@BoyL Ја отупе, no offense Сосема друга тема е твојот есеј, а не соодветствува со она што го пишал @John Snow п.с Покрај другите фактори, до некаде мене лично, сиромашно ми е мислењето постојано да се убедуваме дека луксуз е да идеш на одмор, да јадеш пица, да си облечен квалитетно. Понизноста is the key, нели, работи 100 саати неделно, на крај пак крпени чорапи да носиш. Зборувам како дете од фамилија каде секогаш се работело напорно, никогаш не сме си дозволувале т.н луксузи, а уствари елементарни работи и што би рекол Џон, не Јануарот, годината ни била долга Животот е и за уживање, викаат еден бил Јесте да си го постелеме чергичето колку ни е долго, ама јас би рекла доста и со заблудите дека освен да се биде роб, се друго е грев
Некои луѓе се надарени со некој талент но одземено им е нешто друго. На мене ништо не ми недостига жива и здрава сум, гледам, одам, разбирам ги луѓето кога нешто кажуваат. Понекогаш си велам не можам веќе да го издржам овој живот, дека не е за мене но пак одново и одново секој нов ден ми е како да сум за прв пат стапнала на земјата. Нервирам се и јас, но нервозата ништо не може да ми донесе освен болест. А највеќе заради некој друг се нервирам. Понекогаш човек пукне, падне но ако сака ќе стане и ќе продолжи понатаму.
Ахам. Тука (мислам на виртуелно) има, во живо нема... Ако разбираш што сакам да кажам. Да не ја знаев добро, немаше да го пишам ова.
Банско и Боровец се измислени за Маврово и имаат далеку поприступачни цени. А остатокот од есејот твој, тоа што го прикажуваш како луксуз се само неопходни ствари за еден достоинствен човечки живот. Некој сака и да живее, а не да животари и да се задоволува со трошки, и да се убедува себе дека тие трошки среќа значат. Како не..
Како да си го контролирам изливот на емоции? Треба уште многу да учам да бидам стабилна.Некогаш добивам желба на сите неправди да им го ставам крајот.Ама сфаќам дека не можам,не вака.Ме боли тоа што еден човек,кого го сметав за добар,прекрасен,да ме отфрли.Не,не е тоа толку страшо.Всушност му благодарам,ме научи да стојам на свои нозе.Ама не можам да му го простам тоа што не ме почитувал.Јас пак го пичитувам,немам лошо мислење за него.Но,не му простив.И не знам дали ќе му простам.Ама ќе дојде денот кога ќе му докажам дека не бил во право.Е тогаш ќе му го гледам изразот на лицето и ќе знам дека правдата е задоволена.
Знаеш дека си катил маЌедонче кога на ваква вест ...ќе прочиташ вакви коментари Што гнасен народ ќе бевме да му се невиди. И да не сте го бришеле постов!
Познавањето на некој е релативна работа. Ти ја знаеш личноста на еден начин и кажуваш од твоја гледна точка дека таа личност е безгласна буква односно нема што да каже, додека за некој друг таа личност е можеби една од најзборлестите или најпаметните личности кои ги познава. Пак ќе кажам дека станува збор за несоодветна публика, па поради тоа молчењето е попаметно.
За патиките Сум купувала патики кои се по 800 денари и кои сум ги носела три месеци. А поскапи патики сум носела подолго....така да исто му се фаќа во однос на трошоци за тоа И за јадењата Никој не вика месо од елен дека сакаме. Ама и тие манџи не можат да се состојат само од пиперки и патлиџани и малку леб. И сакаш да излезеш со друштво, да се почастите, ама место да бидеш раат, ти гледаш менито и новчаникот дури и за најобични јадења.
Сакам да кажам згрозена сум. ДОСТА Е!!! Секојдневно сум сведок на вакви омаловажувања, зарем луѓето немаат попаметна работа наместо да коментираат, навредуваат или возвишуваат некого врз основа на изглед или свои лични избори? Вашите коментари и постапки зборуваат многу за вас како личност. Гледајте си ја вашата работа.
Фала ви за сите цитати..се осеќам ко јака пи*ка што постирала слика у модни..па сите се напалиле на мене..и ми ја прегледуваат и цитират сликата сто пати
Не почитувам луѓе кои патат од его. Посебно ако некој им помогнал па после на него препич му глумат. О вие сезнајковци од својот ум веќе никој нема да сака мислењето да ви го чуе.
А од кај знаеш дека исто се осеќаш ко таква што постирала слика у модни,зар си се сликал таму и објавил ко јака пи*чка?
6 и кусур години сум на форумов, и ниедна личност од реалноста немам препознаено тука, па уште да заклучам дека си измислува овде за совршен живот/финансиска состојба/врска/брак, од „безгласна буква“ се претвора во борец за правда или слично. Тоа што никого во животот и не сметам така навредливо за „безгласна буква“, што сосема ја сфаќам психологијата да мора да премолчуваш (за жал) некои работи во реалноста за свој мир и полесно да ти е писмено да се изразуваш - и да не зборувам... Која само вежба на очни мускули си правам на вакви инсинуативни постови. Get a life, ppl. Жално.
Кралицата Летиција носела комбинезон од 800 денари. Оваа да беше од Македонија, народот ќе се замараше зошто на таа пара не носела марка.И куп коментари што на пример би можела да облече. Секаде скромноста е доблест, а изгледа само овде кај нас е маана.
Сакаш да ме најдеш која сум на фб ? Се шалам. Дали искрено мислиш дека некому му е гајле за поплаките и дека ќе се смени нешто ?