Многу доцна сфатив кој всушност ми мисли најдобро. Мајка ми, татко ми, и брат ми. Толку. Ќе ми треба цела вечност за да им се извинам за се, да ги средам работите а јас да се вратам во вистинско светло. Јас не сум ова.
Не комуницирам со луѓе кои ги прашувам 'Како си?' а за возврат не добивам исто прашање. Аривидерчи. Чао. Тути.
Што би било потажно од луѓе кои долго време ти се во потесниот круг и одеднаш ти завидуваат на многу мал успех и те игнорираат и те мразат потајно и се гледа во нивните очи ? Тажно е многу е тажно..
СДК што беља работа си отворив вчера. Бидејќи врнеше многу снег,а во мое село не беше стопен ни од претходната тура,ставив едни машки гумени чизми,зедов лопата и почнав да го чистам снегот,ме болеа рацете и сакав да се откажам одма,ама не се откажав. Кои романтики беа само,врни-истура снег,јас си чистам лагано,го нафрлав снегот од двор понастрана да направам пат за колите на брат ми и татко ми,и излегува брат ми од дома,кога ми се развика-Што правиш? Ајде сега да земиш и да го распостелиш снегот ко што беше,гледаш или не гледаш како го имаш нафрлано нема да можам да враќам рикверц од сантиве снег,а јас фино и лепо му ја дадов лопатата и си влегов дома Наравоучение:Сите се борат за родова еднаквост,а јас само сакам да се знае дека чистењето снег е за мажи,не е женска работа(океј,си се тешам дека за ништо не ме бива ).
Парите во денешно време се многу битни за да можеме да опстанеме,сите сакаме комотен живот и тоа е нормално,но дали треба да продадеме држава,име,индетитет,корените дека сме Македонци за да влеземе во Еу и Нато? Мислам плаќаме преголема цена за нешто што е сеуште неизвесно.
Ден 4 како раката уште ме боли од вакцината и паузирам од вежбање ради тоа и се осеќам многу глупо. Лошо е да си фитнес фрик ама од друга страна се радувам што си имам створено ваква навика иако некогаш се осеќам ептен опседнато со истото.
1. Или ги избркале Вмровциве од работа од администрација, и пикнале Сдсмовци, па сеа спамираат секој ден у секоја можна тема политички жалопојки, оти имаат премногу слободно време, 2. Или се платени да спамираат политички жалопојки, 3. Или толку им дал Господ акл. Или сите три заедно...
На поставено прашање од деветгодишно дете, мајката упатува одговор, не размислуваш, глупав си, со препознатлив тон полн фрустрации, навреди, гнев кој ми создаде запрепастувачко чувство од неочекуваната постапка, а на детскиот фацијален израз никна невин крик, не знаев, само прашав... Не сум родител, но некои се тотално неподобни личности што само успеваат да остават длабоки последици во детската кревка душа и да уништат живот. Промената почнува од себе. Променете ја личноста во огледалото. Секогаш е време да направите нешто добро, наместо да се закитувате со вербални суперлативи со провидна вредност што само создаваат поголем впечаток за вашата родителска (не) посветеност.
Се заљубив... Девојки, се заљубив во Сара Анастасовска (на темата македонски јавни фаци имам пост). Фак...
Моментот кога аи правиш флешбек на твојот живот, во една минута од пушената цигара и испиеното кафе се сеќаваш на денот кога си родил нов живот, на моментите кога не си знаела како се викаш, кога никој не ти кажал колку боли и колку е тешко да си родител, кога си била 2 недели расчупана и извадена од поплава со лоши хормони и солзи до колена, моментот баш кога го правиш бекот назад што се си преживеал, аиа створил човек, па си дочекал прв роденден а сега и втор Па нека е и најтмурен и најврнежлив ама внатре сум се чуствувала никогаш посреќно Никогаш по радосно и еуфирично Кога сум мислела дека сум небо и летам. Па нека сум и најмалер нека имам лоши глупи работи едно е сигурно и знам дека секој 27 ми од јануари јас ќе бидам најсреќната мајка на свет
Ниту сме биле држава,а ни па некогаш ке бидеме.Европоо шибај напред,ние ке си седиме во Северна Македонија.