Пишала трудница дека сака порано да си го пушти детето во градинка (според неа така е исправно), ја нападнаа и ја направија пуздер. Она сакала да се фрцка и да шета дур бебето расплакано ќе седи со непознати жени. Па тоа фрчат навреди, да се чудиш. Друга некоја прашува дали фризерот у Систина функционира зошто сака косата да и е средена дур е во болница, па одма тука рој грди мислења и навреди напишани. Не мислела на бебето ич, немало да си го гледа, само на себе си мислела. Некоја девојка пишала лошо искуство за Дион и дочек на нова година, па одма тука -Дал си нормална толку пари што си фрлила, малку ти е, пак да одиш. Јас со тие пари ваму бев, тоа јадев и пиев, многу поубаво си поминав. Па тука одма девојката е препич и елита зошто у Дион отишла. Ова се само дел од многуте мислења од кои се направила таква фрка, а и нормално некои членови си се покажале какви се и покрај глумењето претходно. Форумов е се, само не место каде што можеш да пишеш нешто без да фрчат навреди и осуди. Опрајте се, доста си лечите фрустрации на луѓе што не ги познавате.
Научив да ги гледам и доживувам работите од поинаков агол. Еве денес е тмурно и облачно но се радувам ко сонце да ми е Be positive
Ќе се утепаш пишување реферати, 7години на форумов, ниедно мислење не ти е у темана за мислења кои треба да останат запаметени. Оти моите у срце се впишуваат, така да си знаете Ни на форумов немам никакво достигнување. Соу бејзик. Уште немате поима колку сум кул уствари
Многу лесно може да се направи разлика од тоа, како се живее во мк а како надвор од мк. А ако тебе толку те нервира некој што си отишол и успеал надвор, зборува многу какви кромањонци има во мк.
Единствен начин да те сакаат луѓето е да им дадеш причина да те оговараат. Речи дека ти треба гардероба за промена на работно место: "Што се правиш ма, сакаш преку облеката побрзо да напредуваш?" Речи дека никогаш не сте се скарале со дечко ти: "И онака сигурно те изневерува, ти само си ќутиш за да не останеш сама". Пожали се од услуга: "Не знам што сакаш ти, црвен тепих да ти постелат. Како за сите така и за тебе, бараш преку леб погача, оние сите што ќутеле глупи се?" Пофали се од услуга: "Што се фалиш ма, сакаш да направиш да се чувствуваме лошо затоа што не сме го добиле истото?" Кажи дека си била некаде, иако можеби еднаш во 10 години си излегла од државата: "И што треба да правиме ние што не можеме да идеме сега, да те слушаме тебе дека си била?" Кажи дека си задоволна со работно место: "Кога си го добила или партиски, или си го попушила на шефот, нормално дека ќе си задоволна" Кажи каква кола возиш: "аууу, дамата, и што сега? Ние што немаме таква да не сме во штала растени?" Кажи дека си среќна во животот: "Еј, лажи се самата себе си, кој знае колку ти е пред распаѓање се, па си ствараат лажни персони тука за да се чувствуваш подобро" Кажи колку плата имаш, ќе си створиш доживотни непријатели. Единствен начин да те сакаат сите е да им кажеш дека се над тебе. Дека имаат подобар живот од тебе, дека се попаметни, поубави, дека децата им се лепотани од сликовница, дека мажот им е најсекси маж на планетата, дека им завидувам на среќата, љубовта, слогата, парите. Сите се среќни кога ти си несреќен. Зошто? Затоа што не живеат за себе туку за другите.
Една дама (ајде дама ќе ја наречам) по кратко пишување ми побара слика во порака, ветувајќи дека ќе добијам нејзина. Откако ѝ пратив ја снема. Како да го наречам тоа однесување...
СДК 1. Во последно време се прашувам како тоа не се дебелеам , а јадам? СДК 2. Не знам како да се мотивирам за да завршам една досадна обврска! СДК 3. Ептен сум мрзлива деновиве.
... И кога ми е најтешко не се предавам...се држам до својата цел..од надежта имам волја и храброст за понатаму...верувам во она што го сонувам и сакам...се надевам...секој ден...до последен миг...до последен момент...дека еден ден...можеби...сонот ќе стане јаве...
Во последно време се прашувам каде е старата јас? каде е онаа која што беше најпозитивна на која ништо не можеше да ја изнервира...сакам сама да си залепам еден шамар,што е тоа што ме смена во ваква личност гледаш се околу себе со многу по реална слика и сваќаш дека животот не е баш онаков каков што си го замислуваш во помладите години.. ке помине сето ова сивило се надевам да се вратам на старата јас...
Мило ми е што после долго време се враќам пак на форумот. Искрено ми фалеше. Карајте ме ако сакате оправдано ви е.
Да си го сакаш миленичето како дете и да си го разгалуваш било лудост, надвор од границите на нормалното и најверојатно станувало збор за психичко пореметување, а нормално било детето да си го воспитуваш со урлање, викање, навреди и ќотек секогаш кога нема да се однесува како што треба затоа што ќотекот бил излезен од рајот. Епа затоа нема да не биде.
И нервозата и здравствените маки твои да ги истуриш врз децата... И после другите не чинат а ти си цвече