Какви заклучоци бе мајка? Што лошо кажав? Мене не ми се свиѓа ко слушам жалење како сопственото дете ти е преголема обврска и не можело на раат кафе да се испие.. Ама шо знам па ја, немајка сум, не знам ја, нисам одавде, буда ме опрости!
Кога сме кај подароци од loved one, ако некогаш добијам персонализирано чоколадо со чек-ин листа од оние од Европа или слично некое такво, можи после то и за иднина и за деца и за стан на кредит да прајме муабет.
Не си земај лично, насмеј се И онака не рекламираш, нели? Колку луѓе - толку поклони Некој паѓа на такви романтики, некој не...
Романтика на која ја би паднала е да ми каже - Пакувај ја торбата, да стаам нафта и идеме на патување. Уз пат ке се разоткриваме кои сме.
Дали лошите луѓе се свесни дека се лоши? Дали застануваат сами пред себе и си кажуваат „да, јас сум лош човек“?
Сѐ што е персонализирано ми е толку крипи. Персонализирани шолји, чоколатца, приврзоци, снежни топки, коцки, перничиња, шишиња вино. Врвот - оние камени или стаклени украси на кои има изрезбано лични имиња, а некогаш и цели слики! На некој тие му се романтични и не го потсеќаат на надгробни плочи? Не знам, не сум некој репер за романтика, ама ако некој ми подари нешто од горенаведеново значи воопшто не ме познава и веројатно ќе се разделиме
Згрозена од мислењата во темата Силување во брак, не можев а да не помислам во каков свет и општество треба да донесам и одгледувам деца? Искрено во моментов парализирачки ми е стравот да не можам моето дете да го воспитам и одгледувам правилно. Парализирачки ми е стравот утре моето дете да мисли дека е ок да биде психички и физички малтертирано или тоа да е агресорот. Мислам дека срцето ќе ми пукне тогаш. Да не можам да ги воспитам да се почитуваат себеси и другите луѓе и животни, да ги вреднуваат и ценат животот. А особено никогаш да не дозволат да бидат жртви, особено не пасивни жртви, што мислат дека е во ред сето тоа. Се плашам за нив иако не се ниту зачнати, а како ли ќе биде кога ќе ги имам?