Она кога некоја кажува индиректно дека е трудна а кога ќе прашаш се прај не е па уште ко у око да си и брцнал. И после преку ноќ штрк и донел бебе Греота.
Кука како нема денар,сиромашен бил,немале дома леб да јадат,како немало работа,како државата била дно дна,му наоѓам работа 5 часа во денот да работи,од пон до петок,викедни не работи,250 евра плата почетна,секој месец по 1000 денари плус на плата,и на крај јас будала искачам,дечкото не сакал физичка работа,сакал да седи дома од пц да работел али да зимал 1000 евра најмалце плата,абе да земеш еден по еден и да ги утепаш,кај нема леб да јаде,па уште и бира бе цццц.
Од сега правам јас што сакам и за мое добро..Помагај му на овој на оној а се заборавив себеси...Ама доста беше!
@ЕденЧлен една од причините поради која престанав да се обидувам да помагам за работа на луѓе. - Еее како не тоа ли ќе работам... цц што не ми најдеш нешто асално.. Да, тато има фирма дојди ќе те вработам Крај на крај мрзи не заслужуваат помош
Ако некој од вас бил на автобуската вечерва и видел девојка која има ментален брејкдаун, да знаете дека сум била јас. Мислам дека на светов, поидиотско и поисфрустрирано суштество од шалтеруша нема. Сега не толку често, али дури бев студент, скапував на автобуската, и стомакот ми се бунеше на секоја дрскост од горенаведените, ароганција мислиш тикети за oскарите продава. Брзав ненормално многу, трчав накај автобуската да стигнам на време, најкултурно ја прашуваш кога е наредниот автобус, ти го затвора прозорчето од шалтерот како да си ја прашала кога последен пат имала секс, си го продолжува муабетот со колешката и по некоја минута, и текна дека има особа пред неа која чека. Наредниот бил за саат време. Земав карта, а во меѓувреме се туфкам,барам по телефонов некој ако може да ме превезе за побргу. Излегувам на пероните, таму стои друг превозник за мојот град,спремен да тргне за некој минут. Викам да не е организирана линијава, зошто побарав тикет за прв автобус, а она ми дава за саат време отпосле. Возачот стисна рамена, и вика е зошто ли. Влегувам да го сменам билетот, и тука почнува драмата. Што сум се замислувала ќе сум менувала памет на 5 минути, не било едноствно да се промени тикетот, процедура било. На моето прашање зошто приоритет даваат на одредени превозници, а ги кријат останатите линии, почна да надиза тон, сум се мешала кај не ми било место, тоа била интерна работа. Викам да, гледам дека е интерна. . Патем им лупнав и дека погрешни информации даваат по телефон, колку само пати ме имаат поебано мене и икс други особи, пошто од памет зборат, ваљда ги мрзи да проверат у системот, за нешто кое им е работа и за кое земаат плата, па госпоѓата глумеше увредена факти бараше, датум и време. Видов дека нема поента да се спуштам на нејзино ниво, катастрофа сте им реков и си заминав. Луѓето околу мене сите ми дадоа поддршка, она тотално си во право, ехее колку пати ни се има десено и нам. Ако ни е си мислам, ако од 20 души засегнати, еден ќе зборува гласно и ќе исправа криви дрини. Нека ќутиме сите уште. Од тоа е и до тука дојдено. Целата работа е што сопственикот на автобуската држи свои линии, на кои овие им даваат приоритет, макар ти треба да чекаш саат или два, и ги елиминираат останатите превозници. Еден негов автобус со капацитет од 30 души ќе вози со 60 внатре, а на другиот, шоферот и кондуктерот внатре. Моја нога више таму не стапнува. Жално е и што нема каде да се обратиш, жално е и што народов е станат толку пасивен и трпи све, на своја штета, само да нема бура. Ништо да не функционира како што треба, мислам дека за тоа треба медала да ни се даде. Никогаш ова патетично парче земја нема да стане држава во права смисла на зборот, никогаш.
Ова... Мислам,не знам што да кажам. Ако на 31 година тебе ти е поважна внуката од твојата сестра ,а не твојот сопствен живот.... Не знам. Пази , не велам да не ја сакаш, да не ја посетуваш, да не и обрнуваш внимание, да не и купуваш нешто. Велам дека животот на сестра ти е нејзин, а твојот е твој. Секој треба да си се грижи за својот. Сигурно мене брат ми или внук ми нема да ми најдат дечко или да ми најдат работа. Во ред е да запоставуваш обврски за твојата блиска фамилија и да си посветуваш внимание ,но секоггаш треба да имаш време и за себе.
Имам пријателка што се грижи за внучето дури мислам повеќе од сестра и(мајката) ... мене тоа страшно ме иритира. Нема ни дечко, а се понаша како да е мајка и паничи за внучето... само тоа и е муабетот. Дури и од работа излегува ако треба да го чува(приватно работи) ... И викам фати дечко не туку се грижи за други во толкава мера, си имаш ти твој живот, не е твој животот на сестра ти.. нема да значи тоа дека не ги сакаш не се секирај... ама џабе е. Не сакала дечко, не сакала ни деца оти само нервози било, се разболело, па не си можел да спиеш од него, па у вц не си можел да отидеш од него, па плачело, па врескало , па ова па она.... чудни личности и карактери има. Тоа е.
Најодвратни ми се оние парови кои “не можат да го поднесат партнерот”, кажуваат како нонстоп се караат, не им е убаво, а по неколку месеци прават свадба и оттогаш се најсреќни и најзаљубени. Абе кога не поднесувам некој ни здраво не му велам, камоли во брак да стапам со него. Како некој може да е толку дволичен?
Кога гледам онакви видеа DIY каде што некој покажува како да искористиш стара маица, марама, стари чевли, разно разни предмети да ги претвориш во нешто друго за да не даваш дополнителни пари., се прашувам дали некаде и некогаш неко воопштој ги применил тие идеи во реалноста.
Не е дека нешто многу денови минаа од оваа, 2019тава, али, некако ми тргна во плачење ради туѓи изливи на емоции и ред други слаткоречивости. Жими се дури и со оние кои не се гледаш ти иде природно да се гушнеш и се подаваш низ екран. Па и со оние со кои се гледаш, а не си нешто близок, еднаш сте се виделе, ви иде да се гушнете. Имав ситуација со една најсупер женичка од една општина) и двете тргнавме да се гушнеме ко другари кои не се виделе сто години. Небитно шо еднаш се видовме пред месеци и толку. Природно си дојде. )) таков нагон али немав со години со многу, куп луѓишта од времето од до времето до. И, после еден долг, вековен бран на јакнење ради куп чудна агресивност и хаос и бездушност, ма не..не е бездушност, само некои автер шокови на купишта напатени души (не дека и јас не бев тоа)..сега ќе мекнеам изгледа. Ќе се враќам да бидам лигавешка. Океј.. Ќе си купувам тро повеќе палома.
Имате прекрасни подземни контејнери и луѓе што оставаат ѓубре надвор до нив. Е*ате идиотите. Пардон мај северномакедонски
Новиот лик во серијата, потсетува на тебе. Знаеш...имам толку нешта да ти кажам, но повеќе немам причина за тоа.
Изгледа Канада ми е нова земја-љубов, и тоа примарно поради државен систем и менталитет. Како што читам новости, факти и хумор околу нивното функционирање, либералност и култура на однесување - сѐ повеќе им се восхитувам. Да ми е барем една година во таква средина, со рандом љубезни гестови околу себе кои ќе ти остават впечаток - а не малограѓанштина, суеверија и политика насекаде... би се преродила. #Goals.
Државава ќе ја сфатам сериозно тек кога ќе си плаќаме здравство за миленици исто како и за деца и кога лековите за нив ќе бидат на позитивната листа. До тогаш никој нека не се чуди зошто сегде врски фаќам па дури и колата преку вибер ја регистрирам. Нека се опрај се друго па тогаш јас. Зошто за мене е лесно ама за се што не чини да се опрај е многу тешко..