Баба ми 40 години живееше како вдовица, мајка ми е без татко ид 17 години, јас исто ко да го немам веќе долго време. Ама ништо не разбирам, ти шуќур разбираш.
@worrieddd Недоразбирање е бидејќи спомна мажење па веројатно сите помисливме за партнер. Можеби си огорчена, но не си само ти. Семејни проблеми, губење на драги особи, ужаси без крај... секој има доживеано по нешто и многу добро знаеме како боли, затоа немаш право на констатацијата дека ние или некој од тука не разбира. Во ред е, на никој не ни тече мед и млеко.
Не мислиме дека можеме, туку можеме и сами да се грижиме за себе. Се согласувам во поглед на емоционална исполнетост дека е потребно да се има партнер, но за тој тип поврзаност не мора да си во брак, тоа може да го имаш и во врска. А инаку ако си во брак тоа автоматски значи дека ти се решени сите проблеми и нервози?
Најчесто од она ,,да не остане сам/а, со кого било фамилија да си створи" доаѓа до нефункционални бракови со проблеми и нервози, поради недоволно познавање, немање критериуми и едноставно недоволна компатибилност. Ама поважно е да не си сам де, без брачен партнер ништо во животот не си постигнал.
Сфаќаш дека ништо не функционира во државичево кога МОН касни скоро месец со објавувањето на резултати од стипендии. А секој студент е должен до одреден датум да поднесе документи. Ама што сме ние битни нели. Ако има оправдана причина, објави, или излези и јавно извини се и кажи како човек. Не денес, не утре, не понеделник.. Ти се плукнам во неорганизираноста
Не дај Боже да те задеси криминал во оваа нашата држава. Ништо не функционира! Дај сите да станеме криминалци... слободно можеме да си вршиме криминал и никој ништо нема да ни може оти полицијата си лежи.
Секогаш кога ќе го отворам делот - во тренд - на јутуб ми дава нови песни од албански изведувачи. Ако во моментов не може да ми текне песна или ми е здосадено од стандардните песни кои ги слушам, во тренд барам нешто ново и странско од тоа што имам пуштено претходно. Но не, полна редица песни од албански изведувачи. Не разбирам од каде, ниту сум слушнала албанска песна ниту сум пребарала албански изведувач.
Спојлер За мене вакви слики, апла од породување - можат да имаат моќ само да ме доубедат да не раѓам... Ја сфаќам идејата на фотографите и поштувам емоции што би им буделе на мајки, ама ете, до мене е. Тo each their own. Уствари, во врска со помисла на дете (свое), а посебно околу пораѓање - се осеќам како антиромантичарите што реагираат на романтични потези, искрено. И не верувам дека скоро ќе ми помине. *Ова пошто отвориле посебна СДК само за без цитирање. Ајде патем аирлија нека е и таа.
А тек да видиш колку касни префрлањето на пари. Воопшто не се организирани и мотивирани ефикасно да работат,како и тие на вработените да им даваат плата со такво задоцнување како што даваат стипендија.
Статистички, што се пребарува во овој географски регион. И мене ми нуди албански песни.. и на сите во МК, АЛ, КО, СР
Како ми поминаа првите два денови од одморот? ПМС Благо Aliexpress.com Спиење Awesomebooks.com Благо Легарчење по цел ден в пижами Чистење Благо Спиење Убедување на себеси да излезам од дома И по толку себеубедување се убедив уште малку да полежам
Сакам да кажам дека ми се плачи. Бев ... Океј ... Долго време и сега наеднаш ме фаќа паника после солиден ден. И после зошто се плашам да имам убај деној. Ете, зато.
Предлог нареден за тема: Општи прашња без одговарање, па Љубовни проблеми без решавање...итн. За некој да не се осети навреден од одговорот. Зашто овде мора да внимаваш ко со 3годишно дете да зборуваш, а не ко на форум мислење да изнесуваш. И после државата не чинела. Не бе, ние ни за форум не сме, не за држава... А дојдов само да кажам колку животот се менува и колку за една година може се да биде поинаку. И се тоа зависи од нас. Ама ми се сј*ба поентата...
На една поранешна работа, се пожалив оти кога доаѓав втора смена на работа, првата си одеше, а меѓусмената ништо не чистеше, нит па на каса работеше, и морав се сама оти бев сама на смена. И секако газдарицата слеш менаџерката се сложи со мене, и дојде до револуционо решение меѓусмената да не чисти ништо, само на каса да работи, или да си иде порано дома. Со што пак се сама ја работев. После два дена си дадов отказ. Е исто вака и со новата Сдк без цитирање . П. С. Ај сеа да цитираме за инат и у новата тема па да отворат Сдк без цитирање, и со банирање i tako u nedogled, i tako u nedogled...
Дел од младите биле неписмени до тој степен што не знаат како се пишуваат некои букви (Ч, Џ, Ш)... Пак да се залагате за правото на слободно пишување без правопис по интернет, па нели социјална мрежа/форум е, битно е напишаното, да не цепидлачиме (insert мимот од Сунѓерот Боб). А бе писмена личност си е писмена секаде без никаков напор. Правилното пишување треба да се форсира секаде, а поправањето да се сфаќа зрело, а не како навреда.
Дури си во врска имаш мал милион удварачи кои ти дишат во врат и ти пишуваат 24/7. Раскинуваш, сингл си, нема никој ни за жива глава. Ој ти животе, свадба без пирошка