Животот ми стана значително многу подобар откако престанав да го сфаќам толку сериозно. И не можам да го замислам без најлошото нешто што ми се случило во него, болест. Колку и морбидно да звучи, да не се појавеше, ќе останев таа здрвена и исплашена девојка и немаше да доживеам ни пола од последниве неколку години.
Ако го заборавила јазикот, ајде, нека е. Ама амнезија има за како се живее тука? Платите какви ни се? Условите какви ни се? Сигурно не отишла во Канада да работи три работи затоа што и било многу убаво во Македонија. После од страна смешно е, а со 200 евра не можеш ни да преживееш, а не да живееш. И патем, тука секој си го гледа своето ама вие Балканците сте за никаде, не е обратно од "секој си го гледа своето"?
Знаејќи дека мизеријата е коренот на оваа држава, и катастрофалните непроменливи услови за живот во неа, треба да бидете во чудо што млади луѓе уште се одлучуваат да родат и одгледуваат деца тука, а не што се жалат од "нив ", т.е од тешките услови за едно успешно родителство.
Кога ќе ме понесе емоција, сочувствие, сожалување, жалење и слично, спремна бев да дадам се. Од материјално до себе си. Дадов една бројаница за да ме помнат и да ги чува, се заборавивме, ме заборавија. Дадов сребреник, такоѓе. Дадов златник, зошто немав што друго дададам, испадна дека не биле без ич, лажеле. Дадов пари, истото ми се случи. Така и со сослушување, сочувствие, внесување и помаѓање. Ама па сега ми текнува како се зезнував со материјалните работи, па парчиња од душава веќе не давам. Ретко чувствувам желба да прашам некого и како е. Мислам дека не им ни недостига. Или им? Сеедно. Добив љутеж, оти очекувале за еден детски роденден да испразнам џеб повеќе. И јас очекував повеќе да ме изпочитуваат тогаш, а не да бидам вишок. Јбг, баланси. Времево лудува. Потсетува на март. Не му е време да е вакво. Се што е во погрешно време е погрешно. Ми мириса на зумбули. Ми текна дека си донесов од Холандија лукчиња лалиња и зумбули. Изгледа на нив им е дојдено времето сепак. Сакам студ... да стегне... рано е за пролетни лудувања. 5 дена зацелувања. Прочистувања. Се тегнат по мене во градиве. Нешто се чисти за да биде пак спокој. Клише е споредбава, но ако нешто е како пиреј, тогаш се стравовите. Имам еден директно во срцето, пробил до рбетот и се раширил низ целово тело. Боли секое негово корнење, но ќе биде... што не било.
Пијам кафе со арома на старинска мудрост, ризница полна со искуства, приказни исплетени од устата на баба ми. Ако е без вилица и кога ме гушка и бакнува ме лигави, таа топлина, таа добрина тој старачки сјај го има само во очите на мојата баба. На здравје да ни е бабо кафето, да си ми жива уште милион години
Какво време дојде,да неможе човек да се израдува на бременост,да неможе девојка,жена,да се израдува на сопствена бременост,затоа што од ден за ден се менуваат работите(премногу спонтани аборутси),премногу компликации,што ВЕК ке беше ова,што живот ке беше,да се мачиш со години,со маки,со триста чуда,за да добиеш дете
Па никој не би ја ни чепнал за јазикот, да не е прва секаде кај што може да се пофали колку таа е напредна, а сите други за ништо не ги бидува.
Или си писмен, или не си. Тоа не се заборава. Особено некој што е толку "напреден". Нели во психологија, наука, технологија... Во сѐ.
Сакам да ви кажам една идеја за предобар подарок за дечко, сопруг, вереник. Ве молам не го бришете мислењево, 5 минути барав тема за подарок, и ја најдов само онаа "Добив-дадов". Се работи за една како книга/сликовница/боенка албум од книжара Литература. Книгата се вика "Ти и јас - книга за нас" Вака изгледа книгичкава. Целата е исполнета со страници на кои треба да залепите сликички. Пример: вашето прво патување, неговото омилено јадење/вашето омилено јадење. Потоа да обоите како ја замислувате вашата иднина, вашите пријатели, интересни моменти... Има и да напишете пораки, идеи, смешни мемории... Предобар подарок доколку барате нешто лично да дадете некому. Книгата чини 500. Да нагласам, ова не е реклама за книгата, туку само сакам да ви помогнам во изборот дали за Валентајн, дали за годишнина, роденден, whatever. You are welcome.
Само правопис Po nekogas da, po nekogas ne. Neje ubafo dase razpravame, ama mora dase cuje glasot na narotot!!!111111
СДК, во последно време многу непотребно цитирате во темава. Нема ништо паметно што да прочита човек, се само препукување Знам дека ова е форум, ама дали на малку други теми се рчкаме, па уште и тука остана
Врв на посероци - невеста да ти прати слика како сака да и бидат спакувани бовчите. Без срам и перде. Како мене не ми прати таква слика, да види што убаво ќе и ги спакувам.
Подобар подарок од тоа да се поднапиеме и да се сексаме цела ноќ сега не ми текнува. Мислам, сигурно има...ако си по романтики. Или не. Поима немам. Што барам овде? Ај чао.