашам како е и што прави. А кога имам дете, како ли ќе биде тогаш?
Една личност може да ви е „виновна“ само за тоа што сама го кажала/пишала. Кога станува збор за нечие друго мислење, треба експлицитно да искаже дека се согласува со истото, за да барате некаква одговорност и од неа. Оти колку и да се дури и блиски или слични двајца по ставови и страни/определби, не мора автоматски да значи дека за сè делат мислење и исто би се изразиле. Сопствено поврзување и аналогии за различни теми и ставови, па драматизирање, посочување секого за сешто... многу е незрело.
Исто така жално е е кога жена за друга жена смета дека и прави теории на заговор зад грб, ја саботира и на тој начин не доаѓа до израз нејзината способност, професионалност, убавина ли, паметност ли, мајчинство ли што и да е. А во сето трагично е што може оваа си умислува дека ради другава не доаѓа сето тоа до израз, а уште потрагично е што таа ни малку не е таква каква се замислува најспособна, најмајка, најубава, се нај нај... Ама кога не можеш да се погледнеш во огледало и да си се видиш каква си комплетно... И за секоја таква жена со вакви размислувања по едно цвеќенце за да и текне цвеќето само по себе си е комплетно, токму такво какво треба да е
Ми заѕвони телефонот: "Hello, am I speak to missis DAngel?" Срце ми застана кога видов кој ме бара. Подголтнав малку. Викам: "yes, I am Dangel". Ми одговори: "can we to talk with you for email you send yesterday". Викам: "I am sorry, I cannot to speak exactly now. I work to 5. Can you to call me later. Is it Okey?" И ми рече: "It is Okey. Talking to you after 5". И сега трески ме тресат, ладна пот ме обвива, едвај чекам да си идам од работа. Оооо, среќо... Ме зафркаваш понекогаш...
Во хороскопот ми пишуваше ако сум имала среќа оваа година ќе ме одминувале енергетските вампири,а за вампирките ништо не беше спомнато
Желбата да се замине од држвичкава ми е се поголема.Ајде уште некоја година плус да се земе искуство. и БАЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ. Не се враќам па шо сака нека биде.