Луѓе кои купувањето стан/правењето куќа го идентификуваат со сиромаштија и немање, несреќни сте во срцето, па да би тоа што мислите да видите како е стварно да немаш. Сериозно. Простота и празноќа, како може да сте толку празни по дух и да немате животна среќа, не ми е јасно?!
СДК за мене слободно можам да кажам дека како мала јадев со калливи раце,или ќе галев куче и немаше да се измијам раце,или тоа ќе го сторев онака набрзински(поважна ни беше играта од хигиената)ќе истрчав да јадам набрзинка и да ме нема надвор побрзо игравме разни игри со кал,се пикавме во кокошарник и во штала кај кравите и малите телиња со другарчињата,се јазлевме по дрва,сите алишта поштено ги киневме,се влечкавме по калливи ридови и уште што не,јадевме снег и мраз,со саати стоевме со искиснати алишта. И тука следува она добро познатото-тогаш беа поинакви времиња,клише или не,ама поздрави бевме Ама само да ме видите како се тресам над внуците....не ги оставам кога се со мене ни со кал да играат,ни снег да фаќаат,ни животни да галат,кога ги шетам на снег постојано ги прашувам да не искиснале,дури досадна им сум...ех како се сменува човек,што ти прават годините
Ако не си побараш, нема да добиеш -работава. Па штом така... и таблет ми треба фемина ду јор меџик И ви се молам не ми копајте по старите мислења
Некако било ова убаво да бидеш себичен и да си гледаш за себе. Веќе неколку денови сум слепа и глува за туѓите проблеми на луѓето кои секогаш ме оставале на цедило. Дали ова ме прави злобна?
Устата може да излаже, но очите и погледот секогаш ја кажуваат вистината. Залудно е да се зборува било што кога вистината е видлива, за тој што знае да препознава. Патем, го сакам говорот на телото, сакам природни луѓе и луѓе кои знаат да комуницираат и без зборови.
Добар ден, месец Јануари година 2019, луѓе шминкаат јајце со шминка ваљда поскапа од мене и после кажете дека не живееме во компјутерска симулација.
Кога сум во бутик преферирам да пробам тоа што имам побарано,а не да ми туткаат разни парчиња облека. Не ги пробувам бидејќи ги немам побарано и најмалку не се слични со побараното.
Ех, да ми кажеше некој дека најтешката работа у животот до сеа ќе ми биде парфем да си најдам, ќе се отруев...
Едно од најинтересните нешта на факс, а можеби и единствено интересно нешто, е црниот гавран што слетува на прозорците од амфитеатрите кога полагаме и грака и удира со клунот на стакло во стил: "Го можете вие тоа, верувам во вас!" Ама најозбилно ова, скоро секогаш истото. Понекогаш не' дружи и предавања кога имаме. И онака паметна птица, сака уште да учи. Ова е гавранот што не знае за "Nevermore".
Многу е битно кој ќе те пресретне одсабајле Денот почнува со убави лица,мили....ама не и со некој што ти ствара нервоза,немир ти ствара Како би ја згазила....како мравка
Ова би било баш фино решение за сите бутици со продавачи што цело време дишат во врат на муштериите при разгледување...
Абе седи си дома оди си по планини и реки. У мол ќе одела. У бурекџилница преку ред у маркет преку ред на семафори вози ко мрдната за да улета прва у друга лента... Останато е само најниското во земјава. Па кога списка една она била на ред продавачката не можеше да и прости па коа и се сврте.. Остај ја велам греота е. Страшно.
Всушност проблемот не е секогаш до продавачите таму туку до газдите. Не памтам од каде имав чуено ама вработените преку безбедносните камери се следени и газдата им наредува така да ги следат муштериите, да им нудат производи итн, во спротивно можело плата да им се намали.
П: Што ти беше првото дете? Машко, така? Е: Не, девојче е првото. П: Лелееее!!! И второто ти е девојче?! (вметни фаца ко да зборува за устојан тампон) Е: Не второто ми е машко. Која е разликата и зошто е важно побогу?! П: Леле не зезај, машко си е машко. Прво кога ќе кажеш имам СИН, не е исто како да кажеш имам ќерка. Синот е твој, ќе ти донесе утре невеста во куќа (?!), а ќерката ќе ти ја земат! Живо и здраво нека е, ама по можност нагоре да моча! Е: Исусе Христе, Мајко Богородице и сите светци по календарче... Млада жена луѓе мои, помлада од мене... Ахххх Клара Цеткин, за што ли се боревте...