Да се згрозиш од Балканскиот менталитет. Бракот не е дозвола за непочитување и кршење на волјата на партнерот. Аман,луѓе,сфатете !
Поддршка за сите што се борат, да продолжат понатаму и да излезат како победници. Слава им на оние кои прерано не напуштија.
Сдк дека сум многу разочарана од заостанатите сваќања на луѓево што за жал сеуште се многу присутни. Во комшии се роди бебенце и ја прашав баба ми дали го има видено какво е и на тоа се надоврза на тема за оние бабини деветини. Почна да ми објаснува како до 40 дена бебето не смеело да го види жена која има менструација во моментот зошто е "нечиста" и може многу да му наштети бебето НЕЈЗИНИОТ ПОГЛЕД! Што е нај трагично, мајкава на бебево има макс 30 години и самата верувала во таа бабина деветина. И така си се расправавме со баба ми и таа упорно ми тврдеше дека е тоа вистина и на крај нормално попуштив пошо сваќањата на старец кој ги имал целиот живот не можеш туку дака со две реченици да ги смениш. Сепак нормално е за скоро секој стар човек да верува во такви обичаи и бабини деветини и не ги осудувам, такви им биле времињата. Ама вие младите бе??? Сериозни сте навистина?? Не можам да си се изначудам...
А не помислуваш дека мајката намерно лаже дека верува за да не и се мкнат ојлевци небањати да му дишат на бебето!? Ја помлада родив па лажев така зашто осет немаат луѓето. Се оди ли кај толку мало бебе во ек на вируси? Ќе да ти немаш осет и си за разочарување млад човек а не тие
Општо стварно се надевам дека е така, дека лажат и искрено имам размислено за тоа ама чекај малце, баба ми сигурно нема да им се тупне на гости како прво зошто едвај се знаат освен здраво во влез и во лифт. Сигурно нема да ги изнесува своите лажни ставови со цел да се заштити од човек што никад нема да и дојде дома или да и го гледа бебето. Нормално дека има луѓе што лажат за да си го заштитат бебето, ама прво малку погледни наоколу да видиш дека има луѓе што стравотно веруваат во такви работи, а ова е само пример. Поентата моја ми беше за општите сваќања на некои за жал млади луѓе, а не конкретно за ова сваќање околу гледањето на бебето и ширење зарази и уроци. Општо за заостанати сваќања кои не мора да имаат врска со бебиња. Поздрав.
Паметен човек бил тој што го измислил овој адет. Инаку бабава од 70години ќе му се тутне на бебето и на мајката уште што е рачепатена од раѓање и со рани за да го "видат" бебе од 2-3дена. Само така за луѓе без осет, па уште ќе се чудиме колку сме заостанати, од без осетници имали поголема напаст? На крај краева што е толку битно како изгледа бебето, јас сум зачудена од толкава љубопитност кај луѓето, ај да ти е сестра брат, абе на комшии со кој си имаш само здраво во влез?
А може едноставно фино лепо да каже никој да не доаѓа тие денови да го види детето наместо да збори дека жена со менструација била нечиста, м?
Се чудам на луѓе што сакаат на сите да им се допаднат,за да се покажат во добро светло како тие се фини и културни,добро имате ли вие свое јас?Подлизурковци колку сакаш има,само да успеат во намерата,но тоа е успех на краток рок,биди тоа што си и имај свој став,макар и сите те мразеле и остани до крај свој на своето.
Кога ќе си одам.... Кога ќе си одам не сакам цвеќе. Не сакам ни говор. Сакам горе да ме чекаш ти, дедо. Мојот ангел чувар и на земјата и на небото. Да ме фатиш за рака, и да не ме боли појќе, дедо. Ќе те слушам каде што ми го изговоруваш името и ќе си одам со тебе. Чувај ме, дедо, чувај ме додека сум долу. Потоа со твојата рака сакам да си одам. И ничија друга. Само ти беше достоен родител за мене, никој друг. Те сакам дедо, и тука и таму, ангелу мој. Хехе, знам дека ти се исполни желбата, од еден ќош да не гледаш сите, што правиме и како живееме. Ама, јас не си одам уште долго, ќе се гордееме со мене, ти ветувам.
Сакам да кажам дека кога некој со кој не одржувам никакви контакти со месеци, години.... ми пиша за услуга, жими се ми иде да не му одговорам... Ама пуста култура и лепо васпитање... од тоа си патам у животот
Како што морето не може секогаш да биде мирно,туку постојано се менува од плима во осека,така и животот не може да биде монотон. Секогаш е разбрануван од помали или поголеми животни настани.
Чувството додека читаш своја поезија пред околу 70тина луѓе е истовремено и задушувачко и ослободувачко. Добра нок Феминки...
Планирав нешто со денови, вака ќе започне па ова да се додаде, она не треба, мисли се премисли се и денес си станав и направив како ми дојде и утре така и задутре исто
Вечна слава Мајко,а тие што се борат со оваа болест,ви пожелувам што побрзо да ја победите оваа болест.
500€ за расни кучиња додека вардариште е преполно со тажни срцки што со душа чекаат некој да ги вдоми. Уличните кученца не се помалку вредни од тие со педигре!!!
Не знам зошто сум толкавав малер во жовотот ... Никогаш немам срека во љубовта , им давав шанси дури и на тие што не бев заентересирана и таман штом ке покажев интерес од моја страна бев игнорирана и оставена безмилосно .... Пробувам да сватам низ што се врти светов па да се адаптирам на него но мене и тоа во погрешна насока ми оди .... Поголем баксуз од мене не постои во светов .... Добра нок ...
Апсолутно во право си. Истото важи и за мачки кога бараат да купат, а сите убави се, ама не, сакаат со педигре, со печат...