Got me looking so crazy, my baby I'm not myself lately I'm foolish, i don't do this I've been playing myself Baby i don't care Cuz your love got the best of me And baby you're making a fool of me You got me sprung and i don't care who sees Cuz baby you got me so crazy
А бе сестро тоа ти е ќе си се навикниш да живејш во срединката во која си,толку не ви е јасно за работа или било шо секој си гледа да ги стави своите на убаво работно место а не на некој острана да му помогни таков е систмот во нашата земја. Сам ако не се снајдиш не очекувај од НИКОЈ.
Денес добив еден од најубавите комплименти, а тоа е дека сум вистински пријател! Ми беше кажан од предрага личност. Посебна во мојот живот, со другарски стаж од 12 години, и ниту една караница. Убаво се чувствувам.
СДК 1 Нема поубао чувство,кога си излезена на улица и со своите другарки играш „Лепчиња“.И секако тие не беа мои врснички,од мене беа помали 2,3,4 годнини.Моите врснички,само за удолу и за на компјутер/телефон се. Прашав едно чупе,сега заврши прва,таа голема била за да игра ..Ептен голема си!Сега бебе те праават,ако играш на улица. Ама гајле си немам јас.Бебе сум!? Е ако,барем знам дека не ми е завршено детството толку рано. Ама најјако беше ние играме,автомобили идат ние бегаме.Дека улицата е удолница,ќе ни забегаше,па трчај ти понеа...А бе детски убавини.Човек да не посака да завршат. ----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- СДК 2 Баш е убаво кога цел ден ќе го поминеш во двор, полн со разнобојни цвеќиња,со книга в рака. Убавини..Читаш некои туѓи приказни,им се воудушевуваш,а исто времено и на цвеќињата. Штета што живеам во стан и што немаме многу разнобојни цвеќиња .Што си немаме дворче,затоа кај баба е најубаво.Вчера цел ден така го поминав,убајни..И секако чат-пат на сестра ми и другарки и муабет ќе им направев. --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- СДК 3 ВЧЕРА БЕШЕ ПРЕКРАСЕН ДЕН!
Знам дека после нечија смрт животот на сите други кои го испратиле продолжува, и знам дека колку и да сме ужаснати природата тоа го прави и не не` прашува дали е вистинското време да го направи тоа, и знам дека со тек на времето раните се лечат и се навикнуваме на празнината, ама некогаш не ми се чека...секој има своја смрт, и си ја носи природата на плеќи, сакал или не...
Ајде летово нака биде најубаво,си оди се по мојот љеп план Уште мачниот понеделник и готово ееее завршувам седмо и ај чао Летово нака дојде како лето и се знае трчање,играње,пажи ваму-таму Останаа уште некој работички татичко ќе ги среди за мене Ама,искрено периодов ми се здосади да живеам во стан, сакам двор Фактички, едвај чекам некој асален термин да си најдам па да одам кај баба дедо и вујко ми ) Периодов,веќе се измачив од слушање на бор-машини кои 24/7 брмчат ко мотори Ајде драги феминџурки уживајте во деновиве и воопшто во животот Spoiler затоа што е 1
Порано многу верував во искрено пријателство и верни другарки.Мислев дека луѓето со кои сум пораснала кои секогаш биле до мене ќе останат оние кои ќе бидат и во иднина до мене во секој момент но не било така.Времето минува и секој заминува кога најмалку очекуваме ... Како растев се повеќе сфаќав дека секој гледа за себе и дека ретко кој излегува вистински другар. Имав(имам) 3 верни другарки со кои уште од градинка делевме се ,основно завршивме заедно ,гимназија заедно ,излегувања први симпатии и дечковци се што ни се случуваше знаевме една за друга.Годините поминуваат за миг, кога ќе погледнам назад среќна сум што имам убаво минато со нив но иднината ме плаши.Повеќе не сме заедно пораснавме. секоја тргна по својот пат . Една се омажи и веќе чека второ детенце ,другата сеуште се мачи со факултетот,третата цело време е со дечко и и другарките повеќе не и се потребни. но сепак нејзино право нејзин избор Порано се нервирав и гледав секогаш да организирам се за да се собереме заедно да поприкажеме што имаме да не се заборавиме,да не се одалечиме една од друга но веќе тоа е невозможно. Немам повеќе сила за тоа а немам право и да се лутам секој трага по подобар живот секој оди по својата патека која што за жал сите сме поделени на разни страни. Не им се лутам само нека се среќни каде и да се нека си створат фамилија и нека бидат здрави тоа ми е најважно.Се надевам дека и тие како и мене го мислат истото и дека нема да ја заборават нивната другарка Животот ни носи многу моменти и многу разни луѓе за кои треба самите да одлучиме кое место ќе го заземат во нашиот живот. Многу ги ценам луѓето кои сме се дружеле краток период но и ден денеска ме почитуваат,кога и да поминат покрај мене ме поздравуваат ,одиме заедно на кафе,има што да муабетиме. Секој што ми помогнал,ме советувал,бил до мене во добро и во лошо,не ме заборавил ,таквиот човек секогаш го паметам каде и да е колку време и да има поминато.Таква ми е меморијата не заборавам такви работи Вечерва ќе имам средба со луѓе кои не сум ги видела повеќе од 5 години луѓе кои поминав еден прекрасен период од средно школо. Ех колку бргу минуваат годините ,а како вчера да бев во училишните клупи Чувајте си ги другарите и пријателите,луѓето кои ги сакате цените и почитувате. Понекогаш тие се причината за нашата искрена насмевка на лицето А чуството да си опкружен со такви луѓе е вистинско богатство Имајте убав ден феминки искористете го убавото време максимално
Го знаете чувството кога стара баба ќе се излизга по скали?! Епа јас го знам! Го чистев ламинатот дома, и арно ама во тој момент дојде баба ми. И јас -Ееееј бабоо, стој, сечи, не доаѓај тука, ќе паднеш!! Арно ама, заборавив дека треба малце посилно да викнам, оти не е добра со слух. Како влегува, замижувам и во тој момент слушам треееееееес! И што да правам после, си го оберив бастунот важно. Ајде ум за друг пат, да не ставам поликолор на ламинатот, бидејќи ќе има тешки последици.
Знам дека златната боја со семиолошко значење е боја на моќта, престижот и елеганцијата, ама многу ми е селски и геј кога ќе видам машко со златен iPhone 5S, бе... Си имате црн и бел, оставете го златниот за женскиот пол, повеќе си личи, искрено. До мене ли е само ?
Кога за прв пат отидов на изложба, се сеќавам дека наставничката нé учеше дека уметничките слики не треба да се гледаат одблиску. Треба да застанеме на определено растојание, за да можеме убаво да ги видиме. Исто е и со некои ситуации во животот. Некогаш треба да се оддалечиме, за да можеме подобро да ги воочиме работите.
Интуитивните луѓе се подобри во сознанието за она што го мислат другите околу нив поради способноста за препознавање на невербалните сигнали. Тие можеби изгледаат како читачи на мислите.
Чудно е како ситуациите кои ми биле едни од најстресните,најтешки и оние кои барале мое максимално излегување од зоната што ми е позната,се оние за кои сум најгорда гледано од денешна перспектива. Ама би било убаво секогаш кога сум во таква ситуација,во која мора максимално да ги прилагодам капацитетите на новата ситуација,да ми текне дека за година-две ќе се сеќавам на неа со гордост и исполнетост.