Токму кога ќе помислам дека сe' сум прочитала од анти-ваксерите, читам нечиј коментар во кој пишува дека некој што е нападнат од куче или друго животно не мора да се вакцинира против беснило зошто болеста не е страшна и брзо ќе му помине.
Вечерва моето малечко (две ипол години) прв пат ми кажа -Мамо, те сакам До сега љубов ми покажуваше само со силни прегратки, не знаеше убаво да збори, ама сега јасно и гласно право во очи ми кажа Му се заруменија обравчињата и слатко се насмеа. А јас... јас се стопив
Ако знаев денес што ке ми се случеше,сигурно вчера ке постапев поинаку.... Денес сме,утре не.......ЖИВОТ
Мислам дека библиотекарката денес ја мрзеше да побара барем и една од книгите што и ги побарав, па за секоја ми одговараше во стилот на „лелее само што ја дадов“, „не, ја немаме ни таа душо“, „не, сите ми ги барате тие“.... среќа имам добро око па си мернав од оние што ги имаа вратено и стоеја на биро две што ги барав претходниот пат
СДК поздрав до членката што пиша на сите можни теми за храна. На момент помислив сум отворила некој форум за готвење
Од полицајциве на смена што се, не можеш да дојдеш на ред на бензинска кафе да си земеш или пак место да најдеш. Цели смени киснат таму, како да ги имаат побркано работните места. Паразити.
Додека сме живи..не треба да губиме надеж..наше е да чекориме храбро и чесно напред..кога тогаш...животот ќе ни пружи шанса нашите сонови да станат реалност... Дали ќе ја искористиме или не шансата..зависи од нас..
Раното детство го поминав по цели денови шетајќи со моите, по одење во игротеки, одењето во градинка беше најдоброто нешто како дел од денот и како единка во тој период највеќе ме радуваше баш таа дружба со други дечиња кога имав можност зашто дома бев сама, па моите правеа се што можат за да ми е поинтересно и да не се осеќам сама. Омилен период ми беше тој пред да почнам основно и кога гледам слики и се присетувам на моменти ептен среќно време беше тоа и со задоволство само на тие години пак би се вратила. А сега читам на нет дека баш на тие години модерниве родители ради епидемии, настинки и чуда, здрави, прави, дома ги чуваат по речиси цел ден дома и така малце жал ми паѓа на најбезгрижните денови да имаш такви спомени. Лошо време дојде, секој месец разно-разни болести веќе најавуваат, па и ги оправдувам со тоа што се исплашени за децата и здравјето нивно. Порано дефинитивно имаше подобар живот.
Он барем има и милиони и 88 години...а за нас богме тешко е дали ке дочекаме 88 години а за милиони па ич да не спомнувам..така да, мила моја, него му вредат и те како да знаеш
Ова е пишано за да ти даде поттик и позитива дека и ти можеш на стари години да се наполниш со милиони. Ако веруваш дека е така тогаш верувај дека и ти можеш да успееш. Испечи ги твоите најдобри колачи и тргни од врата до врата, зошто се сомневаш дали воопшто ќе доживееш 88? Мене ми е ок да сум со обична пензија па и порано да си умрам не е страшно.
[QUOTE="Bridget, post: 4301591, member: 83084" Мене ми е ок да сум со обична пензија па и порано да си умрам не е страшно.[/QUOTE] Епа, ако ти е тебе ок, зошто велиш дека нему не му е ок....он си сака милиони и смрт во подоцни години??
[/QUOTE] Епа, ако ти е тебе ок, зошто велиш дека нему не му е ок....он си сака милиони и смрт во подоцни години??[/QUOTE] Си сакал он многу работи ама му успеале на 88 години. Тоа ли го дефинира човек, еден успех на 88 години? Значи небитно како си го живеел животот претходно, штом на 88 си успеал рецепт да продадеш за милиони, ти си за во мотивациони говори и статуси, луѓе да се инспирираат од тебе. Тоа што можеби цел живот си живеел незадоволен од себе, небитно. Оти успехот само во милиони се мери.
Чуден е животот,кога очекуваш лошо доаѓа добро,и обратно зашто е тоа така незнам,некои чудни работи се случуваат. На сите ви посакувам среќа и успех во животот,радувајте се на ситници на кои ние обичните смртници заборавивме да им се радуваме.
Прочита некоја мајка што не шета 5 год дете или мајка што не шета 1 год дете? Пошо реално не верувам да памтиш каде те носеле на 1 год
Одморот ми се поклопува со свадбата на една другарка која живее во Швајцарија. Не сме којзнае колку блиски, се дружевме периодично. Кога јас сум на одмор, сите другарки ќе се на работа, што значи преку недела ќе пукнам од досада, треба да чекам викенд да дојди за да заминеме некаде. Во мисла сум што да праам.... Да си заминам на планина да одморам или Битола да се враќам на свадба. Мразам вакви ситуации. Можеби ќе бидам себична и ќе заминам да одморам....
https://tocka.com.mk/vesti/296174/p...ri-lica-za-da-prisustvuvaat-na-metal-festival Е вакви пензионери почитувам!