За Буба Мара мислам се 2000ден., така што сосем логично е за светски уметник да се од 3000ден. нагоре. Секако ќе одат тие што имаат, и на двата настани.
Како лабаво одминуваме статии си предупредувања за се нешто опасни астероиди, еден ден вистина ќе не лупне, мува нема да не пролази.
Многу погрешен пристап е она - пред сиромашните не зборувај за пари и удобност, пред оние кои се борат за дете не зборувај ништо за (твои) деца, и слично - значи општо пред несреќните од некоја (надежно минлива) причина, да не покажуваш своја среќа. Секако, треба да се има осет и да не премине во фалење, но пристанувањето на туѓа темнина никому не прави добро, а и сожалувањето може да биде своевидна навреда. Многу подобро е да се однесуваш природно и позитивно, да ги третираш луѓето во некој тежок период со почит како зрели личности, кои пред сѐ нема трајно да бидат во таа состојба, па дури и да им дадеш мотивација и личен пример дека сѐ е можно... а не да газиш по јајца внимавајќи да не им создадеш уште повеќе мака преку завист.
Македонските ученици на дно на свет според писменост само пред оние од Косово, Алжир и Доминиканска Република. Министерство за образование со изјава дека им се запалило црвено светло. Писменоста кај учениците изгоре а нив светло им се запалило
Кога дома навечер ќе ми снема струја мислам дека се соочувам со најглупава досада. Да гледам филм? Нема телевизија, немам ни вифи да гледам на нет. А и батеријата на лаптопот нема да издржи можеби. Да зготвам нешто? Ноуп, шпоретот работи на струја ез уел. Тие што имаат шпорет на плин барем ова им е олеснето. Нешто продуктивно да правам, да учам...? Јок, очи ќе ми излезат во темница ако читам и ужасно ме боли глава така. Игри на телефон? Ќе правев тоа ама бев баксуз да телефонот го ставив да се полни баш 5 минути пред да снема. А и преносниот полнач уште ако ми е празен... А и плус не сум испланирала со никого да излезам таа вечер... Останува само да се излежавам Златен Тесла
"Имам огромна поддршка и разбирање од партнерот" левел -му се качувам на глава а тој со мене се однесува како кон ретардирано детенце пазејќи да не дознаам дека со мене нешто не е баш во ред. Или -во моментот кога ќе почне реалноста да ми ја покажува а не да ги поддржува моите, сепак, нереални во моментот соништа, ќе почнам да драмам и да се самосожалувам и во депресии да паѓам и вина да му набивам дека не е добар партнер и не ме љуби доволно. И дека таму некаде постои некој кој ќе го препознае мојот потенцијал и со него ќе успеам а тебе ќе ти биде криво кога ќе ме гледаш на насловни страни (метафорично) успешна и со него фатена за рака. Sky's the limit, you can be whatever you want to be и слични реченици и позитивни мантри со кои се храниме во последно време, колку се корисни кога се земаат во одредена доза за подигање на самодоверба, оттргање од нездрави навики и односи и слично, толку се штетни кога ги користи егоманијак. Како џанки кој се навлекол на сон, идеја, желба. Можеш да имаш добар живот и покрај работите што не ти се оствариле а си ги посакувал. Не мора да ја обожаваш својата работа, не мора секој момент со пријателите и најблиските да е филмски, не мора сите околу тебе да се перфектни личности со идеални карактеристики компактибилни со твоите. Но ако си се заинатил/а, go ahead, продолжи со потрагата.
Не сфаќам како морам да ги знам некои одредени луѓе кои се ете демек 'фаци' во градот и кога им одговарам на оние кои ме прашуваат-дека не ги знаам и не сакам да ги знам, добивам фаца као : Bitchy face. Мислам, wtf? Ма идете све у п**ду ма****ну. I mind my own business.
Кога секој од нас би се стремел да биде подабар човек од вчера,многу поубав би ни бил животот,наместо да се натпреваруваме кој кого повеке зезнал,украл,излажал ,подобро би било да се натпреваруваме кој повеке направил добрини,помагал,прочитал повеке книги,тогаш све би било поинаку.
Throw back to кога си измислив сопствен јазик и ја терав сестра ми да решава тестови: Спојлер: Сериозно
Обично не образложувам зашто се чувствувам посебно некој ден себично си го чувам тоа во себе. Но денес особено сфатив дека среќата може и да е околу тебе и во тебе. Ќе си отворам смоки пред продавач откога истото ќе го платам и ќе го понудам. Ќе седнам рандом во некој ресторан и ќе ми пријде мало дете од соседната маса да ме праша дали може да земе од нашата храна. Или пак рандом автобус кој сум го видела како ми заминува пред нос та сум се стрчала да го фатам и ми отворил врата и сум се заблагодарила за тоа. Едноставно, тоа е тоа. Цивилизиран живот.
Колку било само вистина она дека не знаеш колку некои луѓе се штетни се додека ги снема и не вдишеш свеж воздух. Може надвор е загадено, но толку ги исчистив дволичните луѓе од животот што се осеќам како да дишам добар воздух психички.
Сакам да кажам ... Јас: Ќе излезам на еден сат и ќе пијам едно кафе и после ќе учам уште околу три сати и ќе легнам до 11 за рано да можам да станам да повторам пред да излезам. Исто јас: *ми се годи друштвото и се прибирам касно и немам време да доучам, ни да се наспијам за да повторам, а се напив кафе од првичен план само не се уморив доволно за да заспијам и са ќе заспијам ко ќе треба да одам на пракса* Толку од инаетот. Ама барем сфаќам ко ќе речи некој дека ептен му се погодило друштвото.