Епа цуцо денес се слави Духовден-Слегување на Светиот Дух (прв ден), утре св.Троица.(втор ден) а во вторник е трет ден од Духовден. А на гробишта се одеше во петок и сабота (задушница) http://mpc.org.mk/Kalendar/mesec.asp
ете помина и тоа венчавката во Штип а старосватот гревченце-кога го видов кај другарка ми(невестата) тој ја бараше а ние ко божем не ја дававме си помислив што му е на устата а тој душичка кога бил мал бил на лов и навистина го пукале на едната страна од устата-звучам ко али Ахмети и на окото модринка во форма на око уште малку што не заплакав цел ден се зиркавме тој мене јас него, ама другар ми џандар цело време до мене беше до мене-цел ден прво матично, па црква па во ресторан па кај нив леле мајко беше ама гревченцево се направи тази дупка не е дупка кај нив и не му е лесно-да се движиш мегу лугето како одбележан и само што го видов си помислив да не е од сообракајка, кутричок, жалче е
имам за учење денеска мноогуу многуу утре 2 предмети полагам Биологија и Историја ( моите најтешки) и задутре Бизнис, Алгебра и Англиски вчера книга не фатив пс. на компијутер учиме и еве ова се дешава сега пак на фемина си дремам физичко имавме и final exam а ние ништо не учевме по физичко само игравме и оп на тестот дефиниции за кои не си слушнал никогаш ..
Никогаш не сум ја разбирала поп културата. И не верувам дека некогаш ќе ја разберам. Можеби звучам како некоја конзервативна баба(конзервативноста во умерени количини е добра работа), но нешто не е во ред со „новото време“. Нешто смрди на риба. Нешто е гнило во државата Данска. Нешто тргна наопаку откако започна новиот век. Којзнае какви злочини сум правела во минатиот живот, па да се родам баш на петтиот ден од овој век. Колку се ежам кога некој со зајадливо незаинтересиран тон ќе ми каже „па ова е 21-ви век“. Можеби е, по нашиот начин на броење на годините, но оваа вашето и не е некоја напредна култура. Ова е палеозоик. Одиме назад со еволуцијата. Клише е муабетот, но каде всушност отиде светот? Знам дека е по ѓаволите, но по кои ѓаволи? Таму каде што ветерот го носи? А што ако нема ветер? По кои ѓаволи отиде и музиката?И совеста? И културата? И смислата за уметност? Ме нервирале и се' уште ме нервураат луѓе кои немаат, да го наречеме дух. Луѓе кои се празни како амбалажа од чипс под мојата клупа. Луѓе кои немаат ставови. Дрвја од луѓе. Едноставно(колку што е едноставно), луѓе кои ги нема „во крпа врзани“, ни за лек, празни школки. Не се вклопувам баш во оваа ера на апсолутистичко-анархистички пропагадни(не сум полудела, ниту помешала поими), слепци и сателит-следбеници од слободни умови и современи примитивци. Но, тоа е, карма... Се надевам дека наскоро ќе заврши, на оваа мртво општество му е потребна револуција. Интересно е кога знаеш што не сакаш, но не знаеш што сакаш. Кога знаеш против што се бориш, но не знаеш за што. Но можеби некогаш, а можеби и не... Спојлер Ако ви звучам како глупаво детиште или исто толку глупава баба, слободно игнорирајте.
Eпааа убаво ми е. Kонечно ова чувство на лето, конечно да го почувствувам во вистинската смисла на зборот. Сонцето сјае, цвеќињата веќе расцутени, дворчето некако ми оживеа, црешата веќе е зрела, кајсииите уште малце и тие ќе пожолтеат. A јаготките моите омилени така убаво си пораснале, зарумениле, ја добиле таа убава црвена боја, да ти е жал да ги изедеш. Градината ми е прекрасна во летниот период. Aко е жешко нека е, јас си се разладувам на мој начин. Големи порции сладолед, овошни салати, ладни лимонади. Почна мојата сезона, малце да живнам и јас.
Оној момент кога имаш обврска, ама ти секакви изговори си наоѓаш за да не ја извршиш обрвската. Таман викам ќе седнам ќе почнам да учам, кога нешто го привлече моето внимание. И мајка ми што е пак сега?! И викам дојди да видиш и се смеам ко будала, цела зграда на нозе ја дигнав мислам. Млад брачен пар во ова емисијава Брачен Судија како мажот не јаде лук, али женава јаде растура. И овој не може да го поднесе мирисов, а оваа упорно. Искрено се пронајдов, јас не јадам лук и некогаш ако јаде некој, јас после тоа не можам да го поднесам. Тој мирис ужасен е, сочувстував со дечкото богами. И уште му вика цел свет јаде, само ти не јадеш. Кој свет бре, јас не јадам еве, едноставно не не и не. А уште поодвратно е кога некој наставник во понеделник јадел лук и доаѓа на работа, ама па не можам да поднесам и ко будала прашувам, а може прозорци да отворам жешко е, така во февруари, надвор ладно, ама одделенски и после другиот час со класната имавме, си јадела жената лук и после пола клас болен меѓу кои и јас бев, труеше значи ужасно бе ужасно. Добро и женава беше греота, влегува и оваа водителкава ја закопа. И вика јадеше лук ми мириса нешто и цела публика се смее. И оваа не јадев, па водителката извини не ми беше тоа фора, изгледа у памет ми останало тоа дека мирисаш. Сум се изнасмеала богами, секакви будали има. Ако е ова вистина, али сепак има вакви случаеви, за греота се, ги сожалувам јас.
Убав ден саканиот и своето чедо цел ден заедно,ручек па прошетка во парк е па да за некој ова е најубаво во животот
Си лежам сега ја така... лаганица и само слушам: Баааам, крц. Татко ми се слупал у врата. Вика: - Ееее, ти се плукнам у тоа вратата!!! Тука ли се остава? Пукнав. Подотворена најверојатно била, он се улетал ииии... Kрвта не е вода.
Продолжениов викенд супер ми влијаеше да се вратам во нормала. Направив рефреш на организмот. Спремна, одморена сум за предизвиците што ги носи следната недела. Бонус ми е што комшијата пуштил антена5 па од тераса си уживкам додека пишувам на Фемина. Поздрав ви посакувам успешна работна недела! Спојлер п.с. ви текнува на муабетот на типот што го свиѓам само името што му го знаев, испадна дека ме свигал некое врме.... конечно win-win ситуација
Koса ми се крева кога ќе слушнам муабети како на пример: „еее кај најдов да се родам сега во ова време/во оваа држава/во ова семејство?“ О, проста главо ти разбираш ли дека уствари комбинацијата на гени, воспитувањето и општеството те прават тоа што си? Било што да не било како што е од критериумите на кои ти се жалиш веројатно и немаше да бидеш ни Ти, барем не во такво комплетно издание. Еден најмал променет сегмент може да дејствува така моќно што поинаку би се одвивале работите подоцна. Жално е што има такви кои не знаат да ценат ништо....море не да има, врие од збеснати движечи каприци .
Никогаш не сум се почуствувала слободна кон тато да можам без срам да му раскажам што ме мачи да добијам совет од него.Секогаш се одело преку мама ,прво со неа ако треба да се праша нешто таа прашува во мое име .Еднаш татко ми и кажал : Вики веќе не е малечка немора се преку требе да оди нека дојде и таа лично нека каже што сака Паметам оваа беше прeд 2 години кога требаше дечко ми за првпат да дојде кај мене на гости Татко ми не е зборлив човек,знае многу работи и прати што се случува секогаш,се го интересира. Не е од оние луѓе кои имаат фејсбук профил или свој компјутер па да седи на него и да читка по нешто или да има скап телефон.Таквите работи не го интересираат тој сака едноставни работи . Повлечен во себе без многу муабети се разбираме од кога знам за себе .Неговиот збор е последен.Не не е стрг не е лош напротив има многу добро срце но ете таков затворен тип е. Во моите 23 години ниеднаш не сум го видел пијан,ниту еднаш не сум го слушнала да кажува погрдни зборови,никогаш не и повишил глас на мама што тоа за мене е многу важно.Не се скарал со никого ниту пак сум чула да оговара некого и да се смее позади грб ... Кон татко ми имам голема почит знам дека посакува најдобро за нас а понекогаш и го разбирам не е лесно да се живее со 3жени во една куќа мора да избега и сам да прошета за да се релаксира. Во тек е секогаш што е модерно,каде има шема,што се случува,добри ресторанти за семеен ручек,понекогаш и по некое изненадување од негова страна . Каков е таков е го сакам и несакам никогаш да му се случи нешто. Денеска му е роденден Му посакувам пред се најмногу здравје ,среќа и многу убави моменти.Нека роденденот го слави уште многу многу години има уште многу работи што треба да ги види,почуствува и да доживее во иднина Во име на татко ми ќе ве поздравам со неговата омилена песна http://www.youtube.com/watch?v=8Pa9x9fZBtY
ooo гледам некој си се пронашол Патем кога некој нешто такво кажува тоа и го мисли буквално (не е дека јас сум буквалист), нема тука нешто преносно небуквално значење кое треба да се бара во тој муабет.
Ете, гледаш дека ти си таа простата глава. А ако на некој не му се допаѓа воспитувањето што го добил? Семејството кое го одгледало? Ако на некој не му се допаѓа општеството кое го тера да биде таков или го тера да биде поинаков од она што е? Друг пат не се бламирај
Како странец сум во сопствената куќа. Добро не ја поседувам куќата, ама во неа живеам. После реновирањето не можам да се снајдам, чувствувам дека и во 80 квадрати ќе се загубам. Појма немам што каде стои и „за да биде се како што треба“ ставиле високи полици и шкафови како секој член од семенјството да е над 160 цм. Кога веќе реновираат (бидејќи GPS немам) требало и една мапа да ми направат и да постават на неколку места столчиња за качување. А и никогаш нема да научам што каде стои бидејќи ми се објаснува со „Тоа стои над оноата до тоата, лево од таквото“. Како кога имаш опсесивно-компулсивно однесување можат да те изнервираат и едни салфетки. Утре ќе имаме гости и додека сите нешто сечкаат мене ми дадоа да го наместам приборот на масата, бидејќи „не сум спретна со друго да помогнам“. Се ок тоа, уште да земале асални салфетки што ќе одговараат. И на крај ми вика да направам шишурка од салфетка и да ги ставам ножот и вилушката во нив. Направив две (криви) ножот погоре, вилушката подолу. Е нема, фатив и ги испоцепав Наредив како што треба, ножот од десна, вилушката од лева страна, салфетката во чинијата, паралелна со масата
Слушај девојко, не ми се прави ти мене паметна. Твојов коментар нема врска со мојов цитат. Всуштност само си го парафразирала без ти да се искажеш и да се потрудиш да ми докажеш дека си во право. Читам само: Ако...ако... ако... Во зависносложена реченица каде што се користи сврзникот треба и да има некакво дообјаснување за да се знае што сакал да каже писателот, ако воопшто сакал нешто да каже. Инаку Човекот како носител на духовни квалитети и на трајни особини со кои се издвојува како единка, има карактер кој се градел врз учење и осознавање, а тоа произлегло од дома и околината. Тие се тие што го оформиле и не треба да се плука по креаторите на неговото Јас.