Имам една желба која сакам да си ја остварам,ако треба и железни опинци ке облечам ама желбата мора да ми се оствари.
Гледам брза кујна и женава кажува живееме во Скопје со мажот а он работи во Куманово. И таа водителката Александра онаа симпатичната со белото праменче во шишка и кажува е де побрзо се стига до Куманово од Центар отколку кога е гужва да се вози од Автокоманда во Ѓорче, колку вистинито, жално. Скопскиов градоначалник Шилегов ветуваше вака ќе се растеретел сообраќајот онака, ништо да не се работело Можда и он кисне на форум да бара гласни букви да прочита како да исполни предизборни ветувања. Ај и на него едно get a life
Па тоа што ќе го напишеш ќе го прочитаат многу луѓе и мислам дека нема да им биде сеедно. Јас еднаш ги запукав Тинекс на ФБ затоа што немаат доволно македонски производи (конкретно бонбони) и по некое време донесоја
Секогаш е добредојдена доза на фантазија во нашиот живот. Чисто онака за да не умреме од премногу реалност.
Сакам да кажам луѓе сакајте се, правете добри дела сите заедно да направиме светот да биде розов не сив и темен. Давајте љубов, почит, внимание бидете среќни со тоа што го имате и помагајте им на другите
Во светот на фантазијата, рекламите поточно тој вели оперил молам. Во реалноста ми го зема редот пред нос, повишува тон и вика ај ма дај еден спреј за нос, во кутивче е и има прскалка оној на реклама што го даваат. И ај сега така да поптолно е во право @N.2106 инаку ќе не убие реалноста ако не успее во тоа нечија некултура.
Ама и премногу фантазирање не чини. Кој високо лета,ниско паѓа. Реалноста е сурова,но сепак потребна за да останеме луѓе. Како инаку би разликувале добро од лошо ?
Не ми е проблем да го местам алармот во 04-05 и на мојот телефон, како засилување на неговиот, и да го будам мм. Он ме жали а мене уствари кое задоволство ми е моментот кога го исклучувам истиот и си продолжувм бидејќи јас имам уште некој час.
сеуште сме далеку од пролет...но после толку снегови и дождови...сабајлешново сонце..ме потсеќа токму на пролет...ниту мн студено...ниту премногу топло...на лице осеќаш чист влажен воздух...и сонце кое топло те гали...преубаво...
За мнозинството лудаци, а за оние со отворен ум за прифаќање и поддршка, тоа се луѓе кои се свесни дека имаат емоционални проблеми што не можат сами да ги решат. Факт е дека сите имаме потреба од разговор со стручни лица, а психологијата и психијатријата се области како и сите останати, а не табу теми што треба да останат зад затворени врати со натпис ништо не ти е, ќе помине, за да не не забележи некој познаник каде влегуваме. Под итно да се воведе услугата матичен психолог. Задолжително...
Ти завидувам што кај тебе имало новогодишна магија, јас пак мислев дека е одамна исчезната..сепак мислам дека веќе нема да ја има
Чудно/срамота е ако појде некој (особено девојка- а од девојка ова го чув) да купи презервативи за да се заштити и себеси, а и партнерот, ама после па најгласно предаваат лекции за СПБ/бремености. Друг најглупав муабет на светов што го имам чуено е дека не требало мажот да оди по аптеки да купува памперс и слично, тоа работа на жената било. Ова од истава личност. Нема да нѐ бива уште долго.
^Јас си купувам сама кондоми и си ги чувам, никогаш не се знае што може да биде. Додека пак дм не купуваше наводно не му требале,чист бил внимавал, скапи му биле. А за разно-разни болести да не правиме муабет. #страшно
^ Штета што многумина не сфаќаат дека тие (дури) сто денари можат многу нешта да им сменат во животот.
Објавена статија на фејсбук за ужасно студеното време во Америка, и тука коментари дека тоа било казна од бог, клетва од македонскиот народ за тоа што ни го сменале името. Или поедноставно кажано, арно им било.
Не може да очекувате разбирање од луѓе кои сеуште не излегле од својот свет во кој единствено владеат нивните амбиции желби и интереси. Луѓе кои немаат емпатија за други и чиј дијапазон не е поширок од мембрана на една школка. Таквите нема да ги промените ниту за илјада години. Само одново ќе ги губите битките во кои од нив сакате да направите помалку себични и повеќе правдољубиви луѓе...Тие никогаш нема да престанат да бидат окупирани со нивниот изглед и успех, индуцирајќи егоцентризам, а тоа е жално..толку жално.
Најголема заблуда е дека можеш да промениш некого ако тој или таа самата не сака. Но уште поголема заблуда е дака кога некој сака да се промени сите ќе му потпомогнат. Тие истите околу кога гледаат како некоја личност од ништо станува нешто подобро одма гледаат да ја потурнат и да и покажат од кај почнала. Урбано општествено прифатено лудило односно лицемерие. Заради сите тие такви другиве користат услуги од областа на психологија или психијатрија, а само кога тоа лицемерно мнозинство би знаело дека плаче за овие услуги се би било многу понормално во општетсвото.
Повеќето од луѓето сум приметила дека сакаат да делат совети за другите,тие најдобро знаат што е за тебе најдобро,а прашај ги дали ги решиле нивните?Што ке ти одговорат?Таков народ сме,секаде сакаме да се мешаме,и сите сме доктори,политичари,аналитичари ама кога се работи за друг,а за себе?малку тешко,ретко кој се гледа себе си.