Некако се ми е излезено од контрола , ова денешно време , ова денешна младина некако ми е ... Се почесто гледам машки тенко исчупани , мазни нозе ( мислиш помазни од моите ) а јас сум женско, дури и познавам некои кои пудри ставаат на лицето ... Но јас сум среќна што покрај мене имам вистински маж, кој нема чупани веѓи , кој има влакна по нозете и носи мајци како шо му одговараат а не залепена за тело и пупките од градите да му се познаваат. Се знае машко кај се депилира бе а шо е ова мазнни нозе светат Женскиве мајки станале на 14 години , во ред несум против, кој кога сака се мажи кога сака деца чува , но ако не сте способни бе не чувајте деца, не е само да се роди тоа дете треба и да се води ред од него , а не да го оставете тоа дете само да се грижи за себе. Несум престарена , ниту со строги сваќања но ова некако ми е премногу излезено од контрола. Времето се смени мажите и жените си ги заменија улогите ....
Се нервирам оти толку пари се трупаат за одредени културни манифестациии еве пример за наградите за Макфест,наместо толку пари за победниците дел од тие средтсва да се дадат на оние деца на кои им е потребна помош. Толку имам да кажам.
Кефови. Кога ке ти дојдат на гости нормални луѓе. Луѓе што не се опседнати со секојдневно дремење на кафе, трачарење ко жени на чешма, што животот не им зависи од тагирање по ФБ, selfie слики и лајкови. Нормални луѓе. Луѓе што си го гледаат семејството и својот живот. И кога знаеш дека со нив ќе си поминеш поубаво за една недела отколку цела година со сите други.
Многумина ми кажаа дека сум се променила. И да. Се променив. Но, длабоко во себе од секогаш бев таа која сум сега. Само не го покажував тоа. Мило ми е што се приметува разликата. За некои на подобро, а за други на полошо. Десет минутната прошетка пред некој ден ми помогна да сфатам некои работи. Чекорејќи сама на сонцето, иако за кратко време, размислив за животот досега и за работите кои ми се случуваа. И знаете што заклучив? Дека цело време јас сум таа која гледа да им угоди на другите, која за секој има добро мислење, а подоцна тоа мислење се покажува како погрешно. Сфатив дека на никого не мора да му покажувам и докажувам која сум и што сакам. Оној кој сака да биде дел од мојот живот ќе се потруди да ме задржи и сам ќе открие која сум јас. Фала му на Бога, навреме отргнав некои личности од мојот живот, а се вратија оние кои всушност и никогаш не заминале. Оние кои, на овој или оној начин сепак биле дел од мене и мојот живот. Среќна сум! Се надевам ќе потрае.
https://www.youtube.com/watch?v=b6vSf0cA9qY Солзи пот на чело, над усна, под очи, сува усна, суво грло, суви дланки, дури и сува коса, ама баш ми е гајле, лето е, топло е, љубов од сонцето, чат пат флерт од ветрето, копнеж по морето...а сепак цело лето по цел ден дома се криеме од сонцето...ама не е битнооо - лето е !!! Кутрето мое, сеуште не е ишишано а се пече под сонце цел ден, и само чат пат бега во тревата под сенка да се оладе, и пак на сонце. Не е битно дали е, 2 кога е најжешко, или 7 и пол поручек, кога има минимален знак од ветрето и кога нормално се дише = она секогаш е расположена за шетање и под брк го гледа каивчето надевајќи се дека ќе го земам у секој момент. Одиме во природа, јас како мало дете обавезно со сладолед во рака, зависно од пари колку имам, ако се повеќе - го грабам најголемиот, чоколаден, наместо вода, види логика ама гајле ми е - лето е !!! Она трче, скока им се радува на сите улични кучиња кои идат одма штом ние стигниме, а овие бегаат од жешкото, а оваа ги круже и им се радува, другарчиња си има гајле и е. Откако ќе го искриве јазичето на страна - време за дома. Дома една овошна салата, вода со мраз, и серија на лаптопот под летниковец. Лето во нашиот двор. Ми се случија многу негативни работи претходниот месец, кои многу ме погодија. Ама животот не запира тука. Семејството здраво,живо ми е, до мене се, позитивни луѓе и позитивни мисли. Кога за момент мислиш дека се гушиш, дека немаш сила и дека се е црно - напрај се да биде сиво - за почеток, помисли само колку полошо може да е, и после е многу полесно да се дојде до светлата белина. Баланас во се мора да се има, а најмногу помеѓу доброто и лошото, за тоа второто не сакам да чујам. Мотивирана повеќе од кога и да е, конечно дипломирав, иако други работи ми избегаа од ракав, и можеби светот ќе ми се смени, не се плашам, нема каде да бегам а не ни сакам...Одбирам да живеам и да си го бојам светот, иако моментално сум во некое сивило со бели пердуви, сите сме понекогаш, тешки камења на сред чист пат ни изникнуваат, но секогаш има начин да се помине покрај нив, и да останат позади нас. Со такви песни како на почетокот од постот ми почнува денот, со радост на кутрето кое ме буди и добрината и љубовта на дечко ми, со позитивните и добри луѓе кои ги имам, и најдобрите мама и тато што ме сакаат и ми даваат сила секогаш кога главата мислам дека ќе ми падне.
Спојлер Така си направив и јас.Од што на сите гледав да им погодам и да внимавам како се чувствуваат постојано, се заборавив јас самата.Сфатив дека треба да си посветам повеќе време и ни малку не ме интересира што си мислат тие околу мене :geek: И да си бидеш среќна,не дозволувај мали небитни работи да влијаат врз расположението ** Понекогаш е премногу тешко кога сфаќаш дека иако покрај тебе има луѓе, се чувствуваш премногу осамено ** Си имам нова фризура,првата работа од списокот е исполнета Седнувам и фризерката ме прашува како да те стрижам? Јас и велам промена сакам,а на оваа не и се верува што зборувам па два пати ме праша Битно јас си заминав задоволна, што ти значело една нова фризура, цела недела хепи ** Лелее овие комарциве... лом ме направија.Цела сум со пликови на нозете,цела подуена.... Дури и на рацеве имам, ставив во штекот за комарци нон стоп 3 дена е уклучен,ама мене ме изрешетија Не дај боже да се допрам од некаде цело тело ме боли.Што ти не ставив, и еве не поминува. Има ли на некој така што му се случило? Ужасно боли Пријатен ден на сите
eliesaab исто и на мене Цела ноќ ме јадеа,и што да ти кажам пликови сум цела! Ама мене не ме боли ме чеша
Моментот кога другарти се наканува да држи диета, кој не е ни малку дебел, и другиот ден те вика на ресана торта. Со мед, ореви, млеко, па згора на тоа и шлаг и ставил, мх мх мх прсти да излижеш. А од диета ни ,,д'' . Па јас на шега му велам... ,,И како оди диетава на база на ананас?'' А тој како од пушка: ,,Од утре..'' Биче и то, само со добра волја и ресани.
Е што и фали на Грифит само нешто да се оговарало, жената и на кожа го обележа доживотно, во срценце плус тоа . Мене па тој Бандерас ми е многу лигав човек, Мелани е премија за него. * Среќен празник на сите што го слават овој ден-Духовден и на сите православни христијани.
СДК порано кога беше викенд и првото утринско кафе(лажам де секако нешто друго пиев ) ќе го пиев читајќи ја темава, имаше 5-10 страници сигурно, сега едвај 2-3. Инаку татко ми и брат ми прават скара, ама бидејќи брат ми не е по учењето, се шегуваме со него готвач ќе бил. Ако де и тоа е професија.
Дефинитивно, настанот на патот до продавницата ми го направи денот Додека одев накај продавница на земјата видов 100 денари. Ги одминав, бидејќи некој можеби ќе си ги побара, а јас знам што во денешни денови значи да загубиш 100 ден. Подалеку пред мене видов една баба што се пребркуваше. Не знаев како се вика, па потрчав до неа. Беше спора, па бргу ја стигнав. Ја прашав „Да не сте загубиле пари?“ ми рече „Да 100 ден.“ и реков дека сега ќе и ги донесам. Се вратив на местото каде ги видов парите, ги земав и и ги вратив. Не можам да ви ја опишам среќата на лицето на бабата. Почна да ми раскажува каде ќе оди, дека и требале за такси, ме праша како се викам, ми кажа како се вика. Испадна дека имаме исти имиња, ама неа ја прекрстиле. Ми рече ти си добро девоје, праведно, 10 пати ми се заблагодари. Кој вика дека на добро не се враќа со добро? Секогаш сум ја барала правдата. Многу пати имам одбиено да постигнам голем успех (на нечесен начин). За мене успех е само ако се постигне на чесен начин, ако е постигнат со измами не ми значи... Еднаш наставничка со тоа сум ја оставила без зборови. Таа ми кажуваше дека животот е суров, мајка ми и татко ми ми викаа да не се замислувам „Ти ли си нашла правда да гледаш? Калимеро ли се правиш ?“. Кога на едни школски им помагав, еден другар буквално ми рече „Ти си луда“, а јас му вратив „Не, само сум добра спрема некој“ „И мислиш дека некој ќе ти врати“ „Јас не ни очекувам нешто за возврат“. И на крај и без да очекувам нешто за возврат сепак го добивам и не можам да кажам дека тоа ми смета, бидејќи тоа што го добивам е среќа, пријателство, успех.. Не е за џабе кажано „Ако со сето срце сакаме да му помогнеме на некој, не можеме да ја избегнеме наградата која ќе ни дојде во облик на пријателство, љубов, почит. Среќата не му доага на оној што ја барам туку ба оној што е спремен да ја даде„
ColoursOfTheRainbow ме потсети на една случка од пред 2 месеци Чекав автобус кај државна за да се враќам накај дома, забележав на оградата позади мене имаше оставено лична карта и сметка од трансакциска, по сликата и годината од личната карта, жената беше постара.. Околу мене сите ги видoа и само мрдаат со рамињата, а јас ги земав сакав да ги однесам во полиција, во близина кај што живеам има, па реков подобро да се таму отколку да се изгубат тука и да не ги најде никој. Само што влегов во автобус ја познав бабата, беше седната на првото седиште и по сликта одма ми текна дека е таа. И ги дадов.. цел пат се дури не се симнав од автобус жената се вртеше наназад и ми викаше фала, фала, фала.... Прекрасен ден за мене, а и за госпоѓата
Луѓе јас несум дебела,само стомаче си имам .Треба да намалам со храната за него да го немам.Епа намалувам со храната,ама џабе е.Овие еденови празници се и морам да дегустирам од се што ќе ни е дадено за душа на мртвите.Епа нели тие така се хранеле. Значи не јадам храна бидејќи сум гладна,јадам бидејќи некој треба да ја дегустира.И да каже дали е вкусна или не. А бе и јас незнам што ми е денес...
The shoes on my feet I've bought it The clothes I'm wearing I've bought it The rock I'm rockin' 'Cause I depend on me If I wanted the watch you're wearin' I'll buy it The house I live in I've bought it The car I'm driving I've bought it
Значи овие рекламите кога ќе ги даваат за време на некоја серија или филм,абре цел саат...за малце ќе заборавев што гледам!Ќе си го земев далечинското и ќе барав нешто за гледање...Човече стоп-фалш-сечи! Ако сакаш реклами до толку стави си ги сите на CD и гледај си дома,земи пуканки и гледај реклами...многу реклами,шо ќе беше ова?Хах И така значи следен пат ќе земам некој учебник по физика или нешто така научна работа и кога ќе почнат со воа рекламите јас цела физичка книга цело научно трудно не знам какво списание напамет ќе го научам,море со сфаќање! Затоа шо јас ја имам силата се да научам учебник да земам и со мозокот да скренааааам како ме боли главатааа од утре,од утре јас само ќе си пееееам Ќе станам експерт по физика или таму нешто наука некоја... ’’Од кога брат ти си експерт за анатомска физика?’’ ’’Од кога почна серијата Реклами во времетраење од пола час“ Море ќе магистрирам ако треба И така ви викам...ви пишам де... Му велам дома ајде бе пуштете ме да тренирам кошарка... Одговорот,кратко и јасно-НЕ Оти бе? Оти ти ја тепаш топката,а не ја галиш,топкаш не знам шо таму... Да,да...ја нокаутирам топката,така е аха....