Ооооо, верувај дека не е... Да се лажеме дека не постојат такви луѓе е само затварање очи пред проблемот. Уште полошо е што сигурно и на форумот имаш и мажи и жени што се согласуваат со него.
Луѓе што си плукаат на прсти пред да избројат пари при плаќање... Зошто, зошто? Или при листање на весник, книга ааа Луѓе што ја лижат од страна цигарата пред да ја запалат... Исто така зошто?
Сигурно е и премногу религиозен. Обично тоа во пакет оди. На најголемите шовинисти во моја близина, за сѐ оправдање им е Библијата.
Ако знам дека имам за учење - ќе седнам да учам. АМА кога некој друг ми кажува дека треба да учам, тогаш ја добивам најголемата демотивација на светов и книгите можам да ги запалам без око да ми трепне.
СДК се почесто читам и слушам муабети од типот на - "Ти си смислата на мојот живот, јас пред тебе не живеев, и среќата не можеш да ја купиш ама можеш да си ја родиш"... Сериозно? Јас разбирам љубов и копнеж по дете, ама не чини па и до толку опседнатост со децата и секој втор збор за нив да е
После месец дена на форумов, заклучив дека постојат оупен мајнд девојки но постојат и комплекс девојки.
Во такви моменти слушни си две три песни, не мисли на негативни луѓе во никој случај и потоа почни си со читање
Всушност навистина е лесно да си генерално писмена, информирана и љубезна личност. Да поздравиш, да се заблагодариш, да пофалиш. Да премолчиш нешто што не ти се допаѓа, но нема сериозно негативно влијание ниту на тебе, ниту на никого. Да се увериш дали нешто е навистина точно пред да изреагираш бурно и да го шириш истото, без разлика дали е лично за некоја особа во околина или за јавна вест. Да знаеш да ги користиш сите достапни информации за да си помогнеш за нешто основно, да провериш кога не си сигурен/на дали нешто се пишува така и така. Да скротиш нагон да оштетиш или уништиш рандом јавна сопственост (што воопшто и не разбирам зошто и од каде им доаѓа на некои луѓе). Првенствено за себеси, не за другите...
Пак ќе речам, другарка за другарка. Дечко за дечко. Барем тој нема никогаш да ме извиси за шо и да е. Гледајќи ги моите ' другарки ' Како ме извисуваат, се повеќе него го ставам на прво место. Сигурно нема некоја од нив да ме теши во тешки моменти.
Вчера гледав видео за новиот Huawei со екран на преклоп. Денес читам дека во мк уште не разликуваат варичела од морбили. Битно здрави и живи да сме.
,,Мрса” на стоматологија.. Добро што е ова??Морбили, свински грип, сега ова.. Пишав убаво јас прееска, уште нешто ни фали
СДК чудно е како приоритетите низ животот ти се менуваат, и се чувствуваш среќен со работи за кои порано не си размислувал дека ќе те направат среќен