Спојлер Банирајте ме од темата "Ваши постигнати резултати" Јас сум инаку активен утрински мразач. Откако ќе се помирам со фактот дека мразам да станувам рано наутро во зима, почнувам да мразам луѓе и работи. На пример луѓе кои непрестатно ломотат пред 9 наутро. Иако и самата мразам да се будам рано, пак ќе кажам во зима, ужасно ми иритираат луѓе, возрасни, кои наводно имаат проблем со рассонувањето. Си дозволуваат да доцнат на работа, со обврски. Незрело, и никако не се согласувам да настојувам да ги разбудам кога ги игнорираат сопствените аларми и се прават дека не ги слушаат, бич плис, да одам во тоалет среде ноќ има коментар како сум ги будела, а наутро топ не ги буди. Е нема, не ме терајте да ги будам, ќе ги разбудам со кавга од сабајле. Каква неодговорност !
Секоја зима имам една единствена цел- како да преминам улица, а да не умрам искршена на мразот. Па калкулации под кој агол да ја ставам ногата за стабилно да згазам, па дали да се наведнам и да ги раширам рацете за рамнотежа, дали со десна или лева нога, дали да се залетам или побавно да газам...
Кравски работи. Сакам да зборувам за озбилни работи, а тој ми е толку неозбилен и детинест. Почнува да зборува за озбилни работи...ама зошто едноставно не се забавуваме? Хау ту саботаж јор лајф.
И он пред тебе сфатил оти догодина ова време треба пелени да менува СДК некои луѓе сами свој гроб си копаат. Намерно. Ќе го ископаат, ќе се закопаат и после бараат да ги откопаш. И се лутат што не си доволно брз.
Од неразбирливи фејсбук мама постови, никогаш нема да ги сфатам оние со некој џенерик ego boost текст (или виц од 2008-ма) пропратен со слика од ептен рандом лик од Looney Tunes ко Зајко Кукурајко, Брзата птица итрица, Џивџи, или што знам... магарето од Шрек. Што е корелацијата меѓу тие две работи? top 10 questions science still can't answer. Спојлер: Не се зафркавам
Всушност, ова прашање воопшто не е тешко за сфаќање. Напротив, е многу јасно и предвидливо зошто постојат вакви "хумористични" слики... Корелацијата меѓу тие две работи е само неуспешен обид да се исповетуваат познати цртани ликови кои се познати по хумор, сарказам и досетливост, со одредени шеги кои го немаат истиот квалитет. Со други зборови, преку популарноста на ликовите како Bugs Bunny, Donald Duck, Goofy,... се сака да се постигне истата популарност и претпознатливост на хуморот од страна на лошите комедијанти кој во реалноста воопшто не е сличен или добар како оној кој цртаните ликови оригинално го манифестираат во нивните емисии. Писателите на овој лош хумор знаат дека истиот не е добар и се обидуваат тоа да го прикријат со тоа што ставаат слика од горенаведените ликови кои се синоним за добар и класичен хумор. Во секој случај, доста патетично ако ме прашувате мене...
Втор ден ПМС, глупо чувство.....Синоќа станував на секои 2 саати до вц и воопшто не спиев ко што треба. Сабајлево одам на работа и пред мене случајно забележав кинез со домашни влечки, човекот безгрижно оди , а времето со дожд. Испив кафе и таман си велам добро ми е, ќе можам да издржам.......завршивме со чекирање и испраќање на патниците на летот за Скопје и ми се стемни пред очи. Сета сила што ја имав како некој да ми ја исцицал од мене. Во меѓувреме изедов 2 банани и мусли за да не сум гладна и сите наредни летови кои ги имав ко дрогирана бев.....Само фаци гледав пред мене, како робот, како во некој мој свет, луѓе поминуваат, се испраќаат, пасоши ми поминуваат во раце а јас се осеќав безкорисно, не знам како да ја опишам таа состојба , исто ко дрогирана, како да ми е сеедно, значи физички присутна, а не знам што се дешава околу мене.Почнав дехидрирано да се осеќам и да ме праша некој што муабет ми правеле колегите или ако некој ми пренесел некоја битна информација, поима немам, не бев психички присутна. Откако заврши работното време испив едно шише вода, изедов пита со јаболко и еве сега повторно пијам кафе и се обидувам да сфатам што ми е. Тууу ама глупо чувство, да не ме има некој урочено, да си земам за следен пат кромид, праз, лук и се по ред. И пак крварам, немам сила ама баш за ништо. Нека ми го постот кога ќе ми биде подобро да го прочитам и да се сетам на овој ден кога сум се осеќала ко во друг свет. А да одам да си легнам да одспијам, може ќе ми биде подобро .......
Го знаете она чуство кога се е во ред ама од друга страна ништо не е како што треба? Така се чуствувам денес. Ме боли главата, притисокот едвај ми го има и не ми се прави ништо. Немам многу обврски ама и за оние малку немам ни сила ни воља. Ич не сакам вакви денови. Безволни..залудно потрошени.
Од социјални експерименти што сакам да ги направам е во полн автобус со пензионери да замолам постар/а маж/жена да стане да седнам зошто ми е лошо поради низок шеќер или друга причина. Да видам баш на кое ниво е културата кај нив.
Не се прават деца со деца На ниту една наградна игра ми се падна нешто. Официјално, треба сама да си заработам и купам.
Диши. И онака тоа е единственото нешто што никој не ти кажал како треба да го направиш, а сепак го правиш совршено. За себе...
Распустов се откостив од пари фрлање.Искачам од 28ми декември секој ден.. Жив зијан сум.Направив груба пресметка и ми се снеарни.
Интересни сме ние луѓето за некои работи,сите си кажуваме како ние заслужуваме подобро од ова што моментално го имаме,во ред е тоа да се надеваш на подобро и поубаво тоа е човечки и оправдано,но дали навистина заслужуваме подобро?Би рекла не,сега ке ме прашате зашто? Затоа што да ни биде подобро треба ние сами нешто да направиме за нас,а не да чекаме некој друг да ни направи да ни биде подобро,сте се прашале некогаш зашто постојано ми се случуваат лоши работи?Баш од тие причини што само се надеваш на подобро а ништо не превземаш да направиш непто за тебе . Има една изрека а тас е додека обичните луѓе спијат мафијата работи.