Кога се дискутира на некоја тема обично ќе сретнеш два типа на луѓе: - начитани кои зборуваат на превисоко ниво, со престручни термини, филозофирање до бескрај за на крај да не сфатиш што кажале. - исто така начитани кои иако знаат да зборуваат со висок стил, сложеното го објаснуваат на многу поедноставен начин, така што и тие помалку упатените можат да разберат. Е со овие вториве поубаво се разговара
Имам big crush на едно дете ама он ја сака мојата најдобра другарка и она пошо не знае дека ми се свиѓа цело време ми збори за него а ја нејќам да и кажам. Ми иде да ја зеам за коса и да ја фрлам низ прозор.
СДК некаде прочитав на некоја статија дека луѓето што пијат јако,горко кафе се психопати.... Дојдов да демантирам....пфф,јас цел живот пијам така кафе,а на мрава не сум згазнала,уствари,сум отепала по некој пајак само Какво време дојде,на кој му текна може се да изнапише,и кадро и некадро стана "научник"
...Парадоксот на нашето време е да имаме поголеми згради, но пократки нерви, широки патишта, но тесни видици. Трошиме повеќе, а имаме помалку. Купуваме повеќе, уживаме помалку. Имаме големи куќи, а помали семејства, повеќе комотност, а помалку време, имаме повеќе дипломи но помалку разум, повеќе знаење, а помалку расудување, повеќе експерти, а уште повеќе проблеми, повеќе знаење во медицината, а се помалку здравје. Пиеме премногу, пушиме премногу, трошиме непромислено, се смееме премалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме, прекасно легнуваме, стануваме уморни, читаме недоволно а гледаме ТВ премногу....
Кравски работи 2. Обавезателно е уште при прв дејт да се изредат сите психички и физички проблеми што ги имам, за да знае човекот во што се впушта, па да не биде после нисам знала да си таква Се прашувам дали сум јас единствената што прво лошото лице би си го покажала, па потоа доброто...
СДК, фокусот моментално го ориентирам кон мене и моите цели. Ништо друго не ми е важно и нема да дозволам некој да ме оттргне од зацртаното. Само јас сум битна. Јас можам
СДК дека некои луѓе ептен здраво за готово си го сфаќаат она -Странката е секогаш во право. И баш тогаш си го покажуваат вистинското лице. На неговото -Ненормална, мрзо една, ќе те вратам у основно, па диши у слушалка ко да трчал 20 км, јас морам да вратам -Благодарам господине, имајте убав ден. На крај "господинот" сфати дека не бил во право и рече дека бил малку дрзок, не можел да се воздржи. Ок, вие си знаете.
За поздрав е што го продолжиле распустот, само да не се одработува. Цел јануари треба да биде распуст, бидејќи секоја година отприлика истите состојби се повторуваат.
Сдк на пензионерите да се наплаќа 100 проценти поскап автобуски билет, за скитање по загаден воздух! Од нив не може да се качат луѓе што имаат реална потреба од користење на јавен превоз, како што се луѓе што одат на своето работно место. Малку осет да се има! Дома ќе се прават ова ме боли она ме боли, болницине ги узурпираа од испитувања и термини, а за скитање со гага превоз, за тоа здрави се! Јас разбирам дека некој и од нив има потреба да користи автобус, но луѓе, ова е претерано! Наместо да бидат најпочитувана категорија на граѓани, тие станаа најомразена и најизвикувана заради ваквото нецивилизирано и нечовечко однесување!
Кажуваат дома, на ТВ збореле денес бил Син понеделник, најдепресивниот ден во годината. Им враќам, мене секој ден ми е син, ама кој ме прашува... Да не беа шегите на моја сметка, стварно секој ден ќе ми беше син. Вака добива некоја индиго нијанса. Ми текна на Vanilla Sky, е тие бои ќе ги достигнам па последно да ми е.
Ако има нешто "позитивно" у целово с*ање со загадениов воздух е што сите се дома и се дешава бејби бум. Значи никакви мерки на властиве за трето дете, пушти воздух на најјако и оп ќе рипне наталитетот
Она кога некој на возраст од 3-40 години па нагоре гордо ќе рече: „јас вака да се обратев на моите, ќе бев бездомник/ќе ме фрлеа низ прозор/ќе ме оставеа на место (и други драматичности)“. И тоа, да напоменам дека под тоа „вака“ не мора да се работи за сериозно непочитување и навреда, туку мислам кога вака се драматизира и за мало кревање на тонот и нешто од сосема безболен секојдневен сленг (ко на пример - абе ајде, што ти е проблемот, бегај таму и слично)... Мислам, извинете Ве молам Ваши Височества... не знаев дека имало кралски семејства во Македонија со посебен протокол на 100% inoffensive, учтив говор меѓу 4 ѕида. Ако нечии знаења за човечката психа се толку мали, што како прво дејствува со страв и закани, не умее да воспостави неформалност и блискост, и не знае дека потиснувањето на емоциите е најлоша варијанта во секаков однос - можеби било вообичаено неговото однесување пред 20-30-40 години. Но тоа што и сега се продолжува негувањето на таквиот став како пример, многу зборува за вас - и не баш така како што мислите. Стварно бе... што ви е проблемот?
Има и трет тип. Оние што не се разбираат во темата, немаат основно знаење за истата ама ќе пукнат ако не кажат нешто, па макар и глупаво да е. Квази начитани
Изгледа зрелост е ова кога од зборење и трудење да оправиш некаков однос, преминуваш во сеедност и едноставно исчезнување. Без поента, без цел да докажеш нешто, туку уморен си од лажгите, губењето време и желбата да имате убав и вреден однос. Па во една точка сфаќаш ама па и сфаќаш дека и нив ги нема, и го доживуваш најголемото аха и најголемото освестување колку малите луѓе можеле да се мислат големи.
Што и да правам,тоа го правам од љубов,љубовта е двигател во животот,каде има љубов има и рабирање,отсуството на љубов се раѓа омразата. Љубовта не признава гордост,мржња,љубомора тое е све спротивно од љубовта,таа е чиста затоа јас сум љубов.
I tamu ke stignes eden den ama prvo majka ti I tatko ti ke dojdat vo taa situacija. Nema li da te zasegne nekoj da zbori protiv niv. Nepocituvanje na vozdrasni luge go ima samo na Balkanot I nigde na drugo mesto. Strogo od Srbija pa nadole Pred da zborite protiv lugeto pomisletese dali nesto so vas ne e vred. Nemoze edna cela kategorija luge da vi smetaat